Гори магацин со играчки во Штипско


Голем пожар избувна во магацин со играчки во Штип, а пожарникарите го гасат и се трудат да не дозволат да биде зафатен уште некој објект.

Пожарот почнал во 12.35 часот, а на местото дошле 15 пожарникари со четири протипожарни коли. Побараное  помош од колегите од Свети Николе и Кочани.

– Кога ја добивме дојавата за запалено ѓубре, тргнавме и кога се наближивме видовме дека не е ѓубре туку е огромен магацин.  Се надевам дека за брзо време пожарот ќе биде изгасен. Магационт е со пластики, со играчки. Првичните причини се дека од надворешно влијание, дошло запалено ѓубре, а ветрот кој дува со голема брзина го донел и го внесол во внатрешните простории – рече Коцев, од противпожарната Штип. 

Тој вели дека поради ветрот кој дува со голема брзина гасењето оди потешко. Зафатен е еден објект, а објектот до него се лади, така што се надеваат дека тој нема да биде зафатен од пожарот.