Германската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина


Германија –  Германија е последната земја  која ги повика своите граѓани во Украина да ја напуштат, бидејќи се зголемуваат стравувањата од можна руска инвазија во наредните денови, јави ДПА. „Доколку моментално сте во Украина, проверете дали вашето присуство е строго задолжително. Доколку не е, заминете за кратко време“, препорача Министерството за надворешни работи во Берлин. САД […]

Љубовта има многу форми: Откријте ги во Ист гејт мол


Овој викенд во Ист Гејт Мол се случува вистинска екстравагантна атмосфера во чест на двата најпознати празници во месец февруари, коишто ја слават љубовта и виното. Започнати се деновите на вистинска љубовна магија во најголемата шопинг престолнина. Мелодијата на домашните и светски евергрини и арии, е подготвена да ја збогати зимската атмосфера во Ист Гејт Мол. На 12.02.2022 (сабота), од 18:30 до […]

Златко Јовановски е нашиот Зухаир Мурад: Гламурот сјае и во пандемија (фото)


Златко Јовановски со модни ателјеа во Скопје и во Тетово под брендот “ЈZJ by Zlatko Jovanovski”, ја продолжува гламурозната модна приказна и во услови на пандемија. Неговите драматични тоалети и венчаници наликуваат на креациите на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад кој е омилен на Холивуд, и чија драматична венчаница носи и Џенифер Лопез во актуелниот филм […]

Илјадници демонстранти пристигнаа во Париз – полицијата ги пречека со водени топови


Франција –  Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус се собраа ноќеска и утринава во предградијата на Париз. Демонстрантите пристигнаа во конвои од цела Франција, со намера да влезат во Париз и покрај тоа што градските власти забранија секакви блокади. „Речиси 7.200 полицајци ќе бидат распоредени во следните […]

„Независен“ во Украина: Почна одбројувањето, сите се подготвуваат за евакуација или за војна


  (Од нашиот известувач)  КИЕВ – Состојбата околу Украина од вчера почнува драматично да ескалира, со најава утрово дека е прашање на часови кога САД ќе го повикаат својот дипломатски персонал во амбасадата да ја напушти земјата. Најавите за можна руска инвазија „во кој било ден“ сега стигнаа до „кое било време“. Неколку земји, меѓу […]

Кличко: Одобрен е планот за евакуација на украинската престолнина


Украина – Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска изјави дека властите на украинската престолнина го одобрија планот за евакуација во случај на руска инвазија, соопшти прес-службата на градоначалникот. -Градските служби веќе работат на спречување на вонредна ситуација од воена природа. Нашите напори се насочени кон спречување или надминување на можни провокации и на спротивставување на воен […]

Вучиќ: Србија на никаков начин не треба да го признае Косово


Србија– Никако не треба да ја признаеме независноста на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, порачувајќи дека Србија треба да работи со косовските Албанци на создавање на подобри односи и на доверба, јави дописникот н МИА од Белград. -Проблемот е што Албанците не сакаат да слушнат за ништо друго освен за независност. Пандорината кутија е […]

Ковачевски: На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Македонија


На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Република Северна Македонија, напиша Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, на неговиот фејсбук профил. – НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи. Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите […]

Поранешниот хрватски претседател Месиќ денеска во Косово


Косово– Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ ќе престојува денеска во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста ја објави службата за односи со јавноста на Собранието на Косово, која соопшти дека Месиќ во 11 часот ќе биде примен од собранискиот спикер, Глаук Коњуфца. Засега нема инормации за други средби […]

Британец создава „крипто утопија“ во Јужен Пацифик


  Во изминатите 12 години Ентони Велч и неговата партнерка Тереза ​​живеат живот на Робинзон Крузо сами на остров во јужниот дел на Тихиот Океан, главно недопрен од човештвото. Велч, пензиониран британски инвеститор во недвижнини, се надева дека спокојството наскоро ќе биде нарушено од 21.000 инвеститори во криптовалути кои се обидува да ги убеди да […]

