Златко Јовановски е нашиот Зухаир Мурад: Гламурот сјае и во пандемија (фото)

Инспирацијата е секогаш иста, јас кралот на светкавото облечен во пењоар, пијам кафе и дизајнирам… но овој пат разговорите со клиентите и нивните потреби, мислења и идеи ги ставив во преден план


Златко Јовановски со модни ателјеа во Скопје и во Тетово под брендот “ЈZJ by Zlatko Jovanovski”, ја продолжува гламурозната модна приказна и во услови на пандемија. Неговите драматични тоалети и венчаници наликуваат на креациите на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад кој е омилен на Холивуд, и чија драматична венчаница носи и Џенифер Лопез во актуелниот филм „Marry Me“.
-Изминатиов период имав низа мини колекции и фотосесии за сценска мода, и сметам дека дојде време да објавиме колекција која е комерцијална и “нослива”. Инспирацијата е секогаш иста, јас кралот на светкавото облечен во пењоар, пијам кафе и дизајнирам… но овој пат разговорите со клиентите и нивните потреби, мислења и идеи ги ставив во преден план.
Како и секогаш, така и сега украсите, везењето на апликации, чипки, камења и монистри се нашиот главен адут, но овој пат доста долго време со мојот тим посветивме и на конструкцијата на самите фустани. Односно благодарение на мојот тим и јас како лидер на истиот со огромни желби и идеи дека се мора да биде светски и идеално,  “костурот” и материјалите што се испод, и помагаат фустанот да ја има таа форма и тој волумен ги доведовме до совршенство. Многу сум среќен и горд истовремено, вели Јовановски.
На колекцијата која е изложена во неговите ателјеа работеше цел тим професионалци.
-На моделот Белисима одлично и прилегаа фустаните. На сликите се познава дека уживаше да позира со раскошни фустани пред објективот на Антонио Станков, во златниот ентериер на ресторан “Планет”. Јас секогаш се водам со слоганот дека “Less is more, but MORE IS MORE”, па затоа златарата “Исак 1&2” ми помогнаа во комплетирање на стајлонот со накит, од реално злато и вистински дијаманти! За фризура и шминка се погрижи студио “Нуртен”, објаснува Јовановски кој е актуелен со своите дизајни и во регионот и во Америка. (Л.С.)