Путин го уверувал Макрон за повлекување на руските сили од Белорусија


 Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на францускиот колега Емануел Макрон дека има намера да ги повлече руските трупи од Белорусија штом ќе завршат тековните воени вежби, соопшти денеска кабинетот на Макрон. По телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, француското претседателство соопшти дека изјавата „ќе мора да биде проверена“ бидејќи е спротивна со изјавата на белоруската […]

Генчовска: Бугарија нема да ја премести својата амбасада од Киев


 Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за бТВ изјави дека нејзината земја во оваа фаза нема да ја премести амбасадата од Киев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Генчовска, на веб-страницата на Министерството се пријавиле 83 бугарски државјани во Украина, а шест од нив изразиле желба да бидат евакуирани надвор […]

Прва жртва од пожарот на траектот во Грција


Припадници на противпожарната служба на Грција попладнево извлекоа безживотно тело на маж од траектот „Euroferry Olympia“, што воедно е и првата жртва од пожарот што избувна во петокот наутро, а продолжува потрагата по останати десет исчезнати патници, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално спасувачките екипи телото го пронашле јагленосано во кабина на камион. Утрово, […]

Нови 668 случаи на Ковид-19, оздравени 887 лица, седум починати


Од направени 3.974 тестови во последните 24 часа, регистрирани се 668 нови случаи на Ковид-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, соопшти Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 340, Битола – 43, во Куманово и Струмица по 33, Охрид […]

Германија, од крајот на март, од мерки ќе има само носење маски


По 20 март, во Германија ќе престанат да важат повеќето мерки на ограничување поради корона вирусот, со исклучок на носењето маски. Германија во однос на другите европски земји релативно добро помина низ последниот бран од пандемијата, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој рече дека релаксацијата на мерите во Германија планирано е да се одвива во […]

Скопјанец починал од струен удар


Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на делот од пругата меѓу железничките станици Драчево и Лисиче, едно лице починало при повреда од струен удар. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за лицето С.Ц.(72) од Скопје, кој со трска за риболов ги допрел жиците. Како што информираат од МВР, екипа од […]

Елисејска палата: Макрон и Путин за дипломатско решение


Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот руски колега Владимир Путин денеска се договорија да дозволат во наредните часови да се одржи состанок на работната група со цел да се постигне примирје во Украина, соопшти Елисејската палата. Путин и Макрон во телефонскиот разговор силно се обврзаа да ги преземат сите корисни активности за, како што наведува […]

Хрватска им препорача на своите граѓани да го напуштат источниот дел на Украина


 Хрватска им препорача на своите државјани во источна Украина да ја напуштат областа, изјави денеска министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман. Тој истакна дека одлуката е донесена во интензивна комуникација со хрватската амбасадорка во Украина и следејќи ги искуствата на другите земји, пренесува агенцијата Хина. – Ситуацијата е загрижувачка, но тоа не […]

Претепан малолетник заврши во болница во Кавадарци


На 20.02.2022 во 00.50 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од Росоман. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив малолетникот изјавил дека на 19.02.2022 околу 23.30 часот, при излегување од угостителски објект во Градски парк во Кавадарци, бил физички […]

Протестираа кандидатите за директори на основни и средни училишта


Педесетина кандидати за директори на основни и средни училишта денеска протестираа пред Државниот испитен центар, затоа што доцнат обуките и испитните процедури. Тие се пожалија дека платиле пред шест месеци, но сè уште не биле повикани на обука, па најавуваат дека ќе се жалаат кај Народниот правобранител и меѓународната заедница. „Директорката смета дека треба да […]

Украинскиот претседател Зеленски повика на итен прекин на огнот


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повика денеска на итен прекин на огнот во источниот дел на земјата, каде во изминатите денови се интензивираа судирите меѓу проруските и украинските сили. Тој, исто така, нагласи дека Украина ги поддржува мировните преговори во рамки на Трилатералната контакт група (ТЦГ), каде Украина учествува заедно со Русија и Организацијата за […]

Фото вест: Паркинг за инвалидизирани има, но на него се „паркирани“ контејнери


Во реонски центар во Општина Аеродром, на паркинзите има обележано посебни места за инвалидизирани возачи. Има и вертикален знак, кој покажува каде е местото. Но, фотографијата покажува дека тоа место е узурпирано од контејнери, па возачите со инвалидитет не можат да ги искористат своите поволности. Останува да се одговори, дали надлежните од „Комунална хигиена“ намерно […]

Олимписките игри затворени додека Европа стравува од војна


  ПЕКИНГ – Куп урнатини од уметничко лизгање создадени од руското контроверзно однесување. Нов кинески шампион – од Калифорнија. Американски скијачки ас кој киксираше и си замина дома со празни раце. Крај на олимписката кариера за најреномираниот светски сноубордер. Сите во „затворена јамка“ против ковид, спроведена од авторитарната влада на Кина. Терариумот на Зимските игри […]

Во Битола запечатени четири угостителски објекти заради гости без Ковид-сертификат


Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд ноќеска, меѓу 01:30 и 04:30 часот, спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола. Притоа е констатирано дека 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без Ковид-сертификат и тие […]

Полска свикува вонредна седница на Постојаниот совет на ОБСЕ поради Украина


Полска, која моментно претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), денеска најави дека ќе свика вонредна седница на Постојаниот совет на таа организација поради ситуацијата во Украина. Украина побарала седницата да се одржи утре, се наведува во писмото што на Твитер го објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачинские. Западните […]

Османи – Албарес: Шпанија поддржува јасна ЕУ перспектива за Северна Македонија


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на Минхенската безбедносна конференција имаше билатерална средба со својот колега, министерот за надворешни работи, Европска Унија и за соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес. Како што соопшти МНР, министрите разговарале за европските перспективи на земјата, за развојот на економската и билатералната соработка и за мултилатералните форуми […]

Ковачевски: Северна Македонија е потврден партнер во транс-атлантското и европското сојузништво


Премиерот Димитар Ковачевски со видео порака го сублимираше и оцени учеството на владината делегација на годинашната Минхенска безбедносна конференција која оваа година по 58 пат собра над 30-тина шефови на држави и влади и највисоки членови на влади и претставници на најугледните меѓународни организации. Како што истакнува Ковачевски во пораката, земјава уште еднаш доби едногласна […]

(Видео) Мистериозни ознаки на руските тенкови кај Украина


На руските тенкови на границата со Украина со бела боја испишана е буквата „З“ (Z), забележаа аналитичарите, што доведе до погаѓање што значи тоа и што симболизира. Снимките од пограничните региони прикажуваат мноштво оклопни возила со ознака “Z”, вклучително и конвојот во Шенекин, само осум километри од украинската граница, пренесе Телеграф. „Се чини дека руските […]

Средба на Ковачевски со директорката на ММФ во Минхен


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција се сретна со директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.   Премиерот Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, го истакна како многу значаен ангажманот на ММФ во справувањето со КОВИД-19 пандемијата во нашата земја. Како исклучително корисни ги […]