Циципас го критикува Ѓоковиќ: Дали ние што се вакциниравме сме будали?


  Бурата околу Новак Ѓоковиќ и неговиот престој во Австралија сѐ уште не стивнува. Додека се чека одлуката на министерот за имиграција дали да се протера светскиот рекет број 1 од земјата, се множат коментарите за целата ситуација. Претставата ја коментираше четвртиот тенисер во светот, Стефанос Циципас, кој го осуди однесувањето на Ѓоковиќ. „Изгледа не […]

Владата обезбеди дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје


 Владата на денешната 133-та седница донесе одлука за преземање на мерка за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Како што информираат од владината прес-служба, со одлуката се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото […]

Пендаровски ја одложи средбата со претставниците на Македонците во Бугарија. Причина – пандемијата


  Во очигледен обид да не се напрегне ситуацијата пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков идната недела на Скопје, претседателот Стево Пендаровски ја одложи на неодредено време средбата со претставниците на здруженијата на Македонците од Бугарија. Причината за одложувањето била пандемијата на корона вирусот. Иако, на пример, пандемијата не беше причина за да се […]

Мицкоски бараше дуели со Заев, сега поставува услови за средба со Ковачевски


  Во македонската политика често има обид од една капка да се направи бура. Така и со последната изјава на мандатарот Димитар Ковачевски дадена во интервјуто за Телма, дека по изборот на новата влада ќе упати покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за средба. На неа, според зборовите на Ковачевски, би се разговарало за […]

Судењето за Рашковски почнува на 25 јануари


Првото рочиште од судењето за поранешиот генерален секретар на Владата, Драги Ршковски е закажано за 25 јануари. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска. Според обвинението, на Рашковски ќе му се суди за злоупотреба на службената положба и перење пари. Обвинет е дека државниот буџет го оштетил за над 300 илјади евра. Најголемата […]

Ќе се штеди и на осветлувањето на патиштата


Јавното претпријатие „Државни патишта“ објави дека започнува следна фаза на максимално дозволена рестрикција на осветлувањето на регионалните и магистралните патишта, а дека соодветно осветлување ќе има само во тунелите. „Во насока на растеретување на енергетскиот систем од недостиг на електрична енергија во Република Северна Македонија, а согласно со Уредбата на Владата од 30 октомври 2021 […]

Комерцијална банка произведе 100 MWh струја за три години


Комерцијална банка произведе 100 MWh електрична енергија со сопствен фотоволтаичен систем, со што за три години спречи емисија на 56 тони CO2 во атмосферата. Со овој „зелен“ проект Банката дава свој значаен придонес во заштитата на животната средина, што претставува императив на гобално ниво и како таков е дел од стратегијата за општествена одговорност на […]

Земјотресот оштети неколку соби во болницата во Битола, зградата е стабилна


  Неколку болнички соби кои беа оштетени од земјотресот се затворени од безбедносни причини, но зградата е стабилна и функционирањето во неа не е доведено во опасност, вели д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.  „Во Клиничка болница евидентирани се посериозни оштетувања по серијата земјотреси во Битола. Во интерес на безбедноста на пациентите и персоналот […]

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, попладнево го објави списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на средбата со Словенија во првото коло од Европското првенство. Од присутните во Унгарија, во составот на „црвено-жолтите“ ќе ги нема централниот бек Марко Митев и голманот Благојче Трајковски. Лазаров кој е и капитен на […]

Во Австралија измерени рекордни 50,7 Целзиусови степени


Во Австралија денеска е регистрираната рекордно висока температура, откако во градот Онслоу, на западниот брег беа измерени 50,7 степени Целзиусови. Како што јави Би-Би-Си, со ова е израмнет рекордот од 1962 година, кога во јужниот дел на Австралија биле измерени 50,7 степени. Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Просечната […]

