Ивановски освои сребро на Балканското атлетско првенство


Сребрен медал со време на нов национален рекорд освои македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во трката на 3.000 метри на Балканското сениорско првенство во сала чиј домаќин денеска е Истанбул. Ивановски мина втор низ целта со резултат 7:58.48, зад новиот балкански шампион Вид Ботолин од Словенија, додека бронзата му припадна на Турчинот Мурат Емектар. Претходно, денеска […]

Русите остануваат и без „Пејпал“, „Зара“, „Самсунг“…


Се чини дека услугите и производите ќе станат поретки во Русија, откако денеска уште повеќе компании објавија дека ги прекинуваат врските во знак на протест против тековната инвазија на Кремљ врз Украина, јави германската агенција ДПА. „Самсунг Електроникс“ соопшти дека ја прекинал испораката во Русија поради нападот на Москва врз Украина. Испораките се суспендирани „поради […]

Блинкен вети американска помош од 2,75 милијарди долари за хуманитарните служби поради војната во Украина


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во полскиот град Жешов, најави дополнителна помош за Украина, Полска и земјите каде бегалците од Украина бараат спас од војната. Помошта ќе биде во вредност од 2,75 милијарди долари, која американскиот претседател Џо Бајден веќе ја побара од Конгресот. – Полјаците знаат колку е важна одбраната на слободата, така […]

ОХЦХР: Од почетокот на руската инвазија убиени 351 цивил, реалните бројки се веројатно, значително поголеми


Бројот на цивили убиени во Украина од почетокот на руската инвазија пред 10 дена достигна најмалку 351, додека 707 се ранети, се вели во соопштението на набљудувачката мисија на ОН. Реалните бројки веројатно ќе бидат „значително повисоки“, пренесува Гардијан. Повеќето цивилни жртви беа предизвикани од експлозивно оружје со широка област на удар, вклучително и гранатирање […]

(Видео) Како изгледаше нападот врз нуклеарката од контролната соба: „Ја загрозувате безбедноста на целиот свет!“


По жестоко руско гранатирање во петокот избувна пожар во најголемата европска нуклеарна централа Запорожје. По нападот избувна пожар, но за среќа, нема зголемување на радијацијата. Сега е објавена снимка од нуклеарната централа во моментот на нападот, на која се слушаат извици да престане гранатирањето. „Престанете да пукате врз нуклеарно опасен објект. Веднаш! Ја загрозувате безбедноста […]

Разгалениот син на пријателот на Путин, на кој татко му „плати“ за место во Ф1, доби отказ


Американскиот Ф1 тим ХААС го раскина договорот со рускиот возач Никита Мазепин (22) и спонзорите – рускиот хемиски гигант Уралкали, инаку фирма на неговиот татко Дмитриј, близок пријател на Путин. Својата одлука тимот на Гунтер Штајнер ја објави на социјалните мрежи. „Тимот на ХААС Формула 1 одлучи да ги раскине договорите со спонзорот Уралкали и […]

Украински преговарач убиен при апсење: Украинците го обвинуваат за оддавање информации на Русите


Украинска „Правда“ денеска објави дека Денис Киреев, еден од украинските преговарачи вклучени во преговорите со Русија, е убиен во Киев. Според весникот, кој се повикува на високорангирани политички функционери, Киреев бил убиен додека украинските безбедносни сили се обидувале да го уапсат под сомнение за предавство.   Извори на „Правда“ наведуваат дека има „силни докази“ дека […]

Со законот за „лажни вести“ Русија забрани случувањата во Украина да се нарекуваат „војна“


Законот беше неопходен и потребен итно поради невидената, тоа не е ни кампања, туку информативна војна што е покрената против нашата земја“, изјави портпаролот на руската влада Дмитриј Песков, во одбрана на новиот закон со кој луѓето би можеле да добијат затвор до 15 години за објавување „лажни вести“ за руската војска. Со усвоениот закон […]

Кипар одби закотвување на руски воени бродови


Властите во Република Кипар ги укинаа дозволите за влез на четири руски воени бродови во нејзините пристаништа. Кипарскиот весник „Филелефтерос“ претходно денеска објави дека на пет руски воени бродови, вклучително и фрегати и чамци за поддршка, им било одбиено закотвување во кипарското пристаниште Лимасол, по што морале да пребаруваат пристаништа во други земји за да […]

