Мицкоски бара гаранции од Брисел за јазикот и идентитетот за договор со Бугарија
Со изјава која може да се протолкува и како конструктивна, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва посочи дека е можно да се постигне договор со Бугарија, но ЕУ треба да биде гарант за јазикот и идентитетот. Кога бугарскиот премиер Кирил петков барал гаранции, бара и тој (Мицкоски) гаранции.
„На маса сакам да видам гаранции, бидејќи и Петков бара, барам и јас гаранции. Да видам гаранции за македонскиот јазик, да видам гаранции дека македонскиот народ има своја историја вековна, традиција, култура, обичаи. И трета гаранција е дека никогаш повеќе никој нема за вакви глупости нас да нѐ попречува да станеме земја членка на ЕУ“, рече Мицкоски во гостувањето на Сител.
Мицкоски додаде таков договор „каков што планира да го потпише Ковачевски“ нема да биде помине во парламентот.
„И одбивам да бидам прогласен анти ЕУ“, рече Мицкоски.