Градоначалникот на Харков ја обвинува Русија за геноцид


 Градоначалникот на украинскиот град Харков ги обвини руските сили дека намерно гранатираат цивилна инфраструктура. „Напади има врз градинки, училишта, болници, клиники“, изјави градоначалникот Ихор Терехов денеска за Си-Ен-Ен, јавува ДПА. „Кога се стотици и стотици цивилни згради, тогаш тоа не е несреќа. Тоа е таргетиран напад“, изјави Терехов, додавајќи дека „го смета ова за акт […]

ОХЦХР: Има извештаи за насилство врз проруски граѓани во Украина


Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЧР) има информации дека луѓето за кои се верува дека се проруски настроени се цел на насилство во регионите под контрола на украинската Влада, изјави денеска високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле. На 49-та седница на Советот за човекови права на ОН, таа […]

Изминатата година значително се деградирани правата на жените


Правата на жените и девојките се загрозени минатата година, објави денеска организацијата за човекови права Амнести интернешенел (АИ). – Настаните од 2021 година и првите месеци од 2022 година сковаа заговор да ги уништат правата и достоинството на милиони жени и девојки, истакна генералната секретарка на АИ, Агнес Каламар. Таа додаде „светските кризи не влијаат […]

Грабеж на банка во центарот на Скопје


Грабеж на банка во скопската општина Центар е причината за засиленото полициски присуство во делот меѓу скопските населби Центар и Капиштец, информира полицијaта. „На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што […]

Рускиот генерал Герасимов убиен во Украина


  Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека рускиот генерал Виталиј Герасимов е убиен во близина на Харков. Русија не ја потврди оваа информација. Според украинската служба, Герасимов бил генерал-мајор и прв заменик-командант на руската 41 армија. Убиени или ранети се и неколку други руски офицери, според украинската страна, а пренесува Би-би-си. Според украинската страна, Герасимов […]

Борел: Русија оди кон целосна изолација на своите граѓани


Шефот на дипломатија на ЕУ Жосеп Борел денеска изјави дека Кремљ манипулира со информациите за руската воена кампања во Укрaина, со цел да шири дезинформации меѓу сопствените граѓани, но и да ја наруши стабилноста и безбедноста во Европа. Борел, истовремено ги отфрли критиките дека ЕУ со забраната за емитување на програмите на „Раша Тудеј“ и […]

ЕУ ја признава европската аспирација на Украина, но процедурата во моментов е нејасна


Одлуката на ниво на земји членки на ЕУ за зелено светло да се разгледаат кандидатурите на Украина, Грузија и Молдавија за членство во ЕУ отвора сѐ повеќе прашања, од политички како и од технички аспект. Јавноста чека шефовите на држави и влади на ЕУ да се состанат на крајот на оваа недела во Париз за […]

Бајден го забрани увозот на руската нафта и гас поради војната во Украина


  ВАШИНГТОН – Претседателот Џо Бајден во вторникот објави дека САД ќе го забранат целиот увоз на руска нафта, гас и јаглен со што ќе се заострат трошоците за руската економија како одмазда за нејзината инвазија на Украина, но тој призна дека тоа ќе им донесе трошоци на Американците, особено на бензинските пумпи.  „Ние нема […]

Илјадници Руси заглавени во Тајланд  заради санкциите


Тајланд – Илјадници туристи од Русија во моментов се заглавени во Тајланд, изјавија официјални лица во вторникот, бидејќи  санкцииите од Западот поради инвазијата на Украина ги натера Русите да се снаоѓаат за летови и финансии. Откажувањето на летови, валутата на рубљата во слободен пад и проблемите со плаќањето од руските банки кои се отсечени од […]

Во Србија нема да поскапат струјата, греењето и гасот, остануваат ограничувањата на цената на горивата


Српската вицепремиерка и министерка за енергетика, Зорана Михајловиќ, изјави дека во Србија има доволно енергенти и дека нема да се зголемат цените на струјата, топлинската енергија и гасот, дека ќе останат одредени ограничувања на цената на нафтените деривати и дека ќе се направи подобра рамнотежа меѓу цените на големо и мало, јави дописникот на МИА […]

