Од снегот, се чистат улиците во Кисела Вода


Улиците во Општина Кисела Вода во Скопје се чистат од наврнатиот снег деноноќно, иако како што велат од таму, март секогаш знае да биде временски променлив, тие се спремни да одговорат на секој предизвик.

– Со екипите на зимската служба дежурни сме цела вечер, снежните наноси се чистат низ територијата на Кисела Вода за утрово нашите сограѓани да имаат непречен тек во извршувањето на своите активности. Иако според временската прогноза најавите се три дена да врне снег, сакам да ви порачам да бидете спокојни – рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Со чистењето се овозможува нормално функционирање на граѓаните, а ќе се чисти во сите урбани и местни заедници.

Екипите се на терен и достапни 24 часа на располагање за вас, а постојат и телефонски броеви на кои што можете да се јавите доколку има потреба од дополнителна интервенција ( 075/309-548 – Далибор)

Во служба на граѓаните ставени се и сите службени возила на општината за нивните неопходни потреби.