Лекарка по телефон лекувала штитеник во Заводот во Демир Капија


Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. Обвинетата, како што соопшти Јавното обвинителство, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница. Таму во […]

Битиќи: Податоците од пописот се појдовна точка за креирање нова визија за развој на нашата земја


Податоците од пописот доаѓаат во правиот момент и се појдовна точка за креирање нова визија и нов правец за движење и развој на нашата земја, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Јас ги гледам податоците и резултатите на пописот како бројки во коишто треба сите заеднички да работиме. Да работиме за сите наши […]

Од „Браќа Манаки“ до „Синедејс“- Агенција за филм поддржа 23 фестивали


На конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер, од вкупно 35 апликации, беа избрани 23 фестивали, односно манифестации кои ќе бидат поддржани од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.  Поддршка од Агенција за филм добија фестивалите: ИФФК Браќа […]

Помалку 0,5 отсто основци и 1,1 отсто средношколци оваа учебна година во однос на претходната


На почетокот на учебната 2021/2022 година во редовните основни училишта имало 186.649 ученици,  што е 0,5  отсто помалку во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика. Во редовните средни училишта, пак, на почетокот на учебната 2021/2022 година бројот на учениците е 71.018 или помалку за 1,1 отсто во споредба со претходната учебна […]

Бруто надворешниот долг на крајот на 2021 изнесуваше 9,5 милијарди евра, за еден квартал се намалил 323 милиони евра


На крајот на четвртиот квартал од 2021 година бруто надворешниот долг изнесуваше 9.547 милиони евра (или 81,4 отсто од проценетиот БДП) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра (или за 3,3 отсто), соопшти Народната банка. Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.909 милиони евра (или 50,4 отстоод проценетиот БДП) и остварија квартално намалување од 622 милиона […]

Крводарувањето е највисок чин на алтруизам, вели министерот Сали


Дарувањето крв е највисок чин на алтруизам и тоа е чест само на здравите луѓе. Го организираме крводарувањето во пресрет на 7 Април – Светски ден на здравјето и пред почетокот на Светиот месец – Рамазан. Посакувам сите да имаме здравје и да имаме можност за крводарување, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, кој […]

Јовески: ЈО има потреба од млади и одговорни кадри


Во рамки на одбележувањето на 31 Март – Денот на македонското правосудство, јавниот обвинител Љубомир Јовески утрово оствари средба со учениците од Средното економско-правно училиште „Арсени Јовков“ од Скопје, кои оваа учебна година посетуваат практична обука во Јавното обвинителство. Како што информира Јавното обвинителство, во разговорот Јовески им појасни на учениците дека овој датум се […]

Турција може да стане нов енергетски центар


Аналитичарите од германската фондација „Конрад Аденауер“ предвидуваат дека конфликтот меѓу Украина и Русија ќе ги зближи Турција и Германија и дека Турција ќе стане клучна енергетска земја. Фондацијата „Конрад-Аденауер“, позната по својата блискост со германската Христијанско-демократска унија, подготви извештај во кој заклучува дека Турција може да игра многу важна улога во снабдувањето со нафта и […]

Серафимовски: Мерките за поддршка на градежните компании значат поддршка на домашната економија


Здружението на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора предлага итна и неодложна средба со владини претставници на највисоко ниво со цел да ги презентираат нивните последни предлози за надминување на проблеми во градежништвото за кои веруваат дека се соодветни во овој момент да помогнат за опстанок на голем број компании. Од […]

„Аквизиции – донации 2017-2021“ – изложба во МСУ на дела од основоположниците на модерната


На 2 април (сабота), во 12 часот на пладне, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Аквизиции – донации 2017-2021“. Наедно ќе може да се ужива и во првото пролетно матине со единствениот поглед кон градот. Куратор на изложбата е кустос Ива Димовски и кустос соработник Бојана Јанева. На поставката ќе бидат изложени дела, кои музејот ги има […]

