РФМ: Вардар 1961 парично казнет, суспензија за Стоилов


Актуелниот шампион Вардар 1961 е парично казнет поради слаба организација на саботното прволигашко дерби против Еурофарм Пелистер, а капитенот на „црвено – црните“ Стојанче Стоилов е суспендиран поради неспортско однесување на теренот, одлучи денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Поради пропусти во организација на натпреварот, кој Еурофарм Пелистер го реши во своја корист, Вардар 1961 е санкциониран со парична казна во износ од 60.000 денари.

Во финишот на натпреварот капитенот на Вардар, Стоилов, поради неспортско однесување беше исклучен и е казнет со забрана за настап од еден натпревар,

– Стојанче Стоилов, ракометар на РК Вардар 1961 лиценца бр. 21, му се изрекува дисциплинска санкција, забрана на настап од еден натпревар согласно член 114 од ДП на РФМ, објави РФМ.