Почина Фарук Омерагиќ, претседател на Градскиот пливачки сојуз на Скопје


По кратко боледување вчера во Скопје почина Фарук Омерагиќ, актуелен претседател на Градскиот пливачки сојуз на Скопје и долгогодишен спортски работник и активист во областа на културата и уметноста. Неговата богата биографија е исполнета и со други ангажмани во минатото, бидејќи беше редок познавач на коњичките спортови и поранешен член на Управниот одбор на таа […]

Данската кралица и шпанскиот крал позитивни на Ковид-19


Данска/Шпанија – Кралицата Маргарет II од Данска и шпанскиот крал Филип VI се позитивни на коронавирус, соопштија денеска двете кралски семејства. Кралица Маргарет (81) имаше само благи симптоми, а дека е позитивна беше откриено претходната вечер, се наведува во соопштението на кралското семејство. Кралицата моментално се наоѓа во замокот Амалиенборг во Копенхаген, а откажано е нејзиното […]

Турција се токми да ги забрани Дојче веле, Еуроњуз и Гласот на Америка


  АНКАРА – Турското тело за следење на радиодифузијата им даде на три меѓународни новински агенции 72 часа да добијат дозвола за работа или да им биде блокиран пристапот до нивните платформи, изјави во средата еден од нејзините членови. Илхан Ташчи го критикуваше потегот на Врховниот совет за радио и телевизија (РТУК) да бара лиценци […]

Минимална плата


Работниците успеаја да издејствуваат зголемување на минималната плата на 18 илјади денари, и тоа без одложување, веќе од март оваа година и без парцијално зголемување „на рати“, туку во целост и веднаш. Гледано од овој аспект, ова е голема победа на синдикатите кои поддршка најдоа и кај Владата. Таа не само што застана зад нивните […]

Жичницата времено не работи поради силниот ветер


ЈСП Скопје информира дека жичницата од утринава, времено не е во функција поради силниот ветер. Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување […]

Косово воведе санкции кон лица и организации од Белорусија


Владата на Косово донесе денеска одлука за спроведување на санкциите кои ги воведе Европската унија кон 183 лица и 26 организации од Белорусија кои се поврзани со режимот на белорускиот претседател, Александр Лукашенко. Како што соопшти службата за информирање на косовската Влада, санкциите подразбираат замрзнување на нивните средства во Република Косово, забрана за патување и […]

Белоруска скијачка ја напушти земјата по забраната поради политички ставови


  Белоруска крос-кантри скијачка ја напушти земјата со своето семејство поради стравувања од одмазднички акции на властите, откако ѝ било забрането да се натпреварува поради политичките ставови на семејството, рекоа таа и нејзиниот татко. Дарја Долидович и нејзиното семејство сега се во Полска, каде се надева дека ќе продолжи со тренинзите, изјави нејзиниот татко Сергеј, […]

Собранието од една влезе во друга блокада


  Владејачкото мнозинство го зголеми бројот на пратениците, но во исто време стана малцинство во голем број собраниски комисии. Тоа е резултат на преминувањето на изборниот партнер на СДСМ, Беса, во опозиција. Беса сега има само два пратеника  во Собранието, но тие два пратеника го прават мнозинството на опозицијата во една третина од комисиите, без […]

Извештај: Единствена „придобивка“ од Брегзит се зголемени трошоци за компаниите и поголема бирократија


Излегувањето на Велика Британија од Европската унија (Брегзит) на земјата и донесе поголеми трошоци, поголема бирократија и доцнење на стоката на границите, а засега ги нема ветените придобивки, соопшти денеска Комитетот на британскиот Парламент за јавна потрошувачка.   Еден ден откако премиерот Борис Џонсон именуваше државен секретар за „потенцијалите на Брегзит“, Комитетот оцени дека „единственото […]

Исцелител во Пакистан забил шајка во главата на трудница


  Во Пакистан полицијата трага по исцелител кој забил шајка во главата на трудна жена. Таа дошла во болница во Пешевар откако прво се обиде а со клешта да ја извади шајката, долга 5 см. На лекарите прво им рекла дека сама си ја забила шајката, а потоа признала дека тоа го направил исцелител, кај […]

