Расте стравот од енергетска војна – Русија се заканува со ембарго за транспорт на гас


Стравувањата од енергетска војна меѓу Русија и Западот се зголемија денеска откако САД притискаат свои сојузници да забранат увоз на руска нафта како казна за инвазијата на Москва врз Украина, каде што денеска се очекува да профункционираат хуманитарни коридори. Русија предупреди дека може да го запре протокот на гас преку гасповод  од Русија до Германија […]

Пукање пред училиште во Ајова, убиен еден тинејџер


Еден тинејџер е убиен, а две девојки се тешко повредени во инцидент со пукање пред средно училиште во близина на Де Мојн, главниот град на американската сојузна држава Ајова, соопштија локалните власти. На нив било пукано од автомобил во движење. Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничените се уапсени и дека е убиено 15-годишно […]

Одбележување на 8 Март: Рамноправноста е се уште само декларативна


Негирање на женските права, дискриминација и насилство, помало учество во политиката и на раководните функции, помали плати за исти работни места, повеќе неформална и неплатена работа, се дел од работите со кои денес се уште се соочуваат жените. Тие денеска го слават 8 Март како ден на борба за економска, политичка и социјална рамноправност со […]

За два дена вакцинирани над 1.500 лица во рамки на кампањата за имунизација против Ковид-19


Над 1.500 лица за два дена се вакцинирани со прва и трета доза во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, информираше вчера Министерството за здравство. Преку СМС пораки, како што посочуваат, ги повикуваат лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои сè уште не […]

За Украинците, руските хуманитарни коридори се рекламен трик


Русија планира да отвори хуманитарни коридори во Украина денеска за цивилите да напуштат опколени градови, но Киев инсистира на тоа дека потегот е рекламен трик и луѓето нема да можат да заминат. Понудата на Москва за евакуација на жителите беше осудена затоа што повеќето од рутите водеа во Русија или нејзиниот сојузник Белорусија, и додека […]

Марш за женски права – Сиромаштијата има женско лице


Под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“ денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март ќе се одржи шестиот Марш за женски права. – На овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права во речиси ниту […]

Облачно и студено време, температурите под просекот


Облачно и студено време ќе преовладува денеска во земјава. Ќе има локални врнежи претежно од снег и ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе се движи од 1 до 6 степени. Во Скопје, слично време со утринска температура до -1 […]

Дванаесетти ден од руската инвазија врз Украина


-На дванаесеттиот ден од руската инвазија на Украина, Москва објави уште едно ограничено примирје и воспоставување безбедни коридори кои ќе им овозможат на цивилите да избегаат од некои опколени украински градови, што Киев го отфрли. -Украина остро го критикуваше рускиот предлог, бидејќи најавените рути за евакуација на цивилите од Киев, Мариупол, Харков и Суми главно […]

Москва објави за денеска прекин на огнот за неколку украински градови


Руските власти најавија дека од денеска ќе стапи на сила прекинот на огнот за неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори. „Руската Федерација објавува прекин на огнот во 10 часот (по московско време) на 8 март“, за евакуација на цивили од Киев, како и од други градови. Станува збор за градовите Суми, […]

Оштетен нуклеарен истражувачки објект во Харков


Украина пријавила до Меѓународната агенција за атомска енергија дека нуклеарен истражувачки објект, каде се произведуваат радиоизотопи за медицински и индустриски цели, бил оштетен од руското бомбардирање во градот Харков. Тоа го потврди генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси, истакнувајќи дека бомбардирањето не предизвикало зголемување на нивото на радијација на локацијата. „Мораме да дејствуваме сега […]

ОН: Бројот на цивилни жртви во Украина надмина 1.200


Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти од почетокот на руската инвазија врз Украина има повеќе од 1.200 цивилни жртви, од кои најмалку 406 загинати и 801 повреден. Повеќето од повредените се во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина. Бројките се груба проценка и ОХЦХР нагласува реалните се веројатно значително повисоки. […]

Работниците во Чернобил заробени веќе 12 дена


Повеќе од 100 работници во украинската нуклеарна централа Чернобил – местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот во 1986 година, се заглавени таму повеќе од 12 дена откако руските сили го зазедоа објектот на првиот ден од инвазијата. Заробени се и 200 украински чувари, кои биле задолжени за безбедноста во моментот на нападот. Како што […]

Колони возила пред бензинските пумпи пред да поскапат горивата


На бензинските пумпи низ Скопје вечерва има зголемена фреквенција на возила откако Регулаторната комисија за енергетика објави дека од полноќ цените на горивата се зголемуваат од 5,5 до 10 денари. Вработените на бензинските пумпи велат дека гориво има. Од полноќ, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат по цена повисока за 5,5 денари, а дизелот […]

Кнаус: ЕУ треба годинава да ги почне преговорите со сите земји од Западен Балкан, а не да се движи во круг


Европската Унија треба да прати позитивна визија за регионот, каде што ќе каже дека сите шест земји може да станат дел од оваа зона на стабилноста, во наредните пет години. И дека ние ќе ги започнеме преговорите со сите шест оваа година, изјави вечерва Гералд Кнаус, директор на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ), коментирајќи што […]

Владата најавува таргетирани мерки за стопанството и за ранливите категории граѓани


Во Владата на Република Северна Македонија се одржа состанок со членовите на Економскиот совет во кој учествуваат претставници од академијата, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, претставници на стопанските комори, одделни претставници на поголемите компании од земјата, на синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор. На состанокот, со кој претседаваше […]

Москва употребува нелегално оружје, а лаже дека Украина има биолошко


Украинското Министерство за надворешни работи денеска како дезинформација и провокација ги оцени наводите на Руската Федерација за тоа дека во земјата се создава биолошко оружје. Киев наведува дека Русија продолжува да шири дезинформации за оружје за масовно уништување во Украина, соопштија украинските медиуми. „По серијата апсурдни изјави на руски официјални лица за наводното создавање „валкана“ […]

Германија пак ги кочи санкциите кон Русија


БЕРЛИН – Германскиот канцелар Олаф Шолц  силно ги отфрли повиците на САД и Украина за забрана за увоз на руски гас и нафта од страна на ЕУ како дел од меѓународните санкции кон Москва. Една од најмрачните иронии на војната на Путин во Украина е тоа што Европа помага во финансирањето на воената машина на […]

Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап


Швеѓанецот Арманд Дуплантис го собори денеска светскиот рекорд, кој и досега беше во негова сопственост, прескокнувајќи во третиот обид 6.19 метри на митингот во сала во Белград. Дуплантис (22) за еден сантиметар го подобри рекордот од Глазгов, постигнат во февруари 2020 година. Во сопственост на шведскиот атлетичар е и светскиот рекорд на отворено, кога истата […]

Ракетиран албанскиот почесен конзулат во Харков


Зградата во која работеше почесниот конзулат на Албанија во украинскиот град Харков синоќа беше погодена од руски ракети, соопшти Министрството за Европа и надворешни работи. „Во нападот немаше повредени или жртви. Осудувајќи го нападот, албанскиот конзулат потврдува дека неговиот персонал е безбеден“, се наведува во објавата на Твитер. Во врска со овој тежок инцидент остро […]

Штетите врз украинската инфраструктура околу 10 милијарди долари


Украина– Украина има штети од околу 10 милијарди долари на својата инфраструктура откако Русија на 24 февруари ја изврши инвазијата и ги почна нападите во различни делови на земјата, изјави денеска украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков. Повеќето од оштетените објекти ќе бидат санирани за една година, а најтешко погодените во наредните две години, рече […]