Телеком: 5G мрежата достапна и во Скопје


Македонски телеком  објави дека нивната 5G мрежа е веќе активна во „East Gate Mall“ во Скопје, како и во населбите Ченто, Маџари, Автокоманда, Железара, Керамидница и Хиподром. Компанијата претходно ја стартуваше правата комерцијална 5G мрежа во 15 градови и нивните околини. Од Телеком најавуваат дека до крајот на  месецов мрежата ќе биде достапна и во […]

МОН: Одборот за евалуација на високото образование е гарант за понудата на поквалитетни и атрактивни студиски програми


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со претседателката и потпретседателката на Одборот за евалуација на високото образование, проф. д-р Марина Митревска и проф. д-р Јетмире Јакупи-Алимани. Шаќири на средбата, како што соопшти МОН, истакна дека високи се очекувањата од Одборот во постигнувањето на целта за градење општество засновано на знаења и […]

Еве, што рекле за жените мудрите, искусните и славните


Секоја жена е беспомошна додека не и се исуши лакот на ноктите (Берт Рејнолдс). Треба да се земаат само убави жени; Инаку не постои начин да се ослободите од нив (Род Стјуарт). Не би рекол дека сите жени се исти, има и полоши (Анонимен). Оние кои секогаш добро зборуваат за жените, не ги познаваат доволно; […]

Дали знаеш каде да се обратиш доколку си жртва на родово-базирано насилство?


„Не прикривај. Пред другите…И пред себе. Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина. Тука сме за тебе“  Ова е пораката упатена до жените кои преживуваат родово-базирано насилство од страна на Организација на жените на општина Свети Николе и НВО КХАМ Делчево, со која ги повикуваат да побараат бесплатна психо-социјална и правна помош од нивните […]

8 Март


Денес, зад секое подарено и примено цвеќе се крие една желба, мит, заблуда, лага или вистина за тоа кои сме, што сме, што сме сакале да бидеме, до каде сме стигнале или во што сме се претвориле, дали сме напредувале, стагнирале, или сме се вратиле назад, со зборовите, делата, постапките, однесувањето, како поединци или држава, […]

Приведени крадци во Скопје, украденото пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците


 Одделението за криминалистички работи Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 19:30 часот ги лишеле од слобода С.П.(34) и И.Б.(21), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден во гаражен простор на трговски центар на подрачјето на Гази Баба извршиле тешка кражба во  патничко моторно возило „шкода“ […]

Азески: Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот


 Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквите неизвесности се смрт за инвестициските активности и за нивниот развој, смета претседателот на Стопанската комора и копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески. Тој ваквиот став го соопшти на Бизнис форумот во Копаоник, во рамки […]

Украина: Штетата на инфраструктурата изнесува над 10 милијарди долари


Украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков денеска процени дека штетата предизвикана од руската инвазија врз транспортната инфраструктура на Украина изнесува над 10 милијарди долари, што вклучува мостови, железнички пруги и аеродроми, пишува весникот Украинска Правда. Кубраков истакна дека штетата може да се санира за две години, очекувајќи странска помош за реконструкција.

Како да им се помогне на децата да ја разберат војната во Украина?


  Ако мислите дека известувањето за војната во Украина преку вестите е застрашувачко, помислете како се чувствуваат децата кога ќе ги видат снимките од тенковите, војниците и бомбардирањата на згради. „ТикТок“, „Инстаграм“, подкасти и други медиуми како и платформи за деца и адолесценти често се користат во последно време, а тие се полни со информации […]

„Пари“: Колку украински фирми има во Македонија?


Во Македонија има 40-тина компании каде што барем еден од сопствениците е по потекло од Украина покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Сите се микро, или мали фирми.  Од сите нив, во 2020 година (за кога постојат последни податоци), само 3 имале приходи поголеми од 3 милиони денари (околу 50.000 евра) и тие заедно оствариле вкупен  приход од […]

Светската банка одобри над 720 милиони долари помош за Украина


Светската банка одобри околу 720 милиони долари заеми и помош за поддршка на украинската Влада во исполнување на основните потреби на нејзините граѓани погодени од војна. Извршниот одбор на Светска банка вчера одобри дополнителен пакет за поддршка кој вклучува дополнителен заем од 350 милиони американски долари и гаранции од 139 милиони долари. Банката, исто така, […]

За третина помалку заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19 минатата недела


Во периодот од 28 февруари до 6 март регистрирани сe 2.504 нови позитивни ковид случаи, што е за 32,3 отсто пмалку во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14,0%. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно […]

Костадиновска-Стојчевска: Годинава повеќе средства за културата во Охрид


Годинава за културата во Охрид се издвоени повеќе средства за разлика од лани, односно сите институции од областа на културата во 2022 година добија поголем буџет, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која вчера ги посети националните културни установи во Охрид. Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска истакна дека Охрид поседува ретко светско природно […]

Најмалку деветмина загинати во напад врз украинскиот град Суми


Најмалку девет лица, меѓу кои две деца, загинаа во напад извршен од воздух врз украинскиот град Суми, околу 350 километри источно од Киев, соопштија  спасувачките служби. „Непријателски авиони подмолно нападнаа станбени згради“ доцна синоќа, соопштија денеска спасувачките служби на Телеграм. Суми, во близина на руската граница, со денови е место на тешки борби.

Министерката Петровска во Лондон на средба со британскиот министер за одбрана Бен Валас


Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со делегација од Министерството, престојува во официјална посета на Обединетото Кралство и на британското Министерство за одбрана. Во Лондон, министерката Петровска ќе се сретне со нејзиниот домаќин, министер за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас. На официјалната средба ќе и претходи церемонија за пречек со високи воени почести, во […]

Бугарските туристи се меѓу првите пет по бројот на посети и ноќевања во Северна Македонија


Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски во интервју за познатиот бугарски туристички сајт Bgtourism.bg коментира дека државава има за цел да го зголеми од 15 до 20 отсто бројот на ноќевањата во 2022 година и бројот на туристите да го зголеми за 10 до 15 проценти. Како што јави дописникот […]

Веројатни последици во светот од евентуална забрана на увоз на руска нафта


Најавите од САД дека анализираат забрана на увоз на руска нафта предизвика пораст на суровата нафта од типот Брент до речиси 140 долари за барел, што е највисоко ниво од 2008 година. Русија е најголемиот светски извозник на сурова и нафтени продукти заедно, со околу седум милиони барели дневно или седум отсто од глобалната понуда. […]

Потенцијалниот 20-ти киднапер во нападите во 2001 година го напушти Гвантанамо


Мажот обвинет дека бил потенцијален 20-ти киднапер во нападите на 11 септември 2001 година, е вратен во Саудиска Арабија по две децении притвор во Гвантанамо, соопшти вчера американското Министерство за одбрана. Според Министерството, Мохамед Мани Ахмад ал-Кахтани (46) е префрлен во неговата родна Саудиска Арабија откако ревизорскиот комитет во јуни минатата година утврди дека тој […]

Четири романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“


Романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер) влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко […]

Проекција на  филмот „Старателство“


По повод Меѓународниот ден на женските права и во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата, во Кинотека на Северна Македонија од 20 часот ќе биде прикажан  филмот „Старателство“. Филмот е на на Гзавие Легран, снимен во 2017 година, со Леа Дрикер, Дени Миноше и Тома Жорија во главните улоги. Ја обработува темата за децата […]