(Видео) Мистериозни ознаки на руските тенкови кај Украина

На руските тенкови на границата со Украина со бела боја испишана е буквата „З“ (Z), забележаа аналитичарите, што доведе до погаѓање што значи тоа и што симболизира.
Снимките од пограничните региони прикажуваат мноштво оклопни возила со ознака “Z”, вклучително и конвојот во Шенекин, само осум километри од украинската граница, пренесе Телеграф.
„Се чини дека руските сили во близина на границата ги означуваат возилата со буквата ‘Z’ за да идентификуваат различни воени единици или ешалони“, забележа на Твитер, Роб Ли, воен аналитичар од Кралскиот колец во Лондон.
Што точно значи буквата “Z”, засега не е јасно. Имаше нагаѓања дека ознаката треба да спречи пријателски оган во случај на руска инвазија. Друга теорија е дека сите сили означени со буквата “Z” се дел од силите за непозната цел.
Russian armor columns in Shebekino, Russia (5 km away from Ukraine) & Bershakovo, Russia (10 km away from Ukraine). Majority of the armor equipment are marked with "Z(s)" pic.twitter.com/lym1Qq5y0m
— Global: MilitaryInfo (@Global_Mil_Info) February 19, 2022
Аналитичарите нагаѓаат
Некои аналитичари силите означени со буквата “Z” ги нарекоа „Зоро одред“. Наша проценка е дека тоа се идентификациони ознаки „пријател или непријател“ кои се користеле во време на војната“, напиша на Твитер профилот Украина воен ивештај, кои го следат трупањето руски сили во близина на Украина.
„Последните денови видов многу фотографии кои ги прикажуваат руските трупи во камови како се кријат во шумите, од Белорусија до Солоти“, напиша Конрад Музика од консалтингот „Рохан“, кој ги следи руските воени активности. „Мислам дека Русите одлично ја завршуваат работата во смисла на оперативна безбедност“, додаде.