Најмногу починати во 24 часа во новиот бран на заразата


Со новите 1493 инфицирани, бројот на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава достигна 275 637. Во вчерашната статистика беа евидентирани 31 починат пациент, највисок број во новиот бран на заразата. Дополнително беа пријавени уште осум починати преку „Мој термин“ за периодот од 26 до 31 јануари. Министерството за здравство соопшти дека сите 39 починати […]

Сончево со умерена облачност, температурите до 13 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала, во северозападните и западните делови умерена облачност, која до крајот на денот ќе се зголеми и прошири и во останатите делови. Во текот на ноќта кон недела во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер […]

Андреа со „Circles“ ќе не претставува на Евросонг во Торино (видео)


Андреа со песната Circles ќе патува во Торино, Италија и ќе ја претставува Северна Македонија на Евровизија 2022. Изборот се емитуваше во петокот вечер во живо на Македонската Телевизија во специјално издание на Стисни Плеј. За време на емисијата, детално беа прегледани гласовите на стручното интернационално жири во состав Гордон Бонело – Малта, Тали Ешколи […]

Падна владата на Црна Гора, Абазовиќ го победи премиерот Кривокапиќ


  Пратениците во Собранието на Црна Гора со мнозинство гласови вечерва ѝ изгласаа недоверба на владата на премиерот Здравко Кривокапиќ. Гласаа 54 пратеници, 43 за недоверба и 11 против. Пратениците на Демократскиот фронт (ДФ), Социјалистичката народна партија (СНП) и Движењето за промени (ПзП) ја напуштија салата кога почна јавното гласање. Потпретседателот на УРА, Милош Конатар, […]

Зошто централните говори се основа за литературниот јазик?


Од множеството народни дијалекти, еден дава основа за литературниот јазик. Тоа е дијалектот на оној крај што го претставува средиштето во националниот развиток на еден народ. Во нашиот случај таква основа за литературниот јазик положија централните говори на географската линија Велес—Прилеп—Битола По Првата светска војна тежиштето на нашиот национален развиток си останува во Вардарска Македонија, […]

Австриската министерка Едшатдлер оптимист за кревање на блокадата по разговорите во Софија


  Сите австриски медиуми денеска го објавија соопштението на австриската новинска агенција АПА за посетата на Каролин Едштадлер, австриска министерка за ЕУ ​​и устав. Медиумите објавија дека Каролин Едштадлер изразила надеж дека со нејзината дводневна работна посета ќе придонесе за поголема динамика по прашањето за „досега блокираниот од Бугарија почеток на преговорите за пристапување на […]

Снежна бура во САД, температури до минус 17 – откажани летови


  Поради снежна бура која погоди дел од САД стотици илјади домови и фирми останаа без струја во петокот, додека лошите временски услови претставуваат опасноснт за делови од Големата низина и Нова Англија. Повеќе од 330.000 корисници се без струја се од Тексас, Арканзас и Тенеси до Охајо и Њу Јорк, обави страницата на Poweroutage.us […]

Договор за платите не е постигнат


Со генерален штрајк и со протест пред СОбрание на 10 февруари се заканија денеска демонтрантите од СОјузот на стопански комори, доколку не се донесе закон за минималната плата, со кој ќе се гарантираа таа да биде во висина од 18.000 денари. Попладнево се одржа уште еден состанок на работодавачите и синдикатот во Владата, но повторно […]

Изборната кампања за градоначалник на Маврово Ростуше и Центар Жупа почнува на 12 март


Државната изборна комисија вечерва усвои Роковник за изборни дејности за изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа. Членот на ДИК, Борис Кондарко, во своето образложение истакна дека Изборниот список ќе биде ставен на увид од 19 февруари до 10 март, односно наведе дека овој список ќе биде ставен на […]

БТА официјално го отвори својот прес-центар во Скопје


Генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Влчев денеска свечено го отвори прес-центарот на БТА во Скопје, Република Северна Македонија. На настанот присуствуваа бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска, претседателот на бугарската парламентарна Комисија за култура и медиуми Тошко Јорданов, специјалниот известувач на ЕП за […]

Битолските Бугари веќе не го кријат собиралиштето, се отвора Клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“