Московјани зачудено гледаат како исчезнуваат нивните омилени брендови


  Зачудени. Многу московјани ги сфаќаат размерите на меѓународниот одговор на руската воена интервенција во Украина со откривање на затворените врати на големите продавници каде што се облекуваа и се претставуваа како сите Европејци. „Зара“,Х&M, „Икеа“… Сите преку ноќ престанаа да продаваат на рускиот пазар, спуштајќи ги железните решетки во руската престолнина. Ако московјаните доживеаја […]

Ив Џобс, ќерката на Стив Џобс, потпиша за модна агенција


САД– Ив Џобс го прави следниот потег во манекенската кариера! 23-годишната ќерка на починатиот ко-основач на Apple, Стив Џобс, во понеделникот објави селфи на својот Инстаграм, информирајќи ги следбениците дека сега ја претставува Model Management. Исто така во понеделникот, ѕвездата од модните писти присуствуваше на ревијата на женска облека на Луј Витон есен/зима 2022/2023 година […]

Светска војна „З“: Kое е значењето зад рускиот пропаганден симбол?


Буквата „З“ се појави како пропаганден симбол во рускиот напад на Украина, провоцирајќи  споредби со свастиките што ги носеа нацистичките војници во Втората светска војна. Буквата – која не постои во руската азбука – беше необјасниво насликана на задниот дел од нејзините тенкови и други возила. За повеќе од две недели оттогаш, поддржувачите на инвазијата го […]

Рама за ценовната криза во Албанија: Мора да се подготвиме за секое сценарио


Албанскиот премиер, Еди Рама денеска на прес-конференција зборуваше за растот на цените и за ситуацијата во Албанија, погодена од конфликтот во Украина. Рама рече дека зголемувањето на цената на нафтата не зависи од владата, зашто цените растат насекаде во Европа. Тој додаде дека Европа е во војна, нагласувајќи дека иако во Албанија не се војува, […]

Извозот во јануари пораснал 3,6 отсто, увозот 29,3


Во јануари од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 546.045.000 евра што претставува пораст од 3,6 проценти во однос на истиот период лани, а увезена е стока во вредност од 806.610.000 евра што е пораст од 29,3 проценти. Според податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во јануари изнесува 260.565.000 […]

Војната во Украина влијаеше и на Берзата кај нас


Војната во Украина ги затекна инвеститорите на меѓународните берзи, а психолошката корелација се преслика и на нашата берза, порача денеска Иван Штериев, извршниот директор на Македонска берза АД Скопје. -Историски гледано инвеститорите во минатото многу ретко предвидувале дека ќе дојде до некакви воени конфликти. Веројатно причина за тоа е што инвеститорите генерално се рационални луѓе […]

Марш за женски права во Скопје: Одлуките се уште ги носат мажите (галерија)


Итно усвојување на стратегијата за родова еднаквост, донесување на Закон за родова еднаквост, воведување функционални инспекциски служби кои спречуваат експлоатација и дискриминација на работничките и постапување со должно внимание со жртвите на родово базирано насилство од страна на институциите побараа денеска активистките за женските права кои попладнево маршираа во Скопје, по повод Меѓународниот ден на жената – […]

Бесими – Павлова: Продолжува поддршката од ЕИБ за проекти за одржлива инфраструктура и зелена транзиција


Министерството за финансии има успешна соработка со Европската инвестициска банка која е подготовена да ја продолжи поддршката на Република Северна Македонија во финансирањето на клучните проекти за развојот на државата во областа на енергетиката, инфраструктурното поврзување, зелената транзиција, како и зголемување на конкуреноста на домашните компании. Како што соопшти Министерството за финансии, ова беше констатирано […]

Германија: Ембарго на рускиот гас и нафта ќе предизвика тешка економска криза


  Германскиот министер за економија Роберт Хабек, кој доаѓа од Зелените, предупреди на тешки последици по стопанството во Европа во случај на ембарго на увоз на гас и нафта. „Во случај на ембарго зборуваме за тешка економска криза во Германија и во Европа“, рече министерот Хабек во разговор за РТЛ. Во случај на ембарго цената […]

Столтенберг бара „вистински хуманитарни коридори“ во Украина


 Цивилите мора да можат да се евакуираат безбедно од Украина, ијзави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Во Украина потребни се „вистински хуманитарни коридори кои се целосно почитувани“, изјави Столтенберг денеска на прес-конференција со претседателот на Летонија Егилс Левитс, пренесува ДПА. Шефот на Алијансата изјави дека се „тотално неприфатливи“ извештаите за напади врз цивили во […]