Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови


Во 7 часот утрово најмногу снег 30 сантиметри има во Маврови Анови, 22 на Попова Шапка, 15 сантиметри Крушево, 10 Пожаране и три сантиметри во Ѓуриште. Најстудено со -6 степени се измерени во Берово, -4 Битола, Тетово, Попова Шапка, -3 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Маврови Анови, -2 степени во Штип, Претор, Дебар, -1 во Охрид, […]

Скопје и Софија продолжуваат со активниот дијалог


Северна Македонија и Бугарија продолжуваат со активниот дијалог за т.н. пакет политички прашања и за интензивирање на соработката во областите дефинирани со работните групи согласно утврдената динамика што треба да го откочи евроинтеграцискиот пат на земјава. Во конструктивна и отворена атмосфера поминала вчера во Софија четвртата рунда експертски разговори меѓу тимовите на министерствата за надворешни […]

„Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија „КО-РА“


Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ вечер ќе биде отворена традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго на љубовта“ и славниот композитор Астор Пјацола.   И оваа година Галерија „КО-РА“ , како што најавуваат оттаму, ќе се придружи во одбележувањето на Денот на вљубените, во прослава на љубовта, виното, но оваа година воедно одбележувајќи […]

По минималната плата, се бара зголемување и на останатите плати


По договорот за зголемување на минималната плата, се погласно се бара зголемување и на останатите плати. Дел од синдикатите излегоа со барање да се почитуваат Законот за минимална плата и колективните договори, во спротивно најавуваат радикализирање на идните чекори. По Синдикатот на УПОЗ, вчера со реакција излезе и Конфедерацијата на слободни синдикати која побара до […]

Канадската Влада се подготвува да преземе акција против камионџиите


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека полицијата и сите нивоа на власт се подготвуваат да преземат акција против камионџиите, кои со денови протестираат против мерките за ограничување на коронавирусот и прописите за вакцинација, јави ДПА. Демонстрантите мора да се откажат од блокадите или да се соочат со тешки последици за какви било незаконски […]

Активни 11.727 Ковид случаи, според надлежните, вакцинацијата е најдобра заштита


Активни се 11.727 Ковид случаи во државава од кои најголем број 7081 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје при направени 3.996 тестови, регистрирани се 1.348 нови случаи со КОВИД-19, 11 починати и 1 247 оздравени пациенти. Од вкупно 1.348 нови случаи регистрирани се 196 реинфекции. Продолжуваат апелите на надлежните […]

Облачно со северен ветер, температурата до 14 степени


Времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 12 февруари 2022 година, 43-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 322 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 17 часот и 1 минута. Денов трае 10 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Си-Ен-Ен објави приказна за Пендаровски и Ембла: Претседателот го одведе детето на училиште


Потегот на претседателот Стево Пендаровски со посетата на семејството на малата Ембла Адеми, како и одењето со неа во основното училиште „Единство” во Гостивар, беше одбележан и со сторија што ја објави Си-Ен-Ен. Сторијата со наслов: „11-годишно девојче со Даунов синдром било малтретирано, поради што претседателот на нејзината земја ја одведе на училиште“ беше објавена […]

ЕУ повика некои од своите дипломати во Украина да ја напуштат земјата


Европската унија ги информираше вработените во својата дипломатска мисија во Украина, кои не се од суштинско значење, да ја напуштат земјата, но не издаде наредба за евакуација. Одлуката на ЕУ доаѓа откако САД и Велика Британија ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина и откако Белата куќа предупреди дека верува дека руските сили се во состојба да извршат […]

САД испраќаат уште 3.000 војници во Полска поради страв од руска инвазија


САД соопштија дека испраќаат уште 3.000 војници во Полска за да ги обезбедат сојузниците во НАТО поради зголемените стравувања од руска инвазија на Украина. Тие 3.000 војници, стационирани во Форт Брег во Северна Каролина, веќе беа во подготвеност кон крајот на јануари на барање на американскиот претседател Џо Бајден. Тие сега ќе ја напуштат базата […]

Од Белата куќа предупредија на непосредна опасност од руска инвазија на Украина


Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави денеска дека руска воена инвазија може да започне во секое време и ги повика Американците да ја напуштат Украина веднаш. -Не говориме дека има донесено одлука. Но набљудуваме како руските сили пристигаат на границата со Украина, изјави Саливан на брифинг во Белата куќа денеска, откако претседателот Џо […]

Не е потребна „шок терапија“ на ФЕД за да се скроти „загреаната“ економија, вели Кругман


Нобеловецот економист Пол Кругман рече дека иако е време Федералните резерви да почне да ги зголемува каматните стапки, нема криза во однос на инфлацијата и посочи дека креаторите на политиката ќе можат да го одмеруваат нивното заострување. „Ова е очигледно многу жешка економија и работа на ФЕД е малку да ја разлади“, рече Кругман во […]

Здружението на германската индустрија: Оваа година ќе биде потешка од очекуваното


Високите цени на енергијата и суровините и тесните грла во снабдувањето ќе го попречат растот на германската економија оваа година, предупреди во петокот Здружението на германските стопански и индустриски комори (ДИХК). Во такви услови, ДИХК ја намали прогнозата за раст на најголемата европска економија годинава за 0,6 процентни поени и сега предвидува дека годинава ќе […]

Село на духови се појави во Шпанија откако сушата го испразни вештачкото езеро


  Село на духови, кое се појави откако сушата речиси ја испразни браната на шпанско-португалската граница, привлекува толпи туристи со своите морничави, сиви урнатини. Со акумулацијата на 15% од нејзиниот капацитет, деталите за животот замрзнат во 1992 година, кога селото Асередо во северозападниот регион Галиција во Шпанија беше поплавено за да се создаде акумулацијата Алто […]

Формалниот образовен процес не учи на вештини за претприемништво


Формалниот образовен процес не им нуди на младите соодветна можност за стекнување на знаења и вештини за претприемништво, а постои и јасен недостаток на практично и искуствено учење, како и учење за тимска работа. Самото образование пак, игра пасивна и маргинална улога во идеолошките ставови. Ова се клучните наоди од истражувањата на Младинскиот образовен форум […]

Растат цените на нафтата – барелот денеска над 92 долари


Цените на нафтата денеска се зголемија на над 92 долари откако Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) соопшти дека пазарот на нафта е недоволно снабден, што ја засени загриженоста за инфлацијата и можноста за обновување на иранскиот извоз. Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 1,01 долар во однос на претходното затворање, на 92,42 […]

Утре без вода неколку улици во Кисела Вода


Прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат дел од корисниците од општина Кисела Вода. -Без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците: „Киро Крстевски“, „Вера Јоциќ“, дел од улиците „Иван Козаров“, „Божидар Аџија“ и улица „Георги Димитров“, информира јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Корисниците ќе бидат без вода поради дефект на улицата „Киро Крстевски“ […]

Скопјанец пронајден починат во станот


Скопјанец на возраст од 48 години вчера e пронајден починат во неговиот дом во Драчево. Човекот е пронајден во стан на улицата Китка. Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

За убиецот на Азем Хајдари, симболот на албанската демократија, 21 година затвор


По повеќе од 24 години од убиството на Азем Хајдари, од Демократската партија, кој го носи епитетот симбол на демократијата во Албанија, на неговиот егзекутор Изет Хаџија, денеска, судот во Тирана му изрече казна затвор во траење од 21 година. Убиството се случи на 12 септември 1998 година, пред седиштето на партијата, кога Хајдари, кој […]