Скопјанец загина при сообраќајна незгода во Ѓорче Петров


Педесет и петгодишен маж загина, а 28-годишна жена е повредена вчера, кога автомобилот со кој патувале излетал од коловозот на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје, информира МВР. Како што се наведува во полициското соопштение, несреќата се случила вчера околу 15.30 часот, кога патничко моторно возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот скопјанец […]

Најмладите струмичани продефилираа маскирани на Детскиот карневал


Околу илјада деца денеска продефилираа со своите маски на Детскиот карневал, што се одржува по повод празникот Прочка во рамки на карневалските празнувања во Струмица. На плоштадот во Струмица децата заедно со своите родители и наставници ги покажаа своите карневалски кореографии преку кои со песна и музика повикаа на мир, љубов, разбирање и весело детство. […]

Зеленски предупредува дека Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, во телевизиско обраќање до нацијата, изјави дека руските сили се подготвуваат да го бомбардираат градот Одеса, на украинскиот брег на Црното Море. -Ракети против Одеса? Тоа ќе биде воено злосторство, рече тој во обраќањето. Зеленски вчера во видео порака кажа дека руската армија не ги постигна своите цели, а во […]

Со расфрлани 30 тони сол и три возила се расчистува снегот во Општина Центар


По обилните врнежи на снег кои го зафатија Скопје изминатото деноноќие, зимската служба на Општина Центар е на терен и го расчистува снегот од улиците кои се под надлежност на општината. Со 3 возила, меѓу кои и соларка, се расчистуваа сите критични сообраќајни точки во општината, особено во Мало Курило и подножјето на планината Водно. […]

Тедрос: Нападнати неколку украински здравствени центри


Светската здравствена организација потврди „неколку“ напади врз здравствени центри во Украина и истражува други, изјави денеска првиот човек на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесен од британските медиуми.   Нападите, додаде тој на Твитер, предизвикаа повеќе смртни случаи и повредени.   „Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и се кршење на меѓународното […]

Првите 300 лица го напуштија Мариупол по хуманитарниот коридор, тврдат проруските сепаратисти


Проруските сепаратисти соопштија дека првите 300 лица го напуштиле опколениот град Мариупол, во југоисточна Украина, за време на новиот обид за прекин на огнот, јави ДПА. Меѓутоа, овие информации не може да се проверат од независен извор, а украинските власти се уште не даваат никакви бројки, додаде германската агенција. Украинската и руската армија се договорија […]

Александар Вучиќ кандидат на СНС за претседател на Србија


Кандидат на Српската напредна странка (СНС) на престојните претседателски избори во Србија. закажани за 3 април, ќе биде лидерот на партијата, Александар Вучиќ, што тој денес и го прифати на седница на претседателството на СНС, јави диописникот на МИА од Белград. -СНС донесе одлука да го кандидра Александар Вучиќ за претседател на Србија на изборите […]

Бенет ќе помага во решавањето на кризата меѓу Украина и Русија, но шансите за успех се мали


Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска изјави дека ќе продолжи да се обидува да помогне во решавањето на кризата во Украина, иако, според него, шансите за успех не се големи, пренесуваат британските медиуми. Бенет денеска повторно разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, трет пат во последните два дена, потврди портпаролот на израелскиот премиер, без да даде […]

Шпионски трилер: Убиениот украински преговарач бил двоен агент?


  Интригантната вест од саботата за убиството на еден од украинските преговарачи во првата рунда со руските претставници предизвика повеќе прашања отколку одговори. Во оптек се бројни контрадикторни информации за околностите на смртта на Денис Кирев (44)неговата смрт, а единствено што засега со сигурност може да се каже е дека Киреев повеќе не е жив. […]

Ангеловска-Бежоска: Ефектите врз домашното стопанство во голема мера ќе зависат од европската економија


Нашата економија, како мала и отворена е високо зависна од случувањата во европската економија. Засега не се очекува рецесија во Европската Унија. Европската централна банка, и покрај новонастаната ситуација со Украина, очекува годинава ЕУ да има раст, иако помал од првично очекуваниот. Сепак, ризиците се присутни и тие зависат од развојот на настаните, санкциите и […]

Радио Слободна Европа прекинува со работа во Русија


Радио Слободна Европа ја прекинува својата работа во Русија, соопшти медиумот. Во соопштението потпишано од претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај, се наведува дека рускиот сервис на Радио Слободна Европа се соочува со стечајна постапка и дека неговите новинари биле под притисок на полицијата. -Сервисот ќе продолжи да се обидува да допре до […]

Укината забраната за сообраќај на камиони преку Стража и Пресека


Од претпладнево од 10:25 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила преку превојот Стража, а од 10:40 и преку превојот Пресека. Како што информира АМСМ, во сила останува забраната за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и за камиони на патот Крак Маврово […]

Во Скопје регистрирани 173 сообраќајни прекршоци, 56 за брзо возење


При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје припадници на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден изрекоа вкупно 173 мерки. Од нив, како што информира МВР, 56 санкции биле за возење со брзина поголема од дозволената, 43 мерки за управување возила под дејство на алкохол, а 17 […]

Актуелните правила за влез во Грција продолжени за уште две седмици, од 15 март се укинува PLF формуларот


Европски сертификат за вакцинација, европска потврда за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест и понатаму се задолжителни за влез во Грција, правила кои важеа и во изминатиот период и се непроменети и продолжени за уште две седмици до 21 март 2022 година, а воедно се однесуваат и на туристите од Северна Македонија, јави […]

Во шест општини во Албанија, со одредени проблеми, се гласа за градоначалници


Во Албанија денеска се одржуваат делумни локални избори, на кои 654.538 лица со право на глас избираат градоначалник во шест општини, Драч, Рогожина, Вора, Пешкопеја, Љушња и Скадар. Според Централната изборна комисија, со одредени проблеми поради непристапните патишта во планинските населени места, условено од обилните снежни врнежи гласањето во поголемиот дел почнало во 7 и […]

Снежна Прочка во Скопје


Цела зима главниот град едвај да виде снег. Малку на Водно и на Скопска Црна Гора и во далечините на Китка и Шара, но во градот, снегот само срамежливо се покажа. Затоа пак, ноќва наврна доста снег, па скопјани побрзаа да прошетаат во парк, да му се израдуваат на снегот, а и да се надишат […]

Градските власти на Мариупол: Договорен нов прекин на огнот – евакуација на цивилите од 11 часот


Градските власти на Мариупол за денеска најавија нова евакуацијата на цивилите што треба да почне точно на пладне по локално време (11 по средноевропско време) и дека е договорен и привремен прекин на огнот. Според градските власти, прекинот на огнот ќе трае од 10 до 21 часот по локално време (од 9 до 20 часот […]

Концерт на пијанистот Симон Трпчески во Лондон


Во рамки на Пролетната серија концерти на „Вигмор Хол“, утре пијанист Симон Трпчески во престижната концертна сцена во Лондон ќе одржи матине концерт насловен „Трпчески и пријателите“. На овој концерт сцената со Трпчески ќе ја делат Ѓорѓи Димчевски на виолина, Сорин Спасиновици од Романија на виола, Александер Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на […]

Забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка


Поради обилни врнежи од снег од 10:10 часот денеска е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, додека за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Од вчера попладнево воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила и на превојот Пресека […]

Институциите со засилени контроли за спречување на евентуални манипулации со храната и горивото


Управата за финансиска полиција, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи заедно спроведуваат засилени и сеопфатни контроли за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето со храна и горива, информира Владата. – Инспекциски контроли на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти и на правните субјекти кои вршат трговија на мало и големо […]