  БИТОЛА – Битолчани кои се чувствуваат Бугари веќе не го кријат седиштето на своето собиралиште, отворат Клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“ и поставија голема и впечатлива табла над вратата. Клубот се наоѓа во простории на поранешната пивница на една од најубавите реконструирани улици во градот „Рузвелтова“ која е најфреквентната уличка со пристап до Широк Сокак. […]

Олеснети мерки за влез во Косово, Норвешка и Бугарија


Се олеснуваат мерките за влез на државјаните на Република Северна Македонија во Република Косово, Кралството Норвешка како и во Република Бугарија, информираат од Министерството за надворешни работи. -Со најновата одлука на Владата на Косово, се укинува барањето за нашите државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза на вакцина против коронавирусот. Со новата […]

Црн петок: 39 починати од корона вирусот


  Денешните податоци за бројот на починатите од коран вирусот се едни од најцрните од почетокот на епидемијата – починаа вкупно 39 лица. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице: седум од Скопје (64, 68, 69, 72, 73, 74 и 79), пет од Куманово (60, 65, 71, 77 и 78), по […]

Кога лажните вести шират паника – како „избега“ лавот од Зоолошката во Битола


  БИТОЛА – Ало, Ленче, кај ти е чупето? – Дома на компјутер, оти? – Лавот избегал! – Каков лаф (муабет)? – Не мори лафот, туку лавот од Зоолошката. Вака некако течела комуникацијата меѓу две битолчанки кои во паника и став побараа новинарите да проверат дали навистина избегал лавот од Зоолошката градина во Битола. Со […]

Бериша нема право да учествува на изборите на 6 март, одлучи албанската ЦИК


Албанската централна изборна комисија (ЦИК) денеска соопшти дека крилото предвоено од поранешниот лидер на опозицските демократи, Сали Бериша, нема право да учествува на предвремените делумни избори за градоначалници, сè додека не се регистрира како политички субјект. -За учество на изборите ја регистриравме коалицијата „ Дом на слободата“ предводена од Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), заедно […]

Црногорското собрание расправа за недоверба на Владата


 Пратениците во црногорскиот Парламент расправаат за предлогот на опозицијата и коалицијата „Црно-бело“ да и се изгласа недоверба на Владата, јави РТЦГ. Премиерот Здравко Кривокапиќ и поголем дел од министрите во пресрет на почетокот на седницата ја напуштија собраниската сала. Министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ е единствен претставник на Владата во собраниската сала. Предлогот за […]

Бектеши отиде во Азербејџан да им најави дека од нив ќе земаме гас


На средината од годинава ќе започне изградбата на интерконекторот за гасно поврзување со Грција, со што Северна Македонија ќе се поврзе со Јужниот гасен коридор и на тој начин гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар. За Владата изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на […]

ТАВ се приклучи на иницијатива за намалување на штетните гасови


 ТАВ Аеродроми денеска ја потпиша Декларацијата од Тулуз, приклучувајќи се на глобалната воздухопловна иницијатива кон намалување на емисиите на јаглерод диоксид во животната средина, предводена од 200 европски аеродроми и вкупно 400 аеродроми на светско ниво, коишто се веќе сертифицирани согласно Програмата за акредитација на аеродроми за управување со јаглерод. Тулуската Декларација е воведена од […]

По светските трендови “Селфи музеј” во „Скопје Сити Мол“


Денес се отвори првиот Селфи музеј во нашата земја во Скопје Сити Мол. Посветен на современата визија на автопортретот и љубителите на социјалните мрежи, Селфи музејот е простор од 250м2 дизајниран со интересен ентериер и 18 различни содржини на кои посетителите ќе може да создаваат уникатни фотографии и видеа за социјални мрежи. Селфи музејот во […]

Четири лица загинаа во лавина во Тирол, Австрија


Четири лица загинаа во лавина денеска во австриската провинција Тирол, јави австриската агенција АПА. Несреќата се случила на австриските Алпи во близина на границата со Швајцарија, а покрај четворицата загинати, едно лице се смета за исчезнато. Лавината започнала во близина на градот Спиша во Тирол, каде во последните денови падна многу снег, а ангажирани се […]