Путин и нареди на владата да му достави целосен список на земји кои воведоа санкции кон Русија


Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да состави и во рок од два дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Ова важи и за компании, организации и поединци, според указот на шефот на државата. „Владата на Руската Федерација во рок од два дена да направи список на странски […]

Си-Ен-Ен: Американски носач на авиони е во северниот дел на Егејското Море заради воздушни операции доколку ескалираат тензиите во регионот


Американскиот носач на авиони Хари С. Труман оваа недела е во северниот дел на Егејското Море делумно за да се осигура дека може да врши воздушни операции од таму доколку ескалираат тензиите во регионот поради руската инвазија на Украина, изјави американски официјален претставник запознаен со тековната задача на пловилото. Функционерот не ја откри точната локација […]

Кои се олигарсите на Путин погодени со санкциите на Бајден?


Новите санкции наметнати од САД за руските олигарси и функционери се своевидно исполнување на заканата што американскиот претседател Џо Бајден им ја упати на руските олигарси во своето обраќање до нацијата во вторникот – дека Америка „доаѓа поради нивното неправедно стекнато богатство“ и дека „повеќе нема да собира милијарди долари преку насилен режим“. „Американското министерство […]

(Фото) Кралот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“


Кралот вечерва објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“. И почна. По две години пауза Струмица повторно ја затресе карневалската треска. Потече реката од маски исполнета со милион различни бои и карневалски креации, а први настапија струмичките мажуретки кои добро ја затоплија многубројната публика на плоштадот „Гоце Делчев“ и низ улиците на градот. Во дефилето […]

Украина бара нова рунда санкции против Русија


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за време на денешното телевизиско обраќање рече дека неговата земја бара посилни санкции против Русија. – Тие вклучуваат, меѓу другото, исклучување на руската банка Сбербанк од SWIFT, затворање на европските пристаништа за руските бродови, затворање на пристапот на Русија до криптовалути и престанок на купување руска нафта, рече […]

Фон дер Лајен: ЕУ мора целосно да се ослободи од зависноста од Русија


Европската унија мора целосно да се ослободи од зависноста од Русија за гас, нафта и јаглен преку диверзификација, енергетска ефикасност и енергетска транзиција. Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Мадрид. – Енергијата останува едно од критичните прашања. ЕУ мора да се ослободи од зависноста од руската нафта, […]

Претседателски избори Франција 2022: поранешниот социјалистички министер Франсоа Ребсамен ќе гласа за Макрон


Поранешниот втор човек на Социјалистичката партија (ПС) на Франција и поранешен министер за труд, Франсоа Ребсамен, соопшти дека ќе гласа за Емануел Макрон на претседателските избори, бидејќи „ниту еден друг“ кандидат не е „покомпетентен“, јави дописникот на МИА. „Тоа е очигледен избор. Ниту еден друг кандидат не изгледа покомпетентен денес“, изјави градоначалникот на Дижон за […]

Израелскиот премиер по средбата со Путин и разговорот со Зеленски, сега е на пат кон Берлин


Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска имаше средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва, соопшти неговиот кабинет, пренесува Си-Ен-Ен. Според израелски владин претставник, тој со Путин разговарал околу три часа. Ненајавената средба се одржа со благослов на американската администрација, се вели во соопштението на кабинетот на израелскиот премиер. Израелскиот претставник рече дека дипломатскиот притисок на […]

Шмит: Нема индиции дека повторно ќе избие војна во БиХ


Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит изјави дека нема индиции дека повторно ќе избие војна во Босна и Херцеговина или Западен Балкан, без оглед на настаните во Украина. – Мојата порака е јасна. Засега немаме назнаки дека има некакви тензии на Западен Балкан и БиХ и дека луѓето треба да се плашат […]

Си-Ен-Ен: Заврши средбата меѓу Путин и Бенет


Средбата на израелскиот премиер Нафтали Бенет со рускиот претседател Владимир Путин во Москва по три часа, заврши, јави Си-Ен-Ен. Според дописничката на Си-Ен-Ен од Ерусалим, канцеларијата на израелскиот премиер соопштила дека средбата се одржува во координација и благослов од САД. Претходно „Аксиос“ јави дека Бенет тајно отпатувал за Москва за да разговара со Путин за […]

