Ѓоковиќ му понуди финансиска помош на Стаховски кој се вклучи во одбраната на Украина


Украина – Новак Ѓоковиќ понуди финансиска поддршка и каква било друга потребна помош на украинскиот поранешен светски рекет број 31, Сергиј Стаховски, кој се пријави во резервната армија на неговата земја среде руската инвазија на нејзиниот сосед. Стаховски, кој освои четири АТП титули и имаше шокантна победа над Роџер Федерер во второто коло на Вимблдон […]

Социјалистите добија пет, Бериша еден градоначалник, од Баша се бара оставка


По неделните делумни предвремени избори во шест општини во Албанија, нови градоначалници во пет од нив се кандидатите на владејачката Социјалистичка партија, додека во една кандидатот на крилото на демократската партија, предводено од Сали Бериша, кој настапи под слоганот на коалицијата „Дом на слободата“. Нови градоначалници се социјалистите Рахим Спахиу во Пешкопеја, Емириана Спахо во […]

Утре завршуваат карневалските празнувања во Струмица


 Осумдневните карневалски празнувања во Струмица завршуваат утре кога карневалистите ќе му го вратат клучот од градот на градоначалникот, Костадин Костадинов. Вечер ќе бидат доделени наградите на најдобрите карневалски групи, а празнувањето продолжува со забавата насловена како Карневалско село на Плоштадот „Гоце Делчев“. Според претседателот на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, по две години […]

Изложба на олдтајмер автомобили по повод 8 Март


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со СВР Скопје, Скопје Сити Мол и Здружението Љубители на Класик Мини и Пежо 404 – Клуб Македонија, организираше дружење и изложба на олдтајмер автомобили по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената под мотото „Намали ја брзината, зголеми ја сообраќајната култура“. Претседателката […]

Бектеши: Дел од маркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари


Jа поддржуваме одлуката на дел од ланците маркети во земјава да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Бектеши ги повика останатите трговци да ја следат ваквата одлука и да бидат, како што наведува, солидарни во време на глобална криза. -Во оваа […]

Почнува организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка


Министерството за здравство почнува со организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. За закажување превентивен преглед, од денеска е достапна веб платформата skrining.mk. Според Министерството, веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот МојТермин и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан […]

Нови 340 заразени, надмина триста илјади бројот на Ковид-дијагностицирани во земјава


Нови 340 случаи на КОВИД-19 од 2557 направени тестови се регистрирани во последните  24 часа. Во изминатото деноноќие починале две лица, а преку Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ пријавени се уште девет починати. Регистрирани сe 526 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   […]

Ковачевски: Без родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда


 Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска учествуваа на настанот „Различни приказни, заедничка борба“, организиран во Владата по повод одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Своите лични и инспиративни приказни на настанот ги споделиле и повеќе жени од различни сфери на општествениот живот. Кај сите […]

„Шел“ го прекинa купувањето руска сурова нафта


 Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава. Компанијата исто така соопшти дека ќе ги затвори своите бензински пумпи во Русија. „Ние сме целосно свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта… не […]

Пекинг тврди дека САД контролираат над 300 биолаборатории во светот


 Кинеското Министерство за надворешни работа денеска ги повика сите страни да ја гарантирааат безбедноста на 26-те биолаборатории во Украина, како и од САД да објават поединости поврзани со прашањето. „Уште еднаш ја повикуваме американската страна да ги разјасни своите активности по прашањето за биолошка милитаризација во земјата и странство, изјави Жао Лијиан, портпаролот на кинеското […]

СДСМ ги повика институциите да реагираат за набавката на автобуси што ја најави Мицкоски


СДСМ ги повика сите надлежни институции да го истражат случајот со најавената набавка на нови автобуси од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.   -Вмешаноста на нелегалниот асистент по јавни набавки на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски треба да биде расчистена. Сите надлежни институции, Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство за организиран криминал, […]

