Од Украина во Бугарија досега влегле 20.000 бегалци 


Бугарија– Од почетокот на руско-украинската војна во Бугарија пристигнаа 20.000 бегалци од Украина, денеска  соопшти бугарската гранична полиција. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во последните два дена има зголемување за 3.000 бегалци од Украина во Бугарија. Волонтери од Русе му помагаат на бугарскиот Црвен крст да ги пречека бегалците на мостот Дунав. […]

Во јануари намален бројот на работниците во индустријата


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 97,6. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи опаѓање од 2,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија […]

Поради санација од понеделник се затвора мостот кај Проевце на патот Куманово – Свети Николе


Поради санација мостот над река Кумановка кај Проевце на регионалниот пат Куманово-Свети Николе од понеделник, па во наредните шест месеци, ќе биде затворен за сообраќај, најавија денеска од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и од Општина Куманово. Товарните возила нема да можат да сообраќаат низ Куманово. – Согласно одобрението за пренасочување на сообраќај со […]

Во Дебар се продавала акцизна стока без дозвола и прехранбени производи со изминат рок


Дебар, 4 март 2022 (МИА) – Надлежни служби при контрола на трговски објекти во Дебар откриле продажба на акцизна стока без соодветна дозвола, но и со изминат рок за употреба. -Во текот на вчерашниот ден во Дебар, полициски службеници, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и царински службеници, извршија контрола во трговски објекти, со цел пронаоѓање […]

Воспитувачка во градинка во Скопје обвинета за насилство врз дете


По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик. – На 01.09.2021 година, обвинетата 48-годишна воспитувачка во градинка во Автокоманда извршила физичко насилство спрема дете оставено на грижа и чување во објектот. Додека […]

Памела Андерсон не е жртва, туку преживеанa, тврди новиот документарец на Нетфликс


САД– Во средата, Нетфликс го објави претстојниот документарен филм за „професионалниот пат и нејзиното лично патување“ на Памела Андерсон, директно од нејзина перспектива. Актерката од Baywatch – која неодамна беше актуелна со биографската серија на Hulu Пем и Томи – работи на филмот „неколку години“, според Нетфликс. „Мојот живот: Илјада несовршености, милион погрешни перцепции“, напиша […]

Индустријата „во лер“ – производството во јануари со раст само од 0,7 отсто во однос на лани


 Индустриското производство во јануари  годинава во однос на јануари лани е со раст од 0,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство бележи пораст од 36,6 отсто во Рударство и вадење на камен, а од 14,3 отсто во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација,  додека во секторот Преработувачка […]

Во четвртиот квартал лани стапката на невработеност 15,2 отсто


Во четвртото тримесечие од 2021 година вкупниот број на активно население во земјава изнесува 937.482 лица, од кои 795.276 се вработени, а 142.206 се невработени лица. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период е 55,7 отсто, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност изнесува 15,2 отсто.

Амбасадата на Србија евакуирана од Украина


Србија – Србија привремено ја затвори својата амбасада во Киев и својата активност ќе продолжи да ја обавува од Белград, јави дописникот на МИА од Белград. – Амбасадата на Република Србија во Украина денеска е привремено затворена поради заштита на безбедноста на нашиот персонал, а персоналот на тоа дипломатско-конзуларно претставништво ќе продолжи да работи од Белград […]

И јапонски „Панасоник“ ги сопре сите трансакции со Русија


Јапонски „Панасоник“, следејќи ги санкциите на САД и на Европа,  ги сопре сите трансакции со Русија. Јапонскиот електронски конгломерат, исто така, одлучи да донира 173 милиони долари на полскиот Црвен крст за помош на украинските бегалци на границата и на Peace Winds Japan, невладина организација која и помага на Украина.

Што е руски олигарх?


Американското Министерство за правда создаде работна група која ќе ги следи имотите на руските олигарси, при што администрацијата на Бајден вети дека ќе ги заплени нивните јахти, луксузни апартмани и приватни авиони. Но, што се олигарсите? И како нивното богатство е поврзано со руската инвазија на Украина?   Што е руски олигарх?   Олигарсите – […]

Русија до странските компании: Ќе ве банкротираме ако не оставите!


Русија  ги предупреди странските бизниси кои се повлекуваат од земјата дека ќе го разгледа секој чекор за затворање на операциите и отпуштање на работниците како однапред смислен банкрот, што практично ќе го отвори патот за нивна експропријација. Првиот вицепремиер Андреј Белоусов, главен економски советник на претседателот Владимир Путин, рече дека странските бизниси се добредојдени да […]

Голем број Руси бегаат во Финска поради војната со Украина


Возовите за Финска се преполни Руси кои се плашат дека сега им е последна шанса да го избегнат влијанеито на жестоките санкции од Западот. Тоа е една од ретките преостанати рути од Русија кон ЕУ. По две години од пандемијата утринскиот воз од Санкт Петерсбург бил полн со руски патници кои стигнале на станицата во […]

Во војната во Украина досега загинаа 28 деца


 За осум дена, колку што трае руската инвазија врз Украина, загинаа 28 деца, а 64 се ранети во руските напади. Информацијата ја соопшти Дарија Херасимчук, советничка на украинскиот претседател за правата на децата и рехабилитација, јави Укринформ. – Уништени се породилишта, градинки, училишта. Околу еден и пол милион деца, останаа во области погодени од гранатирање […]

Пријателот на Путин, Жерар Депардје, жали за „братоубиствената војна“


Франција– Францускиот актер и близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин, Жерар Депардје, во интервју изјави дека се противи на „братоубиствената војна“ меѓу Русија и Украина, објаснувајќи дека двете „отсекогаш биле братски земји“. Во телефонско интервју за АФП, Депардје рече: „Јас сум против оваа братоубиствена војна. Велам „запрете го оружјето и преговарајте“, според Франс 24. […]

Зеленски преживеал три обиди за атентат за неколку дена


Украинскиот медиум „Индепендент“ објави дека две различни групи беа испратени да го убијат претседателот Володомир Зеленски, но и двете биле спречени од антивоени елементи во руската Федерална служба за безбедност. Извор близок до платеничката група „Вагнер“ изјавил за медиумот дека е „морничаво“ колку добро  е информиран безбедносниот тим на Зеленски.

Сојузот на стопански комори ќе добие тројца нови потпретседатели


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски утврди предлог до Управниот Одбор за избор на нови потпретседатели на Сојузот, Горан Ѓорѓиевски претседател на Агро-бизнис комора, Орце Симов, претседател на ИКТ Комора и Тања Дејаноска претседател на Комора за приватно здравство. Измените во раководните структури се дел од поширок процес на реформски активности […]

Како Путин сака Русите да ја гледаат војната во Украина


Прошетајте низ Москва овие денови и ќе видите џиновски, раскошни светлосни прикази – цели галерии и вештачки фасади на згради составени од светилки. Ќе видите блескави низи од луксузни стоки, гласници кои вртат со кубни ранци и ресторани кои се полнат до доцна во денот и остануваат полни во текот на ноќта. Некои од тие […]

Антикорупциска отвори предмет за Бесмира Ејупи


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од денеска отвора предмет по допрен глас и ќе ги проверува податоците од институциите во врска со објавени информации дека на телевизиската презентерката Бесмира Ејупи ѝ биле извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници, објави МИА. Според она што беше објавено во дел од медиумите, кон Ејупи […]