Извршната директорка на „Гринпис“, Американската Џенифер Морган, ќе стане нова германска специјална претставничка за климата


Извршната директорка на „Гринпис Интернешнл“, Џенифер Морган, треба да стане специјален претставник на новата германска влада за климата, јави ДПА. Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска во Берлин ја потврди најавата за именувањето. -За мене ова е назначување од соништата и важен сигнал за меѓународна заштита на климата, рече Бербок, која доаѓа од Партијата […]

Пораст на бројот на умрени од Ковид-19 во Белгија


Иако сите други индикатори се охрабрувачки, бројот на умрени од Ковид-19 на почетокот на месецов пораснал за околу една третина, јави дописничката на МИА од Брисел. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје се намалува бројот на новозаразени, хоспитализирани, стапката на позитивност и стапката на репродукција на вирусот. Сите овие показатели се охрабрувачки и […]

Регионот посветен на изградба и обнова на железничките коридори


Сите влади од регионот остануваат посветени на изградба и обнова на железничките коридори, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пред првиот состанок на мрежата на компании за железничка инфраструктура од Западен Балкан, што во организација на Секретаријатот на транспортната заедница, се одржува денеска во Скопје. На првата средба на директорите на железничките […]

Фирмите што го помагаат спортот ќе бидат даночно ослободени


Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ги повикаа компаниите и оваа година да дадат поддршка на спортските субјекти преку реализација на спортските ваучери. За возврат тие ќе добијат даночното ослободување. – Инвестирањето во спорот со цел подобрување на условите за развој на секој […]

Џонсон најави укинување на задолжителната самоизолација за позитивните на Ковид-19


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека, кога во текот на овој месец ќе ја претстави владината стратегија за соживот со коронавиорусот, има намера да ја укине законската обврска за самоизолација за луѓето во Англија кои се позитивни на Ковид-19 Минатиот јули тој за малку ќе ги укинеше сите епидемиолошки мерки во Англија, а минатиот […]

ЕУ: Србија е слободна да склучи договор со Кина, но ќе мора да го напушти кога ќе влезе во ЕУ


Србија е слободна да склучува трговски договори со други земји или организации пред да влезе во Европската унија, „под услов тоа да не биде на штета на одредбите од Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Србија“, изјави денеска портпаролот на Европската комисија Петер Стано, јави дописникот на МИА од Белград. Осврнувајќи се на […]

Од 1 јануари 2020 досега регистрирани поголем број производители на вино отколку во претходните 30 години


Од 1 јануари 2020 година во земјава се регистрирани вкупно 68 микро винарии. Согласно новата Пргограма за поддршка што беше усвоена на вчерашната владина седница, тие ќе можат да бараат грантови од 10.000 евра за опрема и за консултантски, енолошки услуги. Според министерот за земојделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Програмата за малите винарии се […]

ТИРЗ Тетово ќе произведува електрична енергија преку фотонапонска централа


Следен предизвик за Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово и Владата ќе биде создавање на таканаречена „Зелена зона“ со дополнителни инвестиции во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.  Според министерот за економија Крешник Бектеши, ова е доказ дека јавно приватното партнерство на Владата со компанијата Нормак Груп за ТИРЗ Тетово е успешно на […]

Бектеши: Не сме потрошиле ни 120 милиони евра, додека други држави за енергетската криза дале милијарди


Со воведувањето на кризната состојба, Северна Македонија успешно ја менаџира енергетската криза и во споредба со другите држави од соседство има потрошени многу помалку пари, оцени министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање за состојбите во енергетиката по денешната негова посета на Технолошко развојната зона во Тетово. -Моментално нема рестрикции во Северна […]

Нуредини: Ќе бараме од Владата зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро


Ќе бараме од Владата зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро. Во меѓувреме ќе соработуваме со сите засегнати страни. Се надевам дека ќе најдеме решение за подобра состојба со езерото, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во Кавадарци, по средбата со претставници на иницијативата за спас на […]