Најстудено во Берово, минус 7 степени, во Маврови Анови снежна покривка од 37 сантиметри,


Најстудено утрово е во Берово каде што температурата е 7 степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури во 7.30 часот  се измерени и во Маврово (-6), Битола (-5), Крива Паланка, Тетово и Струмица (-4),  Скопје-Петровец, Прилеп, Штип и  Демир Капија (-3),  Охрид, Куманово и Претор (-2) и Скопје-Зајчев Рид и Крушево (-1). Нула […]

ЕУ ќе донира уште 125 милиони евра за Африка за вакцини


Европската унија вети уште 125 милиони евра за кампања за вакцинација против Ковид-19 во Африка, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Парите ќе бидат искористени за квалитетна дистрибуција на дозите на вакцини и обука на медицински тимови, изјави таа во Институтот Пастер во сенегалскиот главен град Дакар. Донираните средства ќе бидат инвестирани […]

Пентагон: Русија продолжува да испраќа војници кон Украина


Во изминатите 24 часа Русија продолжи да испраќа дополнителни војници на украинско-белоруската граница, соопшти Пентагон. – Русија ги зголемува своите опции и потенцијал за акција со секој изминат ден, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на прес-конференција. Големите руски воени вежби во Белорусија придонесуваат за ескалација на тензиите околу Украина, соопшти вчера Белата куќа. – […]

По 24 години нов закон за пасишта


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува нов закон за пасишта. Веќе се изработени два драфт предлога од кои треба да произлезе конечното решение. Драфт верзиите ќе се разгледуваат следната недела, за што е веќе формирана работна група. Како што вели министерот Љупчо Николовски во интервју за МИА, земјава располага со околу 500.000 хектари пасишта, […]

Матео Ренци обвинет за незаконско финансирање партија


  Обвинителите во Италија официјално го обвинија поранешниот премиер Матео Ренци за незаконско финансирање политичка партија. Обвинителите во Фиренца велат дека на Ренци треба да му се суди по истрагата за наводните нерегуларности во финансирањето на Опен, фондација која помогна да се издигне од градоначалник на Фиренца до премиер на земјата и лидер на левичарската […]

Русија почна заеднички воени вежби со Белорусија


Русија и Белорусија денеска почнаа заеднички воени вежби предизвикаувајќи загриженост во западните земји дека Москва подготвува голема ескалација на конфликт во Украина. Руското Министерство за одбрана во соопштението нагласи дека вежбите се планирани да продолжат до 20 февруари во Белорусија. Според нив, вежбите ќе се фокусираат на „потиснување и одбивање  надворешна агресија“. 

„Ал Арабија“: Обид за атентат врз либискиот премиер


Либискиот премиер Абдул Хамид Дбеиба остана неповреден по обид за атентат денеска во раните утрински часови кога непознати лица отворија оган врз неговиот автомобил во Триполи, објави телевизијата Ал Арабија. Неколку куршуми го погодиле автомобилот на Дбеиба, а напаѓачите успеале да побегнат.

Се интензивира дијалогот на работните групи, во Софија в петок состанок на експертско ниво за политичките прашања


Се интензивира дијалогот меѓу работните групи што беа договорени на крајот на јануари меѓу Северна Македонија и Бугарија, со цел враќање на довербата и надминување на разликите меѓу двете земји. Во Софија утре ќе се одржи состанок на работната група за инфраструктура, додека в петок е редовниот состанок на експертско ниво, согласно договорената динамика на […]

Поголем процент имунизирани е единствен начин за укинување на превентивните мерки


Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19, но се уште единствен начин за излез од пандемијата и укинување на превентивните мерки како носење маски, дезинфекција и дистанца, е зголемување на процентот на имунизација на населението. Според министерот за здравство Беким Сали со ова темпо на имунизација, […]

