Помалку сол за поздрави бубрези и срце


САД – Според официјални податоци, околу 90.000 Американци годишно умираат од болести поврзани со бубрезите, коешто го надминува бројот поврзан со ракот на простата и на дојка. Ново истражување посочува неколку фактори за тоа – гените, како и секојдневните навики на јадење, спиење, вежбање – што се клучни и за спречувањето на оштетување на бубрезите и одржување здраво тело.

Еден од „најголемите тивки убијци“ на доброто здравје е солта. Таа ги става бубрезите под поголем притисок поради тоа што тие треба да ја исцедат водата од телото. Вишокот сол влијае и на протокот на крв, па така влијае и на срцето, што може да го доведе целото тело во компромитирачка состојба и во опасност.

Затоа, стручните лица препорачуваат да се намали дневниот внос на сол, на не повеќе од една лажичка за кафе.