Расчистени улиците на повисоките места во Гази Баба


 

Улиците на повисоките места во Општина Гази Баба се расчитени, информира градоначалникот Бобан Стефановски, кој утрово околу 4.30 часот направил обиколка на повисоките населени места.

Главните улици во Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани, Раштак, Брњарци, Железара и Ченто во текот на ноќта во три наврати беа исчистени и им беше фрлена сол и ризла.

По разденување екипите на ЈКП Гази Баба веднаш излегоа на терен со цел расчистување на јавните површини на кои има паднати дрва.

Членовите на општинскиот кризен штаб и на фирмите задолжени за зимско оддржување во текот на целата ноќ од 22.30 часот до разденувањето биле на терен со цел да овозможат граѓаните непречено да ги извршуваат своите потреби.