Маск ѝ порача на Европа да ги вклучат нуклеарките: Ќе јадам од најлошото место


  Најбогатиот човек на светот Елон Маск смета дека сехја е очигледно оти Европа треба повторно да ги покрене неактивните нулкеарни електрани. Во порака на Твитер додаде и дека Европа треба да ја зголеми излезната сила на постоечките нуклеарни централи. Тоа е „критично за националната и меѓународната безбедност“, смета тој. „Исто така, нуклеарната енергија е […]

Вучиќ пред невозможен избор – на кое столче да седне


  Овој пат дури и Александар Вучиќ се бори да биде и ваму и таму. Српскиот претседател со години се обидуваше да одржува пријатни односи со Русија на Владимир Путин, а истовремено да негува врски со Европската унија, на која неговата земја сака да се приклучи, и со Западот пошироко. Но, руската инвазија на Украина […]

Помалку сол за поздрави бубрези и срце


САД – Според официјални податоци, околу 90.000 Американци годишно умираат од болести поврзани со бубрезите, коешто го надминува бројот поврзан со ракот на простата и на дојка. Ново истражување посочува неколку фактори за тоа – гените, како и секојдневните навики на јадење, спиење, вежбање – што се клучни и за спречувањето на оштетување на бубрезите и одржување […]

Калиопи напиша музика за балет – „Госпоѓиците од Авињон“ со врвна екипа во НОБ


На 9 март 2022, во 20 ч. на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетската премиера „Госпоѓиците од Авињон“ – балет во 9 слики со врвна авторска и солистичка екипа. Музика: Калиопи Букле; Кореографија и режија: Олга Панго; Либрето и драматургија: Сашо Димоски; Асистенти на кореографот: Горан Божинов, Саша Евтимова; Костимограф: Раде […]

Балон штикла- ова е време на надреална мода на Loewe


Франција– Надреалните времиња бараат надреална мода. Така помина и шоуто на пистата на колекцијата за есен 2022 на Loewe. Дизајнерот од Северна Ирска Џ.В. Андерсон понуди уметничка, понекогаш чудна гледна точка откако го презеде кормилото на шпанскиот бренд за луксузни стоки пред речиси десет години, во 2013 година. Авангарда, пресврт што тој го припиша директно […]

ЕСА ја одложи мисијата „Егзо-Марс“ поради руската инвазија врз Украина


 Европската вселенска агенција (ЕСА) повторно го одложи лансирањето на роверот „Егзо-Марс“ на нам соседната „Црвена Планета“. ЕСА лани изврши тестирање на падобран наменет за мисијата, но поради нападот на Русија кон Украина, лансирањето сега е одложено. „Егзо-Марс“ всушност требаше да биде лансиран летото 2020 година, но тогаш мисијата беше одложена поради пандемијата на коронавирусот и […]

Зголемени водостоите на Дојранското и Преспанското Езеро


За два сантиметра е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а за еден на Преспанското, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,7 метри понизок од просекот за март и е на три сантиметри над […]

Над 50 илјади бегалци од Украина пристигнале во Германија


 Германското министерство за внатрешни работи објави дека според нивните информации 50.294 бегалци од војната во Украина пристигнале во Германија. – Бидејќи нема гранични контроли, бројот на бегалци од војната кои влегле во Германија може да биде многу поголем, изјави денеска портпаролот во Берлин, јави ДПА.

Рускиот дизајнер Валентин Јудашкин „исчезна“ од Модната недела во Париз


Франција- Дигиталното шоу во вторник на рускиот дизајнер Валентин Јудашкин повеќе нема да се прикажува на платформата на Париската модна недела, потврдија во неделата Федерацијата на високата мода . Депрограмирањето беше итна мерка во светло на молкот на модната етикета за Украина, според нејзиниот претседател Ралф Толедано. „Имаме цврст став против иницијативата преземена од претседателот […]

Полска веќе прими милион бегалци


  Според податоците на граничарите, повеќе од милион бегалци пристигнале во Полска од почетокот на војната во Украина. Само во неделата, повеќе од 142.000 луѓе ја минале границата, објавија властите на Твитер. Ова беше највисоката вредност за еден ден од почетокот на војната. Според податоците на полското Министерство за надворешни работи, најголем дел од бегалците […]

