Кина ја продлабочува соработката со Русија за „стратешко партнерство за нова ера“


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска во Пекинг изјави дека Кина ќе продолжи да ја продлабочува стратешката соработка со Русија. – Кина и Русија ќе го задржат својот стратешки фокус и ќе продолжат да го продлабочуваат кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство за нова ера, истакна Ванг на прес-конференција. Тој, исто така, нагласи дека Кина […]

Почна јавната седница во скопска апелација за случајот „Таргет-Тврдина“


По една година од кога беше објавена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, денеска во Апелациониот суд Скопје, почна јавната седница за жалбите поднесени од обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и останатите обвинети за овој предмет, кој се однесува на масовното незаконско прислушување на стотина граѓани на Северна Македонија, во период од 2008 до 2015 година. За […]

Влада: Следуваат нови мерки за зачувување на животниот стандард на граѓаните


Владата континуирано ја следи состојбата и презема конкретни мерки за да се зачува стандардот на граѓаните кои во текот на наредните неколку дена ќе бидат информирани за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите. Владиниот Сектор за односи со […]

Стручњаците стравуваат од избивање епидемија од сипаници на Балканот


Покрај тоа што го вакцинирала своето прво дете, Вања одлучила својот помал син да не го вакцинира против сипаници. Таа е психолог, што живее во Подгорица, главниот град на Црна Гора, вели дека се предомислила откако прочитала многу работи во онлајн групата на која ѝ припаѓа. „Немам доверба во системот за вакцинација. Ни недостасуваат информации […]

Како руската инвазија врз Украина влијаеше врз еврото, пченицата…


Ескалацијата на руската инвазија врз Украина ги зголеми цените на суровините и енергенсите и ја загрози заедничката европска валута. Неодамнешни драматични потези на пазарот: ЕВРО  Еврото падна под 1,10 долари во петокот за првпат по речиси две години, откако се намали за над 3 отсто во однос на доларот минатата недела – најголем неделен пад од март 2020 година. Валутата не […]

Србија на Евросонг со „In corpore sano“ на Констаркта (видео)


Србија– Србија го избра својот претставник за „Евровизија 2022“, тоа е Ана Ѓуриѓ, односно Констракта која ја испеа песната со наслов „In corpore sano“. Таа доби најмногу гласови и од жирито и од публиката, која гласаше преку СМС пораки, во сооднос 50:50 и собра 24 поени. Ексцентричната пејачка, која веќе почнаа да ја споредуваат со […]

Инјекција за слабеење пуштена во продажба


Аптеките во Велика Британија од денoвиве почнаа со продажба на „инјекција за слабеење“, за која не е потребен рецепт, а функционира така што го потиснува апетитот и „ветува губење на пет отсто“ од телесната тежина за три месеци. Инјекцијата е одобрена од Британската здравствена служба (НХС), и е наречена „Лираглутајд“ (Liraglutide) (а позната и како […]

Пронајденото тело во Дунав не е на Матеј


  Обдукцијата на деловите од телото пронајдени во Дунав кај Костолац завршена е вчера, дознава Телеграф.рс. Се работи за маж со покрупна градба, најверојатно спортист. „Ќе биде поднесена иницијатива до полицијата да се добие ДНК профил“, вели извор за Телеграф. Тогаш би требало да се дознае иденитетот на мажот. Ненад Периш: Не се работи за […]

Грчко МНР: Неприфатливи се изјавите на портпаролката на руското МНР


Неприфатливи ги карактеризираше портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, изјавите на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, која говореше за „антируска информативна кампања во Грција“, став кој на социјалните мрежи го сподели руската амбасада во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција во […]

Лaјен: Многу работа за Украина до членство во ЕУ


На Украина ѝ претстои многу работа како би се придружила кон ЕУ, но тој процес е почнат, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во интервју за телевизиската станица „Си-Ен-ЕН“. „Многу е сторено, има уште работа за да се приближиме, но процесот е во тек“, рече таа. Фон дер Лајен зборуваше за руската […]

