Пекинг ја поддржа Русија за Украина, а Москва за Тајван


  ПЕКИНГ – Лидерите на Русија и Кина го вратија притисокот на САД во петокот, декларирајќи го своето противење на какво било проширување на НАТО и потврдија дека островот Тајван е дел од Кина, кога се состанаа неколку часа пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг. Владимир Путин и Ши Џинпинг издадоа заедничка изјава […]

Протестен марш за случајот ,,Алфа” и починатиот Реџаил Ќерими


Во спомен на починатиот Реџаил Ќерими, осуден на доживотна казна затвор за случајот „Алфа”, денеска од плоштадот Скендербег до канцеларијата на Европската Унија во Скопје, се одржа протестен марш од роднините на починатиот и група граѓани. Учесниците на протестот побараа правда за овој случајот, бидејќи сметаат дека Ќерими починал во мистериозни околности. Јетула Ќерими, брат […]

Синдикатите на протест побараа 18.000 минимална плата, на 10 февруари ќе излезат пред Собранието


Претставници и членови на Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со штрајкувачките одбори денеска ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора во центарот на Скопје во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата. Според нив, предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека […]

Во Хрватска бројот на починати поради кроона вирусот надмина 14.000


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 8.094 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 57.686. Дури 2.126 се на болничко лекување, а на респиратор 185 пациенти. Починаа уште 46 пациенти, со што бројот на жртви од пандемијата во Хрватска надмина 14.000, поточно 14.035. Сепак, според новиот метод […]

Отворањето на Зимските олимписки игри – (Галерија)


  Церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг е во тек на препознатливиот стадион „Птичјо гнездо“, кој е украсен со знамињата на 91 натпреварувачка земја и региони. Церемонијата, спектакл од музика, кореографија и технологија, ќе кулминира со палење на олимпискиот оган.  

КСЗД ќе ја следи доставата на решенија за изолација


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) соопшти дека по покренатата постапка од нивна страна, а во врска со објава во медиумите дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) на неговата веб страница јавно ќе ги објавува имињата, презимињата и адресите на новозаразените со КОВИД-19, денеска се одржала средба меѓу претставници на двете институции. […]

Летната сезона во Грција ќе почне порано од кога било досега, на 1 март


Грција – Одлуката Грција да го укине задолжителниот тест за влез во земјата, ја коментираше министерот за туризам Василис Кикиљас, кој рече земјата испраќа силна порака за безбедност до нејзините посетители со валиден европски сертификат, јави дописничката на МИА од Атина. -Нашата земја оваа година ги презема сите неопходни подготвителни чекори за да ги пречека […]

Синдикатите го блокираа седиштето на работодавачите, на 10 февруари ќе го блокираат Собранието


 Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија,  заедно со штрајкувачките одбори денеска ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора во центарот на Скопје во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата. За синдикатот, предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека […]

Јапонија обезбеди 79.000 евра за реновирање на Онкологија


Денес во амбасадата на Јапонија во Скопје, амбасадорот на Јапонија  Савада Хиронори потпиша нов грант во износ од 79.286 евра, со кој ќе се финансира  реновирањето на одделот за брахитерапија и радиотерапија на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Проектот има цел да го зголеми квалитетот на услугите на одделот и да допринесе кон олеснување […]

Македонската и бугарската делегација положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев


Делегации на владите на Северна Македонија и на Бугарија предводени од министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска попладнево се поклонија и положија цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас по повод 150 години од неговото раѓање. Министерката Костадинова Стојчевска беше придружувана од заменик-министерката за надворешни […]

На 17 април избори за градоначалник за Маврово-Ростуше и Центар Жупа


На 17 април ќе се одржат изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и за Центар Жупа. Решението за распишување на избори денеска го потпиша претседателот на Собранието Талат Џафери. – Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори, а влегува во сила со денот на објавување во „Службен […]

Чета од Армијата заминува на вежба „КФОР 30“ во  Германија


Заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, државниот секретар Драган Николиќ, директорот на Генералштабот, генерал мајор Зоран Милески и командантот на 1. бригада, полковник Сашко Лафчиски денеска во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево присуствуваа на церемонијата за испраќање на единица од Армијата на вежбата „КФОР 30“ во Хохенфелс, Германија. Како што информира Министерството за одбрана, […]

Кирил Петков ја отфрли идејата Историската комисија да ја замрзне работата


Бугарскиот премиерот Кирил Петков денеска го отфрли предлогот на копретседателот на Истриската комисија, Драги Ѓоргиев, да се суспендира нејзината работа на две години. „Политиката ја водат политичари, а не експерти. Ние поставивме јасна политичка рамка во нашите дискусии, имаме јасен став на бугарската влада, на Северна Македонија – исто така. Така што овие работи не […]

„Брако“ го освојува пазарот во Швајцарија со машините за додавање лим на CNC ласери


Брзиот развој на ласерската технологија и индустриската употреба на CNC машините (Computer Numerical Control) ја зголеми потребата од машини кои го автоматизираат производствениот процес. Речиси и да не постои современ машински парк без машини за додавање лимови на CNC ласери. Станува збор за машини кои го автоматизираат процесот на ласерско сечење на лим. Тие го […]

(Видео) Момче во Мароко падна во бунар, со денови паралелно копаат дупка да го спасат


  Рајан, петгодишно момче од Мароко, во вторникот, паднало во бунар длабок 32 метри, а спасувачите со денови копаат дупка паралелно со бунарот за да го спасат. Петгодишникот е во бунарот веќе цели три дена, а добра вест е дека спасувачите успеале да му пратат кислород и вода. Исто така, до него е спуштена камера […]

Ќе се намали чекањето за прегледи и за дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка


Заедно со докторите, клиниките и невладиниот сектор ќе се преземат активности за намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка, ќе направиме конкретни активности за да се олесни пристапот во дијагностиката и здравствените услуги кои се потребни за следење на болеста, но ќе продолжиме и со […]

Што содржи Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев?


ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска поднесе Декларација да се зацврсти темелот за ликот и делото на Гоце Делчев. Во продолжение прочитајте што пишува во Декларацијата: „Тргнувајќи од одредбите на Уставот на Република Македонија, а особено од деловите на преамбулата кои се однесуваат на „жртвите и посветеноста на предците во заложбите и борбата за создавање самостојна и […]

Каракачанов ги бара назад коските на Делчев


Партијата ВМРО на Красимир Каракачанов  побара враќање на моштите на Гоце Делчев во Софија. -Ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува!, велат од бугарското ВМРО. -Денеска, е незаборавен датум за […]

(Видео) Отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг


Зимските олимписки игри во Пекинг годинава ќе отпочнат со официјална церемонија на стадиониот „Птичје гнездо“, а настанот можете во живо да го следите на официјалниот јутјуб канал на ЗОИ 2022.   Цереминијата почна со уметничка точка со која беше претставено доаѓањето на пролетта во Кина и голем огномет над стадионот со транспарент со натпис „Пролет“. […]

На Пендаровски му е „драго“ што го исвиркале, тоа за него е демократија


Претседателот Стево Пендаровски ги искоментира свирежите кон него пред влезот на црквата „Свети Спас“, додека положуваше цвеќе на гробот на Гоце Делчев. „Нема да ги затвораме луѓето затоа што изразиле задоволство или незадоволство од било кој наш потег. Затоа се боревме, за да живееме во демократска земја. Мене ми е драго што гледам таква реакција. […]