Речиси цела Европа е во темноцрвена боја – објавена новата корона-карта


Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) ја ажурираше новата карта за корона. Речиси цела Европа е во иста, темноцрвена боја, а само три земји сè уште не се целосно во најлошата боја. Картата ги покажува 14-дневните инфекции на 100.000 жители и на тој начин ги рангира регионите на одделни земји според степенот […]

Армијата на САД снема регрути, па го зголеми бонусот на 50.000 долари


 Војската на САД го зголеми својот максимален бонус за пријава на нови регрути за 25 отсто со цел да привлече нови кандидати и да ги пополни клучните позиции. Максималниот бонус е зголемен од 40.000 на 50.000 американски долари, а само обучените регрути кои се обврзуваат на шестгодишен период во одредени области имаат право на оваа максимална исплата. […]

Гевгеличани изминатата година прочитале 20.000 книги


Седумстотини членови на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија минатата година прочитале околу 20.000 книги што, според библиотекарите, е помалку од порано, но сепак претставува бројка за почитување. – Имаме читатели кои годишно читаат и по сто и повеќе книги од богатиот фонд на библиотеката, но доколку направиме просек, според нашата евиденција, излегува дека секој […]

Хрватска надмина 13.000 жртви од Ковид-19, новозаразени се 9.157


Во последните 24 часа во Хрватска со корона вирус се заразиле 9157 луѓе, а бројот на активни случаи изнесува 55.500. Од нив, 1.755 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 216. Починаа уште 23 пациенти, со што бројот на починати од епидемијата сега изнесува 13.006. Досега од Ковид-19 заболеа 794.190 лица, од тестирани вкупно […]

Поради африканска свинска чума во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, во опасност се 741 грло


По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска уништени се вкупно 195 домашни свињи, односно со овој потег немаме ниту една жива свиња. Направена е депопулација, со што лешовите од овие животни се депонирани во сточна јама во Делчево каде се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот. Ова […]

Битиќи: Подигнувањето на животниот стандард е највисок приоритет на Владата, минималната плата ќе продолжи да расте


Перцепцијата на граѓаните дека се живее потешко е поради двегодишниот удар кој влијае на економско и здравствено поле, се надоврзува и енергетскиот аспект. Тука се и потребите за задоволување на домаќинствата за храна, кадешто имаше ценовен скок, што не е производ на пазарната економија, туку на однесувањето на чинителите во пазарната економија, оцени вицепрмиерот за […]

Адел со винтиџ изглед во новиот спот за“Oh My God” (видео)


САД- Адел го објави новиот спот за нејзината хит песна “Oh My God”. Песната е втор сингл од нејзиниот последен албум 30, кој беше објавен во ноември минатата година. На 12 јануари, Адел пушти придружно музичко видео за песната. Неговото објавување доаѓа три месеци по спотот за „Easy On Me“. Музичкото видео е во режија […]

УХМР: Утре температури до минус 13 степени


До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб доумерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури утре ќе се движат од минус 13 до минус 3 степени, а дневните од 1 до 9 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе биде минус […]

Хороскоп: Утре започнува ретроградниот Меркур – до 4. Февруари ќе се соочуваме со потешкотии на сите полиња


Oд 14 јануари до 4 февруари Маркур ќе биде ретрограден, што значи дека сите ќе бидеме под негово влијание на сите полиња на активност и живеење. Меркур ја изразува свесната страна на човекот. Во периодот на неговото ретроградно движење, нашата ментална активност се намалува. Нашиот начин на размислување се менува, луѓето стануваат сè повеќе склони […]

Со пари за прекугранична соработка во Крушево ќе се гради паркинг за параглајдинг


  Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го потпиша договорот за проектот „Крушево и Елбасан – препознатлива прекугранична туристичка дестинација“ вреден 744 илјади евра. „Денес го потпишав договорот со кој официјално започнуваме со имплементација на уште еден проект од областа на туризмот. По имплементацијата на проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во […]