Утре почнува летното сметање на времето
Вечерва со поместување на сказалките на часовникот за еден час понапред почнува летното сметање на времето. Во два часот по полноќ на 27 март треба да се поместат сказалките на три часот. Европската комисија пред неколку години испрати предлог до Советот на Унијата за да се укине поместувањето на сказалките на часовникот со што ќе остане во сила зимското сметање на времето.
Со оглед на тоа што земјите-членки на ЕУ не се договорија за предложеното укинување на часовникот, овој режим останува на сила.
Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите-членки.
САД неодамна усвоија закон со кој летното сметање на времето важи цела година.