И Македонија ќе биде вклучена во договорот за течен гас меѓу САД и ЕУ


Македонија, како и другите земји на Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (ЛНГ) и хидроген што вчера го договорија ЕУ и САД. Ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели меѓу другото во заклучоците на Европскиот совет. […]

Мора да се урнат родовите стереотипи во спортот, вели Грковска


  Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска одржа воведно обраќање на Интернационалниот биатлон форум на тема „Родова еднаквост во спортот – можности и предизвици“, каде нагласи дека тоа е една од важните промени што треба да ги направи општеството.  Грковска нагласи дека на уривањето на родовите стереотипи во спортот, но и […]

Скопје и Софија се приближија, но уште се далеку за договор


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека има одредено приближување на ставовите со Бугарија, но, како што нагласува, не до позиција да се каже дека е најден заеднички јазик за надминување на разликите. Битно е посочува тој, да се најде решение од кое подеднакво ќе бидат и задоволни и незадоволни двете страни за […]

Утре почнува летното сметање на времето


  Вечерва со поместување на сказалките на часовникот за еден час понапред почнува летното сметање на времето. Во два часот по полноќ на 27 март треба да се поместат сказалките на три часот. Европската комисија пред неколку години испрати предлог до Советот на Унијата за да се укине поместувањето на сказалките на часовникот со што […]

Стигна првиот редовен лет од линијата Софија – Скопје


  Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски утрово ги пречека патниците кои пристигнаа со првиот комерцијален лет на релација Софија – Скопје, со што започна да се реализира редовната авиолинија меѓу двата главни града што произлезе од договорот меѓу мешовитите владини комисии на двете земји. „Ме радува што во многу брзо време најдовме согласност […]

Италија не знае што да прави по катастрофата со Македонија


  Со удар со десната нога, Александар Трајковски ја врати Италија назад во времето: во ноември 2017 година, нивниот најнизок момент, кошмар од кој една нација помина четири и пол години обидувајќи се да избега. Тогаш, првиот човек на Италијанската фудбалска федерација, Карло Тавекио, го опиша пропуштањето на Светското првенство како „апокалипса“. Кој збор би […]

На 50 години почина Тејлор Хокинс, тапанарот на „Фу фајтерс“


  Тејлор Хокинс, долгогодишниот тапанар на рок групата „Фу фајтерс“, почина на 50-годишна возраст, објави бендот. „Семејството ‘Фу фајтерс’ е уништено од трагичната и прерана загуба на нашиот сакан Тејлор Хокинс“, напиша на Твитер официјалната страница на бендот. „Неговиот музички дух и заразна смеа ќе живеат со сите нас засекогаш. „Нашето срце е со неговата […]

Американски легионери на првата линија на фронтот во Украина


  Американски доброволци се видени на видео снимките од првите линии во Украина, што сугерира дека меѓународната легија што се бори заедно со украинската армија игра сè поактивна улога. Два видео клипови со американски борци се појавија на Твитер во четвртокот: едното покажува Американец во борбена опрема како позира пред изгорените остатоци од, како што […]

Дмитриј Медведев: „Никој не ја сака, но нуклеарна војна е можна“


  Поранешниот руски претседател и заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави во петокот дека западните санкции ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство од владата, пренесува Ројтерс. „Глупаво е да се верува дека западните санкции против руските компании може да имаат каков било ефект врз владата во […]

Грција ќе ги укине сите рестриктивни мерки до почетокот на летото


  АТИНА – Како што се приближува летото така Грција постепено ќе ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции. Министерот за здравство, Танос Плеврис, во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките. Сепак, Плеврис, […]

Карванот за вакцинација денеска пред „Ист гејт мол“ во Скопје


  Карванот за промоција на вакцинацијата против Ковид-19 денеска продолжува во Скопје пред „Ист гејт мол“ од 11 до 15 часот. Организираниот карван до завршувањето треба да помине уште низ осум локални заедници низ државата. Него го организира Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ. Главниот координативен кризен штаб за […]

