Снежна бура во САД, температури до минус 17 – откажани летови


 

Поради снежна бура која погоди дел од САД стотици илјади домови и фирми останаа без струја во петокот, додека лошите временски услови претставуваат опасноснт за делови од Големата низина и Нова Англија.

Повеќе од 330.000 корисници се без струја се од Тексас, Арканзас и Тенеси до Охајо и Њу Јорк, обави страницата на Poweroutage.us денеска.

Снежната бура урна далекуводи и дрвја жирум споменатото подрачје во вторникот.

Температурата ќе биде под минус 17 степени

Предупредувањата поради индексот на ладење останаа на сила во Текасас и во Големата низина, каде во утринските часови се предвидуваат температури од минус 17 степени Целзиусови и подолу, објави Националната метеоролошка служба.

„Ниската температура може да предизвика брзо хипотермија ако не се преземат мерки на претпазливост“, велат од службата.

Предупредувања од снежни наноси има во Тенеси и Кентаки, Њујорк и Пенсилванија и некаде во Нова Англија.

Во поширокото подрачје на Бостон, каде живеат 4,8 милиони луже се предвидува три до пет сантиметри нов снег и дебелина на мразот од 0.25 до 0.65 сантиметри

Откажани околу 2.800 летови

Рано утрово откажани се околу 2.800 летови во американските аеродроми, меѓу кои 230 од Бостон, 580 од Форт Норт во Далас, според страницата на Flightaware.com.

До сабота наутро зимската бура би требало да го напушти Источниот брег, но ќе се задржи ниската температура, при што во некои централни делови на САД вредностите на температурите може да се израмнат со некои рекорди.