Спалети ја демантираше можноста за отказ по поразот од Милан


Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети го сподели своето мислење за информацијата дека ќе го напушти наполитанскиот клуб. Вчеравечер Наполи загуби од Милан (0:1) во натпреварот од Серија А. – Ако не можете да се справите со притисокот, треба да заминете. Но, ве уверувам дека ќе бидам на утринскиот тренинг со план за работа. Ако мислите […]

Сè повеќе странски медиуми ја прекинуваат работата во Русија


Меѓународни радиодифузери и медиуми ја прекинаа работата во Русија, по одлуката на рускиот Парламент да го ограничи известувањето за вестите за инвазијата на земјата на Украина. Германските јавни радиодифузери АРД и ЗДФ објавија дека засега го прекинуваат покривањето од нивните московски студија, но „ќе продолжат да ја информираат јавноста за настаните во Русија и Украина […]

Ковачевски на средба со членството на Сојузот на здруженијата на пензионерите


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се сретне со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионерите Станка Трајкова. На средбата, како што е најавено, ќе присуствуваат и членовите во Сојузот на здруженијата на пензионерите.

Американец го клонирал своето куче и доби четири миленичиња


Еден њујорчанец го клонирал својот сакан француски булдог, па добил четири слични кучиња, со кои „среќно живее во својот дом“, пишува „Њујорк пост“ (New York Post). Роберто Ново (62), инаку фризер, раскажува дека го засакал миленичето уште кога било мало и на излог во продавницата. Го нарекол Мачито. Биле неразделни, а кога кучето навршило 12 […]

Украинците тврдат дека ја вратиле контролата врз градот Чурхиев, во близина на Харков


Украинските безбедносни сили тврдат дека ја вратиле контролата врз градот Чурхиев, југоисточно од Харков.   Украинскиот Генералштаб на Фејсбук објави дека армијата го презела градот од руските војници и им нанела големи загуби на руските сили за време на битката.   Украинските власти исто така тврдат дека во битката за овој град загинале двајца високо […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови


Најниска температура во земјава изутринава е измерна на Попова Шапка -9 и во Маврови Анови -7. Во Крушево се измерени -3, во Претор, Берово и Охрид -1, а нула степени во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Битола, Скопје-Петровец. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални 4 степени се измерени во Дојран и Гевгелија, соопшти […]

„Волстрит џурнал“: Русија регрутира сириски, искусни борци, тврдат официјални лица од САД


Русија регрутира сириски борци, искусни во урбана борба, додека го засилува својот напад врз Украина, тврдат официјални лица од САД, цитирани од Волстрит Џурнал. Москва изврши инвазија на 24 февруари, а овие денови регрутира лица од Сирија, надевајќи се дека со нивна помош, ќе се заземе Киев, појаснуваат четири извори на американскиот весник. Русија во […]

Азески панелист на „Копаоник бизнис форум“


„Копаоник бизнис форум“ годинава се одржува од 6 до 9 март под слоганот – „Србија 2030: Агенда за одржлив развој“, поаѓајќи од фактот дека Србија учествуваше во изготвувањето на Агендата за 2030 година, која беше усвоена во Собранието на ОН, и дека заедно со другите земји потписнички се обврза да ги исполни дефинираните цели. На […]

Цената на нафтата на највисоко ниво од 2008 година


Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво од 2008 година, откако САД соопштија дека разговараат за потенцијално ембарго на руските испораки со своите сојузници. Суровата нафта „брент“ – глобалниот репер за нафта – се искачи над 139 долари за барел во азиската трговија, пред да се намали на под 130 долари. Пазарите на енергија […]

Трае потрагата по 74-годишник од пехчевското село Црник


Полицијата се уште трага по 74-годишен жител на Црник, општина Пехчево, кој пред три дена го напуштил Клиничкиот центар во Скопје и се уште не се вратил во родното село. Исчезнувањето, како што информираат од полицијата, го пријавила неговата сестра од Делчево. -Пријавата ја добивме на 5 март 2022 во 20:15 часот. Во Полициска канцеларија […]