Како да им се помогне на децата да ја разберат војната во Украина?


 

Ако мислите дека известувањето за војната во Украина преку вестите е застрашувачко, помислете како се чувствуваат децата кога ќе ги видат снимките од тенковите, војниците и бомбардирањата на згради.

„ТикТок“, „Инстаграм“, подкасти и други медиуми како и платформи за деца и адолесценти често се користат во последно време, а тие се полни со информации за руската инвазија на Украина.

Самата идеја за војна за детето може да биде вознемирувачка, а ако сте родител на помало дете можно е и сами да сте се нашле во ситуација кога морате да му ја објасните оваа мрачна и сложена тема.

Пружете им поддршка на децата

Стручњаците за медиуми и детските психолози велат дека децата на возраст до 10 години тешко можат да ги разберат проблемите на возрасните, па советуваат да им се пружи поддршка за да успеат да се носат со неодамнешните случувања.

Некои медиуми настојуваат да пласираат вести кои се посебно прилагодени за деца и информирањето за судирот, за да не се чувствуваат исклучени од расправата за војната и да не се чувствуваат преплашени.

Но, не е доволно да се бараат само медиумски содржини прилагодени за деца. Медиумските стручњаци препорачуваат родителите да не го кријат своето мислење пред децата – важно е следењето вести да стане време за дружење и отворен разговор со децата за тоа што се пренесува на вести.

Возрасните мора да останат искрени и смирени

Истовремено, стручњаците кои се занимаваат со развој на децта во рамки на германската комапнија „Шау-Хин“, чија намена е да се обезбедни одговорна конзумација на медиуми меѓу децата, велат дека родителите не треба премногу да се занесуваат со своите чувства.

Тоа само дополнително ги плаши децата, одобено ако сфатат дека возрасните кои би требало да се грижат за нив ни сами не знаат да се справат со она што се случува. Стручњаците за детска психологија на британската национална здравствена служба (НХС) велат дека, кога возрасните им ги објаснуваат воените случувања на децата, треба да останат смирени и искрени.

Без оглед на тоа колку години имаат, децата сакаат сериозно да ги сфатиме. Место само да ги утешиме кога чувствуваат страв или тага, родителите треба да ги прашаат: „Што точно те растажува?“

Само со поставување на ова прашање на детето ќе му донесете утеха. Децата во овие тешки времиња треба да имаат безбеден простор за сигурно процесуирање на мислите и чувставта. Стручњаците на родителите им препорачуваат и да ги поттикнуваат децата своите емоции да ги изразат преку раскажување или цртеж.

Немојте да ја игнорирате веста за војна пред децата

„Дцеата своите чувства ги изразуваат низ игра, но со зборови. Многу за нивните чувства може да откриете едноставно низ дружење и додека ги набљудувате како си играат“, стои во насоките од НХС за родителите кои скаат да им помогнат на децата да се носат со чувствата.

Ако детето си игра и така имитира војна или насилство, тоа може да значи дека е под стрес или дека е вознемирено. Но, во тој случај може да покренете разгворор и да му кажете дека секој судир може да биде страшен.

Британското здружение за ментални здравје им препорачува на родителите во својот дом да не ја игнорираат веста за војната. Гасење на телевизорот или лаптопот во моментот кога се прикажуваат вести само ќе го побуди интересирањето на детето. Ако никој не им објасни што се случува, ќе проработи нивната фантазија, велат стручњаците за ментално здравје.