„Со вас“: Претставен предизборниот постер на Макрон за претседателската трка


По „Писмото до Французите“, проследено со видео порака, сега тимот на Емануел Макрон го претстави и постерот. На платформата „Avec vous“ (Со вас),платформа посветена на претседателскиот кандидат Емануел Макрон, го објави првиот официјален постер за кампањата оваа сабота, јави дописникот на МИА. Сега кандидатот на движењето-партија Во Марш, официјално вклучен во трката за сопствен реизбор, […]

Од Грозни преку Алеп до Украина – како Русите ги срамнуваат со земја градовите кога има поголем отпор


  Еден од најпознатите ветерани меѓу светските воени известувачи – Џереми Боуен, новинар на Би-Би-Си, е повторно на воено боиште. Сега во Киев, Украина. Во текст за својата редакција, Би-Би-Си тој го опишува начинот на кој руската армија води војна особено кога ќе се соочи со неочекувано силен отпор. Боуен во последните три децении беше […]

Забранет сообраќај за камиони на Стража и Пресека и на патот крак Маврово – Дебар


Поради обилни врнежи од снег од доцна попладнево е воведена забрана за сообраќај на товарни моторни возила на превојот Пресека и на патните правци Гостивар – Стража и Крак Маврово – Дебар. Како што соопшти АМСМ, во исто време, поради врнежите од снег кој се задржува на коловозот се воведува задолжително користење на зимска опрема […]

Иницијатива посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун да се донесат во Битола


Општина Битола ја поддржа иницијативата на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клуб „Студио Милтон Манаки“, да бидат донесени посмртаните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола. Иницијативата беше промовирана на денешното одбележување на 58 – годишнината од смртта на неговиот брат, филмски снимател, Милтон Манаки во Битола. -Разговаравме за иницијативата на Комуната […]

Зум-средба на Зеленски со американските сенатори


Володимир Зеленски, претседателот на Украина, имаше едночасовна видео-средба со американските сенатори, при што повика на поголема поддршка за одбрана на неговата земја од руската инвазија, јави Гардијан. Сите 100 американски сенатори беа поканети на повикот на Зум, а помошниците потоа ги брифираа новинарите дека Зеленски побарал испорака на повеќе авиони и беспилотни летала. Џејмс Ланкфорд, […]

Медиуми: Третата рунда руско-украински преговори може да се одржи на 7 март


Третата рунда преговори меѓу Русија и Украина може да се одржи на 7 март. Ова денеска го објави изданието „Украинска правда“, повикувајќи се на извор близок до украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува ТАСС. – Чекаме потврда од Русите. Нашиот предлог е 7 март, изјавил изворот за медиумот. Претходно денеска, Михаил Подољак, советник на шефот на […]

Касами останува на чело на БЕСА, Хоџа избран за заменик претседател


Билал Касами останува на лидерската позиција на движењето БЕСА, а заменик претседател ќе биде досегашниот генерален секретар Аријанит Хоџа. Ова е епилог на Вториот конгрес на партијата, што се одржа денеска во Скопје, на кој Касами немал противкандиат за челната функција  „За мене е голема чест истовремено и одговорност да бидам на чело на една […]

За Путин западните санкции се како „објава на војна“


  Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша санкциите воведени од западните земји поради неговата инвазија на Украина како „слични на објава на војна“. „Но, фала му на Бога, не дојде до тоа“, додаде тој. Путин, исто така, предупреди дека секој обид да се воведе зона на забранети летови над Украина ќе се смета за учество […]

Зеленски: Украина ги држи клучните градови


Украинските сили ги држат клучните градови во централниот и југоисточниот дел на земјата, додека Русите се обидуваат да ги блокираат и задржат опколените Харков, Николаев, Чернихив и Суми, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. – На окупаторот му нанесуваме загуби, кои тој не можеше да ги види ниту во најлошиот кошмар, рече Зеленски. Тој изјави […]

Тетовчанец без лиценца реемитувал ТВ канали, приведен е во полиција


Полицијата во Тетово соопшти дека денеска е приведен 56 – годишен тетовец поради сомнение дека препродавал и реемитувал ТВ канали без потребна лиценца. Приведувањето следело по претрес во неговиот дом денеска околу 15:50 часот. -При претрес извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, три компјутерски куќишта, пиштол „ТТ” со рамка […]