Ана Петановска и Рената Кралевска – придружни вокали на Андреа во Торино


Во пресрет на 66-тото издание на Евровизија, македонската претставничка Андреа ги засилува подготовките за Торино. На сценските движења работи со Билјана Пашариковска. „Ова е многу личен проект и одлучивме луѓето кои ме познаваат најдобро да бидат дел од него. Билјана е човек кој не само што ми помага да ја почувствувам сцената како мој дом, […]

Царината со појаснување за користењето приоритетни ленти во рамки на Отворен Балкан


Царинската управа во објава на Фејсбук го појаснува начинот на користење на приоритетните ленти во рамки на иницијативата Отворен Балкан.   Поставената табла за користење на приоритетна лента во рамки на Отворен Балкан е наменета за: иматели на одобренија за Овластен Економски Оператор (ОЕО) од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија, економски оператори […]

Илјадници навивачи ги поздравија фудбалските херои на плоштадот „Македонија“


Неколку илјади навивачи се собраа вечерва на централниот скопски плоштад „Македонија“ за да и ја честитаат на македонската фудбалска репрезентација големата победа над европскиот првак Италија и пласманот во финалето од мундијалскиот бараж.   На насобраните симпатизери им се обрати капитенот Стефан Ристовски, најавувајќи беспоштедна борба и во вторник против Португалија, против последниот противник на патот до […]

Москва: Отфрлањето на нашата резолуција во ОН е цинизам


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова го оцени како цинизам на Западот неусвојувањето на руската резолуција за хуманитарната ситуација во Украина во Советот за безбедност на Обединетите нации.   – Советот за безбедност на ОН на 23 март гласаше за нацрт-руската резолуција за хуманитарната ситуација во Украина, каде мнозинство од членките на […]

Анализа на BBC: Русија знае дека пропадна нејзината првична стратегија


Русија денеска објави дека „првата фаза од специјалната воена операција“ во најголем дел е завршена и оти сега ќе се концентрира на „ослободување на Донбас“. Во анализата на Би-Би-Си се наведува дека тоа најверојатно значи дека руските сили ќе се концентрираат на придвижување на таканаречените „линии на контакт“, што ги делат териториите под контрола на […]

Антикорупциска: Кој им платил пат во Палермо на Тупанчевски, Фетаи и Нанев?


  Кој им обезбеди места на министерот за правда, Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи и претседателот на основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев во ложата на вчерашниот меч Италија – Македонија? По голот на Александар Трајковски во 92-та минута, во кадар се појави „правната торјка“, која не одговори на нашите повици, ниту на СМС пораките – кој […]

Дизелот поскап за два денара


Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 86 денари за […]

Ковачевски: Брисел следи како Русите го поткопуваат угледот на НАТО и ЕУ на Балканот


Премиерот Димитар Ковачевски во изјава за „Нова“ вели дека во Брисел им предочил на структурите на НАТО дека Русија на Балканот агресивно се обидува да го поткопа угледот и довербата во НАТО и во Европската унија. -На состанокот на Северно-атлантскиот совет посочив дека внимателно се идентификувани и се следат агресивните активности на Русија и во регионот на Западен Балкан, […]

САД значајно ќе ги зголемат испораките на течен природен гас во Европа 


САД – САД годинава во ЕУ ќе постават околу 15 милијарди кубни метри течен природен гас за ЕУ да може постепено да се откаже од снабдувачката со руски гас, јавија некои американските медиуми.  Поради инвазијата на Русија во Украина, ЕУ годинава има за цел да ја намали зависноста од руски гас за две третини, а целосно да […]

Шуц: Македонија мора да реши каде ќе попушти околу спорот со Бугарија


Македонија мора да реши која и е црвената линија за постигнување компромис со Бугарија, во кој дел ќе попушти, а што ќе побара за возврат, со оглед дека земјата со која преговара за да и се отвори европскиот пат е членка на Европската унија. Ова е пораката која денеска во земјава ја пренесоа двете претставнички […]

(Фото) Македонските фудбалери се вратија во Скопје, вечерва ќе се слави


Македонската фудбалска репрезентација попладнево пристигна на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо, каде вчеравечер на стадионот „Ренцо Барбера“ оствари сензационална победа над европскиот првак Италија и дојде на само чекор до историски пласман на Светско првенство. Фудбалерите и членовите на стручниот штаб од аеродромот во Скопје ќе се упатат на големо славје кое е најавено за вечерва […]

Кризниот штаб го усвои предлогот да се укинат маските во основните училишта


Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 (ГККШ) на денешната седница одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата да ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта ќе можат да посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна […]

Путин вели дека Западот се обидува да ја укине руската култура вклучувајќи го и Чајковски


Русија- Претседателот Владимир Путин во петокот го обвини Западот дека се обидува да ја укине руската култура, вклучително и делата на големите композитори како Пјотр Чајковски, Дмитриј Шостакович и Сергеј Рахмањинов. На телевизиски состанок со водечките културни личности, Путин го спореди откажувањето на голем број руски културни настани во последните недели со акциите на нацистичка […]

„Тифани“ нема да купува нови дијаманти ископани од Русија


САД– Тифани и Ко. во петокот објавија дека престанале да купуваат нови дијаманти ископани од Русија, се вели во соопштението доставено до Блумберг. Изданието вели дека забраната не влијае на руските дијаманти кои веќе се во продавницата, како и на дијамантите кои веќе го започнале тримесечното патување од Русија до добавувачите на Тифани кои ги […]

САД распишаа потерница од 10 милиони долари за руски хакер 


Американскиот Стејт департмент преку програмата Награда за правда денеска распиша потерница за рускиот хакер Евгениј Викторович Гладких со награда во висина од 10 милиони долари за информација што ќе води кон негово апсење.  Ова е првпат да се нуди награда за информација за само еден кибер играч, а во рамки на понудите за награда од […]

Бесими: Финансиската едукација е клучот за успешна економија


Финансиската едукација е клучот за успешна економија, бидејќи колку финансиски пописмени се граѓаните, толку подобри финансиски одлуки ќе носат и со тоа придонесуваме за подобри економски резултати во целост, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими на „Фејсбук“ по предавањата пред студенти од „Американ колеџ“ и Државниот универзитет во Тетово.   Предавањата се дел од одбележувањето […]

МФ: Во подготoвка се правни решенија за промена на надоместот за приватизација на државно градежно земјиште


Во тек е подготовка на правни решенија со кои ќе се променат надоместоците за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, кое се спроведува од страна на Управата за имотно правни работи (УИПР), соопшти Министерството за финансии (МФ). Станува збор за приватизација на државно земјиште само во услови каде е стекнато корисничко право. Со ревидирањето […]

Се апсело низ цела држава, запленети дрога и муниција, приведени над 20 улични дилери


Во текот на денешната полициска акција на територијата на цела држава приведени се над 20 лица, против кои по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи денеска во соработка со единиците за недозволена трговија со дрога и оружје на […]

Обид за кражба на бакарна цевка од централата за течен гас во штипската болница


Крадци се обиделе да украде бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното во кое се лекуваат ковид болните. Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на […]

Од утре редовна авиолинија Софија-Скопје


Редовната авиолинија Софија-Скопје-Софија стартува утре. Првиот лет ќе се реализира во 05.30 часот кога на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигне авионот на компанијата „Гуливер“. Авионското поврзување меѓу главните градови на Северна Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се […]