Исцелител во Пакистан забил шајка во главата на трудница


 

Во Пакистан полицијата трага по исцелител кој забил шајка во главата на трудна жена.

Таа дошла во болница во Пешевар откако прво се обиде а со клешта да ја извади шајката, долга 5 см.

На лекарите прво им рекла дека сама си ја забила шајката, а потоа признала дека тоа го направил исцелител, кај кого отишла, а тој ѝ гарантирал дека ќе роди син, пишува Би-би-си.

Лекарот Хајдар Кан од болницата „Лејди Ридинг“ вели дека жената била при свест, само имала јаки болки.

Жената има три ќерки, а сопругот се заканувал дека ќе ја остави ако повторно роди девојче. За исцелителот дознала до соседите и отишла кај него да побара помош.

Во сиромашните јужноазиски земји често се смета дека синот може да обезбеди подобра финансиска сигурност за родителите од ќерката.

Регилиозни исцелители се релативно чести во Пакистан, особено во севернозападните делови каде живеат племенски заедници.

Нивните пракси се темелат на суфиската традиција, коха понекогаш се опишува како облик на исламски мистицизам. Нивните активности се забранети во многу исламски училишта.

Полицијата почнала истрага откако на интернет се појавиле рентгенски снимки од повредата. Потоа неколку дена разговарале со персоналот во болницата за да ја најдат жената која ја напуштила болницата откако ѝ била извадена шајката од главата, со надеж дека таа ќе помогне при идентификацијата на мажот.

Полицијата ќе испита и зошто овој случај не е пријавен од болницата, кога жената дошла по помош.