Кој е Игор Сечин, вториот најмоќен човек во Русија


  Игор Сечин знае подобро од повеќето дека текот на вистинската љубов никогаш не поминала без проблеми. „Аморе Веро“, јахта поврзана со шефот на државната нафтена компанија „Роснефт“, некогаш го носеше името „Света принцеза Олга“, очигледно во чест на Олга Рошкова, неговата втора сопруга. Откако парот се разделил, околу 2017 година, според независните руски медиуми, […]

Руски „Аерофлот“ од 8 март ќе лета само до Белорусија


Водечката руска авиокомпанија Аерофлот ќе ги прекине сите летови во странство од 8 март, освен оние за Белорусија, објави денеска новинската агенција ТАСС. Руската државна агенција за авијација денеска препорача руските авиокомпании кои изнајмиле странски авиони да ги прекинат патничките и карго летовите во странство од 6 март и од странство кон Русија од 8 […]

Во БиХ пристигнуваат дополнителни сили на ЕУФОР


Дополнителни сили на ЕУФОР почнаа да пристигнуваат во Босна и Херцеговина како мерка на претпазливост за зајакнување на стабилноста во БиХ, пренесува Бета. Сараевските медиуми денеска објавија дека секој ден во БиХ пристигнуваат по десет до 20 возила и дека со новите сили на ЕУФОР во Босна и Херцеговина ќе бидат распоредени над 1.000 војници […]

Без вода дел од населбата Ново Лисиче


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на булевар „Видое Смилевски Бато“ број 15 прекин во водоснабдувањето имаат корисниците на ниска зона на овој булевар од броевите 1 до 55 во населбата Ново Лисиче. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 15:15 часот и ќе трае до […]

Нови 370 случаи на Ковид-19, починаа вкупно 10 лица, најмладиот на 37 години


Во последните 24 часа од направени 3.148 тестови регистрирани се 370 нови случаи на Ковид-19, од кои 51 реинфекција, како и 391 оздравени пациенти и три починати лица, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи најмногу има во Скопје 225, Битола 24, Прилеп 23, Кавадарци 14 и […]

Колекционер од Кичево поседува збирка од околу 1.000 различни кибрити


 Еден од малубројните колекционери од Кичево е Тоше Петрески, кој речиси шест децении ја надополнува својата збирка кибрити, со различно потекло, а некои и специјално изработени за одредени јубилеи и прослави. Иако, денес кибритите се речиси исфрлени од употреба, сепак тој успева да ја надополни својата колекција и да создаде богата збирка. -Од својата десетта година […]

Блинкен – Рау: Полска нема да ги признае територијалните промени предизвикани од „неиспровоцирана, незаконска агресија“


Полска нема да признае никакви територијални промени предизвикани од „неиспровоцирана, незаконска агресија“, рече министерот за надворешни работи на земјата, Збигњев Рау. Изјавата на Рау доаѓа по разговорите со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за руската инвазија на Украина.   Американскиот државен секретар е во посета на источна Полска во близина на границата со Украина додека […]

Путин подолжува со закани: Зона на забранети летови над Украина би имало „колосални и катастрофални последици“ за целиот свет


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека секоја земја што ќе се обиде да воведе зона на забранети летови над Украина, за Москва ќе биде земја што одлучила да влезе во конфликтот. – Секое движење во оваа насока од нас ќе се смета за учество во вооружен конфликт на таа земја, рече рускиот лидер за […]

Во Белград се протестира и против војната во Украина и против НАТО


Србија -Во центарот на Белград, на Кнез Михајлова, се одржува протест на женската мировна организација со феминистичко-антимилитаристичка ориентација „Жените во црно“ против војната во Украина, а протест одржуваат и припадниците на НКОЈ со анти-НАТО пораки, кои полицијата ги раздвои, јави дописникот на МИА од Белград. Жените во црно, околу 20-тина активисти носејќи голем транспарент на кој […]

Макрон ја има довербата на над 30 отсто од гласачите


Франција – Францускиот претседател Емануел Макрон за една недела го зголеми рејтингот за четири процентни поени и ја надмина границата од 30 отсто, благодарение на ангажманот за смирување на војната во Украина. Анкетата на Ипсос-Сопра-Стерија покажува дека доколку сега се одржат претседателски избори, тој би бил прв во првиот круг пред Марин Ле Пен, Валери Пекрес […]

Од понеделник може да се аплицира за билети за мундијалскиот бараж во Палермо


Навивачите на македонската фудбалска репрезентација, кои сакаат од трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ на 24 март во Палермо да го бодрат националниот тим на мундиајлскиот бараж против Италија, од понеделник можат да аплицираат електронски за влезници. Барањата за билети, како што соопшти денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ќе можат да се поднесуваат до 15 март на електронската адреса: [email protected]. […]