Шолц и Макрон разговараа со Ши Џинпинг за војната


  Во видео врска, канцеларот Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон разговарале со шефот на кинеската држава и лидер на партијата Ши Џинпинг за војната во Украина, јавува кинеската државна телевизија. Првично нема информации од Берлин и Париз. Шолц и Макрон бараа разговори за унапредување на дипломатските напори за ставање крај на војната. По […]

И јавниот обвинител на Германија почна истрага за воени злосторства во Украина


  Јавниот обвинител на Германија сега истражува и можни руски воени злосторства во Украина. Ова иницираше таканаречена структурна истрага, вели сојузниот министер за правда Марко Бушман (ФДП) за весникот „Пасауер ноје пресе“. Според информациите на Германската прес агенција, властите во Карлсруе имаат конкретни докази дека веќе се извршени воени злосторства. Причина за постапката се извештаите […]

Гранатирани пет дипломатски преставништва во Украина од руските сили


Министерството за надворешни работи на Украина најостро го осудува гранатирањето од страна на вооружените сили на Руската Федерација на просториите на странските дипломатски претставништва во Украина. Како резултат на ракетните бомбардирања од страна на руската армија во Мариупол, оштетена е зградата во која се наоѓаа Генералниот конзулат на Грција и канцеларијата на Специјалната мониторинг мисија […]

Единствена Македонија бара протестни ноти и за Украина и Бугарија


Партијата Единствена Македонија реагира на врачувањето протестна нота на амбасадорот на Русија, без истото тоа да се стори со амбасадорот на Украина и на Бугарија. -Марионетскиот министер Бујар Османи продолжува со провокации спрема македонскиот народ со најновото повикување на рускиот амбасадор иако нема никакво прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи. Дотолку повеќе, токму руската […]

Сѐ повеќе американски мултинационални бизниси ги прекинуваат бизнисите во Русија


Се зголемува листата на американски мултинационални бизниси – од Епл до Левис – кои ги прекинуваат активностите во Русија, но некои компании избираат да останат во земјата и покрај ризиците за нивната репутација. Тие се соочуваат со зголемен притисок: повиците за последици се појавуваат на социјалните мрежи под хаштагови како што се #BoycottMcDonalds и #BoycottPepsi […]

И во Хрватска драстично поскапеа горивата – дизелот е поскап од бензинот


  И во Хрватска од денеска горивата се значително поскапи, па така, Еуросупер 95 сега чини 12,18 куни за литар (1,61 евро) , а за литар Еуросупер 100 ќе треба да се платат 13,11 куни (1,73 евра). И дизелот има нова цена и сега чини 12,51 куни (1,65 евра) за литар за обичен и 13,56 […]

Зошто руската војска се сопна во Украина и дали е тоа само привремено


  Кога станува збор за војна, генералите велат дека „масата е важна“. Но, речиси две недели по инвазијата на претседателот Владимир Путин на Украина – најголемата копнена војна во Европа од 1945 година – сликата на руска војска како таква од која другите земји треба да се плашат, а камоли да се угледаат на неа, […]

Со што ѝ се заканува Путин на Македонија?


МНР вчера му врачи протестна нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин. Освен што Москва ја прогласи Македонија за непријателска држава бидејќи не ја поддржува нивната „специјална операција“ за убивање Украинци, амбасадорот јавно предупреди дека сите што ќе покажат изливи на русофобија ќе бидат внимателно евидентирани и за нив ќе следи правна постапка. Од кого и […]

Обвинителството ги анализира прибраните докази за пожарот во модуларната болница


Шест месеци по пожарот во модуларната ковид болница во Тетово кога 14 луѓе го загубија животот, Обвинителството информира дека во тек е фаза на анализа на сите прибрани докази.  Според нивната информација, се уште е потребно да се работи на целосно утврдување на фактите во предметот за да се донесе одлука околу евентуална кривична одговорност. – […]