Блинкен: НАТО земјите може да испратат борбени авиони во Украина


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека земјите-членки на НАТО имаат „зелено светло“ да испратат борбени авиони во Украина. Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, на прашањето дали Полска, како членка на Алијансата, може да испрати борбени авиони во Украина, тој рече дека Варшава има „зелено светло“ за тоа. „Всушност, разговараме со нашите полски пријатели за […]

Нетфликс се повлекува од Русија


Нетфликс денеска соопшти дека засега ќе престане да ја продава и обезбедува својата видео услуга за стриминг во Русија. „Со оглед на околностите на теренот, решивме да ја прекинеме нашата услуга во Русија“, се вели во соопштението на компанијата. Компанијата не прецизираше што ќе се случи со постоечките претплатнички сметки или кога ќе го преиспита […]

Украина и Русија пред највисокиот суд на Обединетите нации


Украина денеска ќе го повика највисокиот суд на Обединетите нации да и наложи на Русија да ја запре инвазијата, тврдејќи дека Москва го оправдува нападот врз основа на погрешно толкување на Конвенцијата за геноцид. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „специјалната воена операција“ на Русија е „неопходна“ за да се заштитат луѓето кои биле изложени […]

Австралија ја повика Кина да се приклучи против руската инвазија


Австралискиот премиер Скот Морисон ја повика Кина да се приклучи на глобалните напори за ставање крај на руската инвазија на Украина, бидејќи смета дека не постои земја што ќе има поголемо влијание од Кина врз крајот на војната во Источна Европа. Морисон во својот говор посочи дека руската инвазија не се одвива според планот на […]

Гранатирано складиште за нафта во Луганск


Украинските безбедносни сили извршија ракетен напад врз складиште за нафта во Луганск. Ова го изјави Родион Мирошник, претставник на самопрогласената Народна Република Луганск. Како што јавија медиуми, инцидентот се случил во 06.55 часот, по локално време. Експлозијата јасно се слушнала во центарот на градот. Според очевидци, веднаш потоа избил пожар во складиштето. „Огнот се гледа […]

Нов обид за прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори од големите украински градови


На барање на францускиот претседател Еманауел Макрон упатено до рускиот претседател Владимир Путин, руските оружени сили од 10 часот објавуваат прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори од Киев, Мариупол, Харков и Сума, соопшти Меѓуресорниот координативен штаб за хуманитарна реакција во Украина. „Земајќи ја предвид катастрофалната хуманитарна ситуација и нејзиното нагло влошување во градовите Киев, […]

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар


Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово- Дебар, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е […]

Западот бара Русија да биде суспендирана од Интерпол


Неколку западни земји, вклучително и Велика Британија и САД го повикаа Интерпол да ја суспендира Русија од меѓународната организација, изјави британската министерка за внатрешни работи Прити Пател. Велика Британија, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд побараа „итно суспендирање на пристапот на Русија до нејзините системи“, објави Пател на Твитер. Групацијата побара од извршниот комитет на […]

Две седници на Законодавно-правната комисија на Собранието


Во Собранието денеска две последователни седници ќе одржи Законодавно-правната комисија. На дневниот ред на 86-тата седница на Комисијата се предлог законите за парничната постапка и за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, двата во прво читање. Во рамките на оваа седница треба да се разгледаат и предлог законите за изменување […]

Четвртиот ковид бран губи здив, бројот на активни случаи се намали на 2.871 лица


  Продолжува трендот на намалување на бројот на активни ковид случаи, поради што надлежните очекуваат стабилизација на епидемиолошката ситуација во државата. Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, во државава активни се 2.871 случај од кои најголем број 1.546 се во Скопје. При направени 2.365 тестови, регистрирани се 223 нови случаи на КОВИД-19, […]

Матине концерт на Трпчески со пријателите – пренос во живо од лондонски Вигмор хол


Македонскиот пијанист Симон Трпчески денеска во престижната концертна сцена во Лондон ќе одржи матине концерт насловен „Трпчески и пријателите“, во рамки на пролетната серија концерти на Вигмор Хол. Почетокот на едночасовниот настап е закажан за 13 часот по британско, односно 14 часот по средноевропско време, информираат од „КултурОп“. Овој концерт, на кој сцената со Трпчески […]

Украина подготвена за „не-НАТО“ модел – што ќе донесе третата рунда мировни разговори


По една и пол недела војна, Украина и Русија се очекуваше да се сретнат на третата рунда преговори, за кои двете страни рекоа дека може да се одржат денеска. Локацијата и точното време на разговорите првично не беа соопштени. Двете делегации последен пат се состанаа во регионот Брест во западна Белорусија на две рунди мировни […]

Облачно со повремени локални врнежи претежно од снег


Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од минус 4 степени до нула степени, а дневните од нула до 10 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо […]

Музичкиот директор на Бољшој театарот поднесе оставка поради војната во Украина


  Музичкиот директор и главен диригент на Бољшој театарот, Туган Сокиев, ја објави својата оставка, велејќи дека се чувствува под притисок поради повиците да заземе став за војната во Украина. Русинот во изјавата во неделата рече дека поднесува оставка „со моментален ефект“ од неговата функција во московскиот театар, како и од неговата еквивалентна позиција во […]

Убиените Украинци се закопуваат во ровови


Цивилите што беа убиени во безмилосното руско бомбардирање на Чернихив се закопани во ровови. Бидејќи главните градски гробишта во Јацево се под постојано гранатирање од руските окупатори, жртвите се закопани во шумата Јалившчина.  Според украинските медиуми, во воените бомбардирања и престрелки досега се убиени 38 деца, а 840 се ранети. Бројот на цивилите е над […]

Баленсијага одржа модна ревија во боите на Украина


Шпанско-француската модна куќа Баленсијага своето модно шоу и го посвети на Украина. Пред модната ревија во Париз, брендот стави маици во украински национални бои, сина и жолта, на седиштата на присутните. Ревијата исто така  беше отворена со украинска поема.

И Додик како Вучиќ- и за Украина, и за Русија


Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека Република Српска го почитува територијалниот интегритет на Украина, повикува на мир, но не е подготвена да воведе санкции кон Русија. „Ние не сме подготвени Русите, каде и да се, да ги направиме цел на прогон, како што тоа го прават некои на Запад, покажувајќи го […]

Генералот Дејвид Петреус не верува дека Киев ќе падне во рацете на Русија


  Пензионираниот армиски генерал Дејвид Петреус, поранешен шеф на американската централна команда за време на конфликтите во Ирак и Авганистан, рече дека не ги прифаќа воените претпоставки дека Киев неизбежно ќе падне во рацете на Русија. Руските сили имаат колона од воени возила долга 60 километри запрена на пристапот кон украинската престолнина и Петреус рече […]

Петков барал да си одат шпионите што глумат дека се руски дипломати


Во интервју за БТВ, бугарскиот премиер Кирил Петков соопшти дека побарал од руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова сите од aмбасадата кои не се дипломати и се агенти,  да бидат вратени во Москва за да ја увери Бугарија дека такви скандали нема да се случуваат повеќе. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков […]

Бесими најавува нови мерки за надминување на актуелната состојба во економијата


Во текот на наредните денови на јавноста ќе и биде соопштено што се размислува и се дизајнира како паркет на мерки за надминување на актуелната состојба во економијата, најави вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. -Сите можни интервенции за спречување на ценовните шокови се разгледуваат на Влада. Од премиерот е испратена официјална покана и утре […]