Јон Циријак: Ѓоковиќ е како дете, Надал е генијалец


  Мислењето на Јон Циријак секако има тежина во тенискиот свет. Поранешниот сопственик на АТП турнирот во Мадрид, ги спореди тениските достигнувања на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, нагласувајќи дека српскиот тенисер, според него, не е голем шампион. Харизматичниот и егоцентричен поранешен романски тенисер, беше и член на тамошната хокеарска репрезентација со која настапи на […]

Зеленски до руските војници: „Ќе се соочите со судниот ден“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди руските војници дека неговите сили ќе го „бркаат до гроб“ секој војник што ќе изврши воени злосторства на територијата на Украина. Обраќајќи му се на украинскиот народ во Киев, Зеленски испрати порака до московските војници, предупредувајќи ги дека ќе се соочат со судниот ден за намерни убиства за време […]

Стефанија Насеска: “The Great” е колекција за прифаќање и почит кон различностите (галерија)


Македонската модна дизајнерка Стефанија Насеска синоќа на Скопскиот Моден Фестивал во Скопје Сити Мол ја претстави колекцијата за пролет-лето 2022 насловена како “The Great“ инспирирана од Александар Македонски и целосно модно преведена и прилагодена на современите модни трендови. – Оваа колекција е со посебно значење за мене бидејќи го одбележува десет годишниот јубилеј од прикажувањето […]

Рутата за хуманитарниот коридор била минирана


Директорот на операцијата на меѓународниот одбор на Црвен крст, Доминик Стилхарт за Би-Би-Си истакна дека евакуациската рута од Мариупол е минирана. Прашан што не е во ред со таканаречениот хуманитарен коридор истакна дека од двете страни со денови се воделе разговори, но и дека понатаму постојат проблеми при евакуацијата на цивили од бомбардираните градови. Стилхарт […]

Гвардиола: Ливерпул е најтешкиот противник во моите тренерски 12-13 години


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го посочи Ливерпул како најтешкиот противник во неговата менаџерска кариера. – Многупати сум кажал дека успехот на тренерот е да биде подготвен да победува повторно од година во година – дури и по три освоени титули. Остануваме скромни и продолжуваме да играме. Борбата против Ливерпул е едно од најголемите […]

Париз во розово- колекција на Валентино како ниедна друга


Франција– Тоа беше „La Vie en Rose“ за Валентино, кој го предводеше неделниот сегмент на Париската модна недела со смела, но сепак триумфална розова колекција, додека ВИП гостите, вклучувајќи ги Луис Хамилтон и Зендаја, мораа да преговараат за пристигнувањето за време на денот без автомобили во центарот на главниот град. Сеопфатен розов декор се распространи […]

Полска нема да испрати воени авиони, доколку за тоа не одлучи цело НАТО


Официјална Варшава, и покрај американското зелено светло за Полска да и помогне на Украина со испраќање борбени авиони, инсистира дека таквата одлука ќе мора заеднички да ја донесе НАТО. Дека земјата нема такви намери, потврдија портпаролот на полската Влада Пјотр Милер и шефот на полското Биро за национална безбедност Павел Солох. – Ако е потребна […]

Земјотрес почувствуван во Охрид, епицентарот во Албанија


Земјотрес во јужниот дел на Охридското езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија, регистрираше денеска Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Охрид и околината, а се случил во 02 часот и 41 минути, со локална Рихтерова магнитуда […]

Кога на ботокс, а кога на филери – има два вида брчки кои различно „се измазнуваат“


Како да не е доволно што брчките се размножуваат и продлабочуваат со годините, кога се обидуваме да ги ублажиме со процедури против стареење, мора да внимаваме и на тоа дали се статични или динамични. Статичните брчки се видливи на лицето дури и кога е опуштено, додека динамичните брчки се појавуваат во зависност од изразот на […]

Светските цени на храната за една година поскапеле над 24 отсто


Светските цени на храната се зголемија за 24,1 отсто во февруари во однос на истиот месец минатата година, достигнувајќи го највисокото ниво од следењето на податоците од ФАО, поттикнати од повисоките цени на растителните масла и млекото и млечните производи. Индексот на цените на кошничката за храна на ФАО се зголеми за 3,9 отсто од […]