Пари: Сите факти за платите во јавниот сектор: Сè повеќе пари од буџетот, сè поголемо незадоволство кај вработените


Мартовската плата која веќе почнува да се исплатува од утре, не може да биде под новиот законски минимален износ од 18.000 денари. Согласно сложеноста на трудот, би требало да се формираат и цените на трудот за различни работни позиции. Но, иако од страна на Владата постојано се повторува дека во јавниот сектор тоа ќе биде […]

Ќе треба уште 100 милиони за ЕСМ, ќе се задолжуваме и кај ЕБОР


Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека на компанијата до крајот на годината ќе и бидат потребни уште 100 милиони евра за да ја покрие разликата помеѓу производствената и продажната цена за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. – Од минатата година од ноември па до сега се […]

Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза“


Министерството за култура информира дека е распишан конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ за 2022 година, кој ќе трае од 1 до 30 април. Со државната награда „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на […]

Одржано Годишното собрание на акционери на Комерцијална банка, дивидендата 620 денари за една акција


Комерцијална банка АД Скопје на 30.03.2022 година го одржа своето редовно Годишно собрание, на кое акционерите кои поседуваат 54 отсто од акциите со право на глас учествуваа и гласаа преку писмена кореспонденција, a со цел почитување на мерките за спречување на ширење на COVID-19. Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2021 година со бруто-добивка во […]

Во администрацијата работат 74 отсто Македонци, а 20 отсто Албанци


Јавниот сектор во Македонија има 132 илјади вработени, од кои 73,58 отсто се Македонци, а 20,35 отсто се Албанци, според Извештајот за вработените во јавниот сектор 2021, презентиран денеска од министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити. Останатите вработени се Турци (1,95%), Роми (1,19%), Срби (1,07%), Бошњаци (0,49%) и Власи (0,43%). Споредено со […]

Комисијата на епидемиолози во Грција предлага до први мај да нема олабавување на мерките


Грција– Поради зголемениот број новозаразени во Грција, Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство предложила да нема никакво олабавување на мерките до први мај, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Ова би значело дека Велигден ќе биде со постоечките мерки, односно задолжителна маска во затворените делови, задолжителен сертификат за речиси сите простори, […]

Обработливата површина намалена за 0,1 отсто


Вкупно 516.733 хектари обработлива површина се регистрирани лани или за 0,1 отсто помалку во споредба со 2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, кај обработливата површина зголемување во 2021 година е забележано кај ораниците и бавчите за 0,2 отсто, а намалување е забележано кај сите други категории. Во истиот период, регистрирано е зголемување […]

Откриена досега најоддалечената ѕвезда


Вселенскиот телескоп Хабл ја откри светлината на ѕвезда што постоела во првите милијарда години по Големата експлозија, што е нов рекорд, објавија астрономите. Новооткриената ѕвезда, наречена Еарендел, толку е далеку, што на нејзината светлина ѝ требаа 12,9 милијарди години за да стигне до Земјата од времето кога Вселената беше седум проценти од нејзината сегашна старост. […]

Маж украл патнички авион во Италија, го пресретнал француски ловец


Франција – Француски ловец „Мираж 2000“ пресретнал патнички авион украден во Италија околу 10:40 часот во средата наутро. Како што јавува Европа 1, пилотот на украдениот авион тврди дека е од словачка националност и дека за време на летот прелетал над Ница и Тулон. Поради инцидентот, привремено е затворен авиосообраќајот во тој дел на францускиот Медитеран. […]

Формула 1 ќе се вози и во Лас Вегас


Формула 1 официјално го одобри одржувањето на Големата награда на Лас Вегас од сезоната 2023 година. Според официјалната веб-страница на тркачката серија, трката ќе биде ноќна и ќе се одржи во ноември следната година. Трката ќе се одвива во центарот на градот, патеката ќе минува покрај познатите хотели и казина. Во исто време, Големата награда […]