Во Хрватска бројот на починати поради кроона вирусот надмина 14.000
Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 8.094 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 57.686.
Дури 2.126 се на болничко лекување, а на респиратор 185 пациенти.
Починаа уште 46 пациенти, со што бројот на жртви од пандемијата во Хрватска надмина 14.000, поточно 14.035.
Сепак, според новиот метод на регисстрирани новозаболени во хрватска денеска има 11.980, од кои 8.094 се утврдени со ПЦР тест, а на брзи тестови позитивни се 3.886.
Досега во хрватска забележани се 971.464 заразени со корона вирус.