(Видео) Отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг


Зимските олимписки игри во Пекинг годинава ќе отпочнат со официјална церемонија на стадиониот „Птичје гнездо“, а настанот можете во живо да го следите на официјалниот јутјуб канал на ЗОИ 2022.

 

Цереминијата почна со уметничка точка со која беше претставено доаѓањето на пролетта во Кина и голем огномет над стадионот со транспарент со натпис „Пролет“.

На церемонијата, меѓу другите, присуствуваат кинескиот претседател Си Џипинг, неговиот руски колега Владимир Путин и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах.

 

На ЗОИ ќе настапат 2.900 олимпијци во седум спортови и 15 дисциплини.

Тричлениот македонски тим го сочинуваат Ана Цветковска, Ставре Јада и Дардан Дехари.