Кипар одби закотвување на руски воени бродови


Властите во Република Кипар ги укинаа дозволите за влез на четири руски воени бродови во нејзините пристаништа.

Кипарскиот весник „Филелефтерос“ претходно денеска објави дека на пет руски воени бродови, вклучително и фрегати и чамци за поддршка, им било одбиено закотвување во кипарското пристаниште Лимасол, по што морале да пребаруваат пристаништа во други земји за да наполнат гориво.

Во принцип, дозволите се издаваат на секој брод посебно.