Финансиските регулатори потпишаа меморандум за соработка во финтек-областа


  На иницијатива на Народната банка, а заради создавање услови за поддршка на развојот на финтек-секторот, финансиските регулатори ‒ Народната банка (НБ), Министерството за финансии (МФ), Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), склучија Меморандум за соработка. Со Меморандумот се […]

Талибанците им забранија на девојчињата да учат, Американците ги прекинаа преговорите


САД ги откажаа разговорите со талибанците во Доха по забраната за средно и високо образование за девојчињата, пренесе АНСА, повикувајќи се на соопштение на американскиот Стејт департмент. Шест земји побараа од талибанците да ја „преиспитаат“ својата одлука за затворање на колеџите и универзитетите за девојките. Франција, Италија, Норвешка, САД, Канада и Британија, како и високиот […]

Мицкоски тврди дека не се видел со Груевски пет години, а седеше до него на конгресот во декември 2017


Непрецизно математички и политички промашено. Изгледа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се скарал со неговата омилена научна дисциплина – математиката, обидувајќи се да се дистанцира од неговиот претходник Никола Груевски. Вечерва, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 тој тврдеше дека „не сум имал никаков контакт пет години, ни директен ниту индиректен“ со Груевски. […]

Војници од гардата на Путин одбиваат да се борат во Украина


  Војници на руската Национална гарда одбија да се борат во Украина, поради што Москва ги отпушти на лице место. Дванаесетте војници одбија да ги извршат наредбите на Владимир Путин да патуваат во Украина на почетокот на инвазијата, откако тврдеа дека нивните воени договори се однесуваат само на руска територија. Според адвокатот за човекови права […]

Институциите до 25 април мора да ги ажурираат податоците за сите електронски услуги што ги даваат на граѓаните, соопшти Грковска


  „Владата ги задолжи државните институции до 25 април оваа година да ги ажурираат податоците и информациите на националниот портал Е-услуги за услугите што им ги даваат на граѓаните по електронски пат“, информираше заменик-претседателката на Владата задолжена за добро владеење, Славица Грковска, во вечерашното гостување на Дневникот на МТВ. „Националниот портал за е-услуги е електронска […]

„Спотифај“ се повлекува од Русија


Популарниот стриминг сервис „Спотифај“ се повлекува од Русија поради новите руски закони кои предвидуваат затворски казни за емитување информации за војната во Украина, кои отстапуваат од официјалните најави на руското Министерство за одбрана. „Новите правила дополнително го ограничуваат пристапот до информации, ја елиминираат слободата на изразување и криминализираат одредени видови вести, што е ризик не […]

Шведска од 1 април ги укинува сите антиковид мерки


Шведската Влада денеска објави дека од 1 април ќе се укине забраната за влез во државата за граѓаните на земји кои не се членки на Европска Унија. Тоа значи дека ќе се укине задолжителните вакцинален сертификат или потврда за примена вакцина против Ковид-19. – Ја укинавме забраната за земјите-членки на ЕУ, а сега Владата одлучи […]

Гори во близина на хотелот „Белви“ во Скопје


Гори голема површина со трска во близина на хотелот Белви. Се работи за пожар кој зафатил речиси 20 хектари површина. Трската е околу каналот помеѓу Арачиново и Белви.  Екипите на противпожарната бригада се веќе на терен.  Нема информација за повредени лица.

Русија загуби 20 баталјони, тврдат западните разузнавачи


  Украина онеспособи 20 руски баталјони, изјавија денеска западни официјални лица, додека началникот на армијата на Кремљ навести дека Москва може да го намали својот сеопфатен напад врз својот сосед и наместо тоа да се фокусира на „ослободување“ на источниот регион Донбас. Руското Министерство за одбрана, исто така, ги ажурираше своите загуби во Украина на […]