(Видео) Момче во Мароко падна во бунар, со денови паралелно копаат дупка да го спасат


 

Рајан, петгодишно момче од Мароко, во вторникот, паднало во бунар длабок 32 метри, а спасувачите со денови копаат дупка паралелно со бунарот за да го спасат.

Петгодишникот е во бунарот веќе цели три дена, а добра вест е дека спасувачите успеале да му пратат кислород и вода. Исто така, до него е спуштена камера за во секој момент да се следи неговата состојба и тоа што се случува.

Мароканската новинска агенција МАП јави дека копањето на дупката со која планираат да го спасат момќето е при крај, со „надеж дека 32 метри ќе достигант во следните неколку часови“.