Еве, што рекле за жените мудрите, искусните и славните


Фото: Б. Грданоски

Секоја жена е беспомошна додека не и се исуши лакот на ноктите (Берт Рејнолдс).

Треба да се земаат само убави жени; Инаку не постои начин да се ослободите од нив (Род Стјуарт).

Не би рекол дека сите жени се исти, има и полоши (Анонимен).

Оние кои секогаш добро зборуваат за жените, не ги познаваат доволно; Оние, пак кои зборуваат само лошо, не ги познаваат воопшто (Пиго Леброн).

Жената ти вели: ‘Оди по ѓаволите’ ; Ти одиш, а таа и таму ќе те дочека (Данте Алигери).

Убавите жени се создадени за мажите кои немаат фантазија, а паметните за оние кои немаат среќа (Казанова).

Добро отвори ги очите кога се жениш, а потоа затвори ги (Шекспир).

Не е интересно она што жените ви го кажуваат, туку она што го премолчуваат (Шекспир).

Мажот е среќен со која било жена, се додека не ја засака (Петрарка).

Жените имаат ‘проблем’ за секое решение (Стивен В. Хокинг).

Кажете ми ја причината: знам дека позади тоа се крие жена (Бомон).

Како да го разберам ова: “да се убиеш поради една жена?”; А каде се сите останати? (Тин Ујевич).

Јас се ослободив од сите мои проблеми со жените! (Сер Елтон Џон).