Село на духови се појави во Шпанија откако сушата го испразни вештачкото езеро

Асередо во Галиција беше поплавено во 1992 година за да се создаде голем воден резервоар


Разурантите куќи на селото испливаа како никогаш да не биле потопени (Фото: Ројтерс)

 

Село на духови, кое се појави откако сушата речиси ја испразни браната на шпанско-португалската граница, привлекува толпи туристи со своите морничави, сиви урнатини.

Со акумулацијата на 15% од нејзиниот капацитет, деталите за животот замрзнат во 1992 година, кога селото Асередо во северозападниот регион Галиција во Шпанија беше поплавено за да се создаде акумулацијата Алто Линдосо, уште еднаш се откриваат.

„Како да гледам филм. Имам чувство на тага“, изјави 65-годишниот пензионер Максимино Перез Ромеро од Коруња. „Моето чувство е дека тоа е она што ќе се случи со текот на годините поради сушата и сето тоа, со климатските промени“.

Шетајќи по калливата земја испукана од сушата на некои места, посетителите пронајдоа делумно срушени покриви, тули и дрвени остатоци што некогаш сочинувале врати или греди, па дури и фонтана за пиење со вода што сè уште тече од ‘рѓосана цевка.

Каси со празни пивски шишиња беа наредени кај некогашното кафуле, а полууништен стар автомобил рѓосуваше покрај камениот ѕид. Снимките од дрон ги покажаа запуштените згради.

Марија дел Кармен Јанез, градоначалничка на поголемиот совет на Лобиос, чиј дел е Асередо, ја обвини ситуацијата поради недостигот на дожд во последните месеци, особено во јануари, но и во, како што рече, „прилично агресивната експлоатација“ од страна на португалската електростопанство ЕДП, кое управува со резервоарот.

На 1 февруари, португалската влада нареди шест брани, вклучувајќи го и Алто Линдосо, речиси да ја стопираат употребата на водата за производство на електрична енергија и наводнување, поради влошената суша.

Прашањата за одржливоста на акумулациите не се нови. Податоците на Министерството за животна средина покажуваат дека акумулациите во Шпанија се со 44% од нивниот капацитет, многу под просекот од околу 61% во последната деценија, но сепак над нивоата регистрирани во сушата во 2018 година. Извор од министерството рече дека индикаторите за суша покажале потенцијално влошување во наредните недели, но сè уште не откриле генерализиран проблем низ целата земја.

Хозе Алварез, поранешен градежен работник од Лобиос, рече дека чувствува мешавина на носталгија и фатализам кога се сеќава на неговите работни денови во Асередо. „Тоа е страшно, но тоа е она што е. Тоа е живот. Некои умираат, а други живеат“, рече тој. (Ројтерс)