И во Франција организираа „Конвој на слободата“


Во Франција организираа Конвој на слободата по примерот на протестите на возачите на камиони во Канада. Возачи на камиони се собраа во неколку градови и се упатија кон Париз. Многумина од нив вееја канадски знамиња. Нивниот план е да протестираат во главниот град против потврдите за вакцинација и забраните за неимунизирани лица да посетуваат одредени […]

Сончево и топло до петок, викендот облачно и постудено


Сончево и потопло време ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 16 степени. Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, во текот на […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 10 јануари 2022 година, 10-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 355 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 20 минути. Денов трае 9 часа и 19 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

ММФ: Околу 100 земји размислуваат да воведат дигитална валута, но не постои единствен модел кој им одговара на сите


 Фактите од искуството со првите лансирани дигитални валути на централните банки (CBDC) ширум светот укажуваат дека не постои модел кој одговара на сите, вели директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева. Според проценките на ММФ, околу 100 земји во моментов размислуваат за проекти за CBDC, според студијата на Фондот објавена денеска, во која се […]

Со фузија произведено рекордно количество енергија


  Научниците денеска произведоа рекордна количина на енергија преку нуклеарна фузија, што може да биде пресвртница во борбата против климатските промени. Истражувачите од експериментот Joint European Torus (JET) во Оксфордшир произведоа топлина од 59 мегаџули за пет секунди, што е еквивалентно на 14 килограми ТНТ. Претходниот рекорд беше во 1997 година, кога беше произведена топлина […]

Словенечките синдикати од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата не ги зголеми платите


Словенечките синдикати на работниците од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата до следната недела не одговори на нивните барања за зголемување на платите. На прес-конференција денеска  Бранимир Штрукељ и Јакоб Почивавшек, кои ги претставуваат овие синдикати во преговорите со Владата, соопштија дека се уште не добиле одговори на нивните предлози, а тоа очекуваат […]

Челзи против Палмеирас во финалето на Светското клупско првенство


Фудбалерите на Челзи успешно ја завршија полуфиналната задача на Светското клупско првенство, совладувајќи го вечерва во Абу Даби саудискиот тим Ал Хилал со минимални 1:0 (1:0). Актуелниот европски шампион обезбеди финале и дуел за трофејот против првакот на јужноамериканскиот Копа Либертадорес, Палмеирас, со голот на Ромелу Лукаку во 32 минута. За Челзи тоа ќе биде втор пат […]

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19


Министерството за здравство е во фаза на преговори со производителот „Фајзер“ за набавка на лекот против КОВИД-19, но според министерот за здравство Беким Сали, тоа е процес и не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита […]

По Келвин Клајн, Џордаче: Брук Шилдс во нова џинс кампања на 56 години


САД-Брук Шилдс имаше само 15 години кога за прв пат позираше во сини фармерки и рече: „Сакаш да знаеш што има помеѓу мене и моите Калвини? Ништо.” Се разбира, со оглед на нејзината возраст во тоа време, таа рекламна кампања на Келвин Клајн од 1980 година се покажа како контроверзна. Но, сега, повеќе од 40 […]

Пиењето кафе ви го продолжува животот-научниците знаат колку шолји ви требаат на ден


Пиењето три шолји мелено кафе на ден – но не инстант – може да ви помогне да живеете подолго, покажува новото истражување. Речиси половина милион Британци запишани во студијата за Биобанк во Обединетото Кралство беа поделени според внесот на кафе – оние кои не пиеле ниту една, оние кои пијат до три шолји и оние […]

Нови 1.554 случаи на Ковид-19, починати 34 лица


Во последните 24 часа регистрирани се 1.554 нови случаи на Ковид-19, од кои 216 се реинфекции. Истовремено, оздравени се 1.843 пациенти и пријавени се 34 починати лица, информираше Министерството за здравство. Повеќе од половина од новозаразените се во Скопје – 825. Во Тетово се регистрирани 82 нови случаи, во Куманово 70, Кавадарци 62, Битола 59, […]