Голем број Руси бегаат во Финска поради војната со Украина
Возовите за Финска се преполни Руси кои се плашат дека сега им е последна шанса да го избегнат влијанеито на жестоките санкции од Западот. Тоа е една од ретките преостанати рути од Русија кон ЕУ.
По две години од пандемијата утринскиот воз од Санкт Петерсбург бил полн со руски патници кои стигнале на станицата во Хелсинки во четвртокот.
„Одлучивме да се вратиме со семејството колку што е можно порано, затоа што нејасно е каква ќе биде ситуацијата за една недела“, вели московјанката Полина Полиакова.
„Сега е тешко да се патува затоа што сѐ се откажува“, додава Беата Јуктанова, пријателка со која студира во Париз.
Брзиот воз „Алегро“, кој ги поврзува Санкт Петерсбург со главвниот град на Финска, Хелсинки е единствената отворена железничка рута меѓу Русија и ЕУ.
Затоа е еден од ретките преостанати излези од земјата од моментот на затворање на воздушниот простор како одговор на руската инвазија на Украина пред една недела.
„Возовите кои доаѓаат од Санкт Петерсбург за Хелсинки резервирани се за неколку дена однапред“, вели Топи Симола, виш потпретседател на финскиот железнички оператор „ВР“.
Тој вели дека бројот на патници пораснал во саботата, два дена по нападот на Москва врз Украина.
„Од багажот кој го носат може да видиме дека лушето се селат на друго место, во суштина се селат засекогаш“.
Возот „Алегро“ за Хелсинки меѓутоа отворен е замо за некои одбрани.
Русија бара патниците да мора да се државјани на Русија или Финска, потребна е виза, а патниците мора да докажат дека се вакцинирани против корона вирус со вакцини кои ги признава ЕУ.
Повеќето патници се Руси кои живеат или ранотат во Европа, како 14-годишната Марија и нејзината мајка Светлана, кои во последен момент тргнале со возот за Финска откако во неделата им бил откажан летот за Австрија, кадешто живеат.
„Сите си мислеа: Што да правам сега“, вели марија.
„Прво мислевме дека треба да патуваме преку турција, но тоа е многу поскапо отколку преку Финска, па сега сме среќни“, додава.
ВР, која управува со услугите во партнерство со руските железници, сака услугата да се отвори за сопствениците на пасоши од Еу и да се зголеми капацитетот.
„Знаеме дека десетици илјади грашани на ЕУ уште се во Русија и претпоставуваме дека многу од нив сакаат да се вратат дома“, вели Симола.
Од почетокот на инвазијата голем број Руси наводно сакаат да ја напуштат земјата, загрижени дека границите наскоро ќе се затворат и поради влијанието на западните санкции.
„Многумина се во паника3, вели Дариа, која се врати во хелсинки пред една недела или два дена пред планираното, за да ги продолжи студиите.
„познавам некои луѓе кои во овој момент се прилично очајни да си заминат во странство“, вели Елена, која не сака да го каже целото име.
Елена била во посета на своите роднини во москва која Русија реши да ја нападне Украина минатиот четврток, и го променила летот за Финска истиот ден, со што е една од последните која леташе со авион надвор од Русија, пред да бидат замрзнати летовите од страна на ЕУ.
Многумина „не се чувствуваат сигурно, знаат дека економската ситуација од сега ќе биде многу тешка, а многу луѓе од морална перспектива не можат да поднесат да останат“, вели 37-годишник за АФП.
Додека возовите од Русија се распродадени, повратната линија од хелсинки до Санкт Петерсбург пополнета е само 30 отсто, соопшти Симола.
„Не планирам да се врата, во Русија во скоро време, тоа е сигурно“, вели Елена.
Но, додава дека поркај сите потешкотии кои постојат, “невозможно е да се спореди со ужасите кои во моментот се случуваат во Украина“.