Доминиканската Република гради ѕид на границата со Хаити за да спречи нерегулирана миграција и шверц


Доминиканската Влада почна да гради ѕид долг 392 километри што ќе покрива повеќе од половина од границата со Хаити, неговиот единствен копнен сосед, со цел да спречат нерегулирана миграција и шверц на стоки, оружје и дрога. Во првата фаза целта е најдоцна за девет месеци да се изгради ѕид од 164 километри. Бетонскиот ѕид со […]

За Велика Британија ветувањата на Путин кон Макрон се добредојден знак за Украина


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ветувањата на рускиот претседател Владимир Путин на неговиот француски колега Емануел Макрон се добредојден знак дека тој сепак е подготвен да се вклучи во изнаоѓање дипломатско решение за украинската криза. Според Даунинг стрит, Џонсон разговарал со Макрон по неговиот вчерашен телефонски разговор со Путин и во соопштение се наведува […]

Си-Ен-Ен: САД имаат нови докази за претстојниот руски напад врз Украина


САД располагаат со разузнавачки информации кои укажуваат дека на руските воени команданти им е наредено да извршат напад врз Украина, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на две официјални лица и трет извор со информации од американското разузнавање. Разузнавањето за наредбите на Кремљ до руските тактички команданти и оперативци е еден од показателите што САД ги следат […]

Измените на Законот за минимална плата на седница на Законодавно-правната комисија


Во Собранието денеска седница треба да одржи Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, по скратена постапка. 

Продолжение на 62. седница на Собранието, на дневен ред и Законот за дивоградби


Собранието денеска треба да ја продолжи 62-та седница со Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово. На дневен ред на оваа седница во прво читање се и Предлог законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти, Предлог законот за […]

Вонреден состанок на ОБСЕ поради Украина


Полска свикува вонреден состанок на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) поради честите гранатирања во Донбас, објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачински. „На барање на претставништвото на Украина во ОБСЕ, ќе свикам вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ“, напиша Халачински на Твитер. Тој ги покани специјалниот […]

САД ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија поради опасност од напади


Американската амбасада во Русија предупреди на опасност од терористички напади во Москва, Санкт Петербург и долж границата со Украина, јавија американските медиуми. Дипломатската мисија ги повика Американците во Русија да ја напуштат државата. „Постои опасност од терористички напади врз трговски центри, железнички и метро станици и други места за собири на многу луѓе во големите […]

Четвртиот ковид-бран попушта, во моменов има 7.595 активни случаи


Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава изнесува 7.595.  Во изминатото деноноќие се направени 3.974 тестови, регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, сите со коморбидитети. Според последниот билтен што го објави Министерството за здравство, досега во земјава се направени 1.870.093 тестирања. […]

Земјотрес од 5,6 степени го погоди Нов Зеланд


Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Нов Зеланд. Епицентарот на потресот бил во близина на градот Бленхајм на Јужниот Остров, на длабочина од 30 километри, соопшти сеизмолошката служба. Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. 

Сончево и потопло, попладне дожд


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во западните делови повремено ќе биде значително облачно, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Вежби на армиите на САД и на Полска во близина на границата со Украина


Американските војници кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак. – Во текот на викендот војниците на 18-та механизирана дивизија на полската армија почнаа заеднички вежби во југоисточниот дел на земјата со американски војници од 82-та воздушно-десантна дивизија, напиша Блашчак на Твитер. […]

Бројот на настрадани во поплавите во Бразил се искачи на 152


  Бројот жртви во поплавите и лизгањето земјиште во брзилскиот град Петрополис по обилните дождови се искачи на 152, соопштија властите. Спасувачите и жителите продолжуваат со потрагата по исчезнатите со бушење во калта, во суровата тишина на градот со 300.000 луѓе на југоистокот на земјата, кој бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го опиа како воена зона. […]

Силен земјотрес ги погоди Филипините


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Минданао, соопшти германскиот Истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ). Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Минданао е вториот по големина остров на Филипините, и воедно најјужниот и […]

Ѓоковиќ вели дека е во „врвна форма“ пред турнирот во Дубаи


  Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ во неделата изјави дека и покрај неколку недели надвор од натпреварување и емоционалната вознемиреност поради неговото неодамнешно притворање и депортација, чувствува дека е на својот „врв“ додека се враќа на турнејата. Најдобриот машки тенисер во светот прозвучи со оптимистичка нота на прес-конференција еден ден пред почетокот на шампионатот во […]

Апликацијата на Трамп најверојатно од утре во продавницата на Епл


Апликацијата „Truth Social“, која ја покрена поранешниот американски претседател Доналд Трамп, би можела од утре да се најде во продавницата на Епл, пренесуваат западните медиуми, повикувајќи се на објавата на еден службеник за тест верзијата на споменатата апликација. Покренувањето на апликацијата ќе го врати присуството на Трамп на социјалните мрежи, кому повеќе од една година […]

Мицкоски бара гаранции од Брисел за јазикот и идентитетот за договор со Бугарија


  Со изјава која може да се протолкува и како конструктивна, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва посочи дека е можно да се постигне договор со Бугарија, но ЕУ треба да биде гарант за јазикот и идентитетот. Кога бугарскиот премиер Кирил петков барал гаранции, бара и тој (Мицкоски) гаранции. „На маса сакам да видам гаранции, бидејќи и […]

Кирил Петков примени советски метод – го исече Ковачевски од сликата со Блинкен


  Одрасна е во Канада, дипломираше на универзитетот во Ванкувер, има мастерс студии од Харвард, па сепак бугарскиот премиер Кирил Петков покажа едно советско потклекнување. На заедничката фотографија од Минхенската безбедносна конференција, на која се тој, македонскиот премиер и американскиот државен секретар, тој или некој од неговите служби за односи со јавноста го пресече Димитар […]

САД: Русија има 75 отсто од конвенционалните сили насочени против Украина


 Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, Русија сега има речиси 75 отсто од своите конвенционални сили насочени против Украина, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник упатен во разузнавачките податоци. Изворот за Си-Ен-Ен изјавил дека концентрацијата на силите на оддалеченост од која може да биде нападната Украина е многу невообичаена и дека тоа е […]

Пахор: ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат Западен Балкан


Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска на панел дебатата за Западен Балкан на Безбедносната конференција во Минхен изјави дека ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат овој регион. Како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, Пахор истакна дека треба да се интензивира процесот на проширување на ЕУ и предупреди на потценување […]

Пронајдена дрога и ножеви во угостителски објекти во Скопје, приведени седуммина


Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност викендов извршија контроли во 18 угостителски објекти. Притоа приведени се три лица, кај кои е пронајдена прашкаста материја и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.   Како што соопшти МВР, четири […]