ЗОИ: Хокеарите на САД ја победија Канада на Олимпијада за прв пат по 12 години


Кина– Тимот на САД утрово ја совлада Канада со 4:2 во натпреварот од групната фаза на Олимпијадата во Пекинг. За Американците ова е прва победа над Канаѓаните на Олимпијадата по 12 години. Соединетите Американски Држави последен пат ја совладаа Канада во групната фаза на Олимписките игри во 2010 година, но потоа загубија во финалето. По овој […]

Евровизија била и ќе остане непредвидлива: Интервју со Александар Масевски, композитор


Познатиот композитор и продуцент Александар Масевски е автор на песната Circles во изведба на Андреа Коевска која ќе не претставува на Евросонг, во мај, во Торино, Италија. Неговиот професионален музички пат почнува уште во 1991 година, кога започнал да работи во Амстердам, главниот град на Холандија и освоил неколку издавачки договори со BMG и Sony.Во […]

Германија утре избира нов претседател, најголеми шанси има актуелниот Штајнмаер


Германија- Во Германија утре се избира нов претседател, а актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер има најдобри шанси да остане на највисоката политичка функција во земјата и во следните пет години. Претседателот се избира во таканареченото Сојузно собрание, тело од 1.472 членови и составено од сите 736 пратеници на Бундестагот, како и исто толку претставници на сојузните […]

Австрија ги олеснува ограничувањата против Ковид-19


Австрија – Австрија продолжува со олеснување на ограничувањата против Ковид-19, што значи дека граѓаните од следната сабота ќе мора маски да носат само во продавници и музеи. Според правилата, влез во установите е дозволен само за вакцинирани или оние кои се опоравиле од Ковид-19. Олеснето е и ограничувањето на бројот на посетители на јавни настани. Меѓутоа, […]

„Нашите права не смеат да бидат табу тема“ – прв протестен марш посветен на самохраните мајки


Животот на еден самохран родител во државата носи со себе огромни предизвици. Поради игнорантскиот однос од страна на државата, сите политички гарнитури од последната деценија и системски промени за целната група самохрани и еднородителски семејства, утре првпат во државата ќе се организира протестен марш посветен на самохраните мајки, гневни од условите што ги нуди општеството, […]

И Австралија и Нов Зеланд побараа од своите граѓани да ја напуштат Украина


 Австралија и Нов Зеланд денеска им се придружија на неколкуте западни земји кои ги предупредија своите граѓани веднаш да си заминат од  Украина, бидејќи се зголемени стравувањата од руска инвазија, јави ДПА. Потегот следи по апелите што до своите државјани ги упатија САД, Велика Британија, Летонија и Естонија, како и Данска и Холандија, за што […]

Руските дипломати ја напуштаат Украина


Украина – Вработените во руската дипломатска мисија почнаа да ја напуштаат Украина, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на неименуван, добро информиран, извор од Киев. Според изјави на украински граѓани, руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата. Според […]

Вратите на АНБ отворени за најдобрите студенти 


Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски и проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност-Скопје остварија работна средба на која се разговарало за имплементација на Меморандум за соработка меѓу двете институции. Како што соопштија од Универзитетот „Св.Климент Охридски“, била истакната заедничка заложба и интерес за унапредување на соработката […]

Во јануари исечени рекорден број стебла од дождовните шуми на Амазонија


Бразил– Најновите сателитски податоци покажуваат дека бројот на исечени стебла во бразилскиот дел на Амазонија во јануари го надминал бројот од истиот месец минатата година, јави Би-Би-Си. Според британскиот медиум минатиот месец биле уништени  пет пати повеќе шумски површини отколку во 2021 година, со што е соборен наслевниот рекорд од јануари 2015 година, откако се следат […]

Николовски : Годинава најмалку 205 милиони евра вкупна поддршка во земјоделството


Нам не ни е проблем Бугарија или некое друго политичко прашање за да губиме време и да чекаме некој друг да ги преземе овие храбри чекори и одлуки. И без да ги почнеме преговорите со ЕУ, веќе се усогласуваме со поглавјата и со европските директиви за да биде полесен процесот кога ќе почнат преговорите. Кога […]