Приведен разбојник во Чаир, пронајдени пари


Во саботата, во 19,45 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Ш.А.(38) од Скопје, затоа што на Р.Т.(62) од Скопје околу 02 часот истиот ден кај трговски центар на подрачје на Чаир насилно му одзел пари и мобилен телефон. Известен е јавен […]

Најмалку шест лица загинаа во торнадо во централниот дел на Ајова


 Шест лица загинаа во торнадото што вчера го погоди градот Винтерсет, во американската сојмузна држава Ајова, јави дневниот весник „Des Moines Register“, цитирајќи ги локалните власти. Торнадото во попладневните часови го погоди градот што се наоѓа југозападно од Де Мојн, главниот град на Ајова, а како што јавуваат медиумите предизвика голема штета. Поради силното невреме […]

Семејство во Грција убиено поради неплатена кирија


Шеесетгодишен маж призна дека убил брачна двојка и нивните две мали деца во грчкиот град Андравида затоа што доцнеле со плаќање кирија, изјави министерот за цивилна заштита Такис ​​Теодорикакос. Мајка (37), татко (32) и деца на возраст од 3 и 2 години биле пронајдени мртви во средата во нивниот дом во мало гратче на северозападот […]

Украинската војска жестоко ги брани Чернихив и Мариупол


 Генералштабот на украинската армија, утринава, во 6 часот по локално време, го објави својот редовен оперативен извештај за состојбата на теренот, во кој истакна дека нејзините сили водат жестоки битки за одржување на одредени локации и граници. „Во тек е одбранбена операција во источниот дел на оперативната област Доњецк, а напорите се насочени кон одбрана […]

Од снегот, се чистат улиците во Кисела Вода


Улиците во Општина Кисела Вода во Скопје се чистат од наврнатиот снег деноноќно, иако како што велат од таму, март секогаш знае да биде временски променлив, тие се спремни да одговорат на секој предизвик. – Со екипите на зимската служба дежурни сме цела вечер, снежните наноси се чистат низ територијата на Кисела Вода за утрово […]

Зеленски му се заблагодари на Маск за помошта и сателитската поддршка со „Старлинк“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на технолошкиот маг Илон Маск за поддршката на Украина со неговиот сателитски интернет систем „Старлинк“ (Starlink). „Следната недела ќе добиеме уште една серија „Старлинк“ системи за уништените градови“, напиша Зеленски во твитот со кој му се заблагодари на Маск „за поддршката на Украина со зборови и дела“. Украинскиот […]

Јувентус повторно ќе преговара за условите во новиот договор на Дибала поради неговите чести повреди


 Јувентус поради чести повреди реши да го ревидира договорот на напаѓачот Пауло Дибала, објави „Фудбал Италија“. Раководството на клубот смета дека тој треба да биде платен помалку од планираното, бидејќи Дибала почна често да се повредува. Напаѓачот е повреден веќе шести пат сезонава. Претходно беше објавено дека агентот на играчот пристигнал во Торино за да […]

Продолжува трендот на опаѓање на бројот на нови и на активни случаи на Ковид-19


Во земјава продолжува трендот на опаѓање на бројот на нови случаи на Ковид-19, како и на бројката на активни случаи на корона вирусот. Во последните 24 часа од направени 3.148 тестови се регистрирани 370 нови случаи на Кпвид-19, од кои 51 реинфекција. Починати се три лица, а уште седум се пријавени за умрени согласно регистарот […]

Расчистени улиците на повисоките места во Гази Баба


  Улиците на повисоките места во Општина Гази Баба се расчитени, информира градоначалникот Бобан Стефановски, кој утрово околу 4.30 часот направил обиколка на повисоките населени места. Главните улици во Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани, Раштак, Брњарци, Железара и Ченто во текот на ноќта во три наврати беа исчистени и им беше фрлена сол и ризла. По […]

Канада ги повика своите државјани да ја напуштат Русија


 Канадското Министерство за надворешни работи денеска им препорача на своите граѓани да ја напуштат Русија додека се уште се достапни комерцијалните средства за патување. Министерството предупреди дека безбедносните услови се непредвидливи и дека ненајавено може да се влошат. Во препораките за патување на канадското Министерство за надворешни работи се истакнува дека „достапноста на летови станува […]

ОН: Во Европа се развива најбрзо растечка бегалска криза од Втората светска војна


Бројот на бегалци кои бегаат од војната во Украина наскоро би можел да се зголеми на над 1,5 милиони лица, соопшти агенцијата за бегалци на ОН УНХЦР, додавајќи дека тоа е најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна. -Ова е најбрзо растечката бегалска криза што сме ја виделе во Европа од крајот […]

Џонсон изнесе план за одговор на руската инвазија врз Украина


 Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите да се приклучат на планот од шест точки за одговор на руската инвазија на Украина, што предвидува хуманитарна поддршка за Украина, како и предизвикување најголема можна економска штета на Москва. Пред средбите со лидерите на Канада, Холандија и од Централна Европа во Лондон следната недела, Џонсон вчера кажа […]

Покетино разочаран по поразот од Ница


 Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ги искажа впечатоците од натпреварот од 27. коло на Францускиот фудбалски шампионат против Ница. ПСЖ загуби со 1:0 со гол примен во самиот финиш на дуелот одигран синоќа на теренот на Ница. – Многу сме разочарани што не победивме. Ја контролиравме играта, но не постигнавме гол, а кога играта […]

Најмногу снег наврна на Попова Шапка, Маврово и во Крушево


Во текот на ноќта и претпладнево е облачно со пообилни врнежи од снег на повеќе места, а во средниот и долниот дел на Повардарието со врнежи претежно од дожд. Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесуваше 75 сантиметри на Попова Шапка, 61 во Маврови Анови, 58 во Крушево, 37 во Пожаране, 30 во […]

Протестен марш против војната во Украина


Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска ќе организира протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.  Здружението ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт. Маршот ќе започне кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот. 

Прочка – празник за проштавање и очистување од гревовите


Прочка претставува голем празник за православните верници и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Проштавањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите… се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Празникот Прочка или Велики поклади, меѓу народот познат и како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш […]

Облачно со снег и дожд


– Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, а долж Повардарието од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени. Во Скопје и околината облачно со врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 4 степени. Утре […]

Стража, Пресека и патот Крак Маврово – Дебар и натаму забранети за сообраќај за камиони


 Поради обилни врнежи од снег од вчера попладнево е воведена забрана за сообраќај на товарни моторни возила на превојот Пресека и на патните правци Гостивар – Стража и Крак Маврово – Дебар. Како што соопшти АМСМ, поради снегот што се задржува на коловозот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка задолжително е користење на зимска […]

ММФ: Ескалацијата на руско-украинскиот конфликт би предизвикала „погубна“ економска штета


Веќе „сериозните“ глобални економски последици од војната во Украина ќе бидат „уште попогубни“ доколку ескалира конфликтот Москва-Киев. Ова го предупреди Меѓународниот монетарен фонд. Иако прогнозите остануваат предмет на „екстремна неизвесност, економските последици“ од руската инвазија, која започна минатата недела, „веќе се многу сериозни“, се вели во соопштението на Фондот. Зголемените цени на енергијата и суровините […]

Австриската ОМВ се откажа од нови инвестиции во руски проекти


Австриската компанија за нафта и гас OMV нема да инвестира во руски проекти и има намера да го преиспита својот удел во јужноруското наоѓалиште. Ова се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата. „Во светло на неодамнешните настани, OMV ја преоценува својата вклученост во Русија. Иако Русија е еден од клучните региони во портфолиото […]