Хороскоп: Утре започнува ретроградниот Меркур – до 4. Февруари ќе се соочуваме со потешкотии на сите полиња


Oд 14 јануари до 4 февруари Маркур ќе биде ретрограден, што значи дека сите ќе бидеме под негово влијание на сите полиња на активност и живеење. Меркур ја изразува свесната страна на човекот. Во периодот на неговото ретроградно движење, нашата ментална активност се намалува. Нашиот начин на размислување се менува, луѓето стануваат сè повеќе склони кон озборувања, измами и почести грешки. Поради тоа се влошуваат конфликтите и проблемите, тешко е да се најде рамнотежа и да се постигне задоволство.

Ретрофазата на Меркур е тежок период за одлучување, има потешкотии на сите работни места, во процесот на производство, околу патувањата, средувањето документи… Многу, секако, зависи од хороскопските знаци во кои Меркур е во период на ретроградно движење.

Овој пат, периодот на ретроградно движење на Меркур во Водолија започнува, а завршува во Јарец. Всушност, планетата не се враќа, тоа е само привидното движење на Меркур забележано од Земјата и поради тоа ги чувствуваме соодветните енергии.

На 13 јануари Меркур почива во Водолија на квадрат со ретро-Уран, владетелот на овој знак. Напнатоста предизвикана од овој аспект сите ќе ја почувствуваме на 13, 14, па дури и на 15 јануари. Сè може да се очекува деновиве – од општествени експлозии до значајни неочекувани одлуки. Уран, планетата на промените и оригиналноста, симболизирајќи изненадувања, обновувања, ненадејни настани, исто така забавува и мирува од 15 јануари, но се случува фазна промена – од ретроградна во директна. А за Меркур е спротивното.
Од 13 до 15 јануари ќе има тешки денови, ќе има многу пречки и проблеми во најнеповолниот момент, многу состаноци и патувања ќе бидат откажани или одложени. По 15 јануари ситуацијата горе-долу се стабилизира, бидејќи постепено ќе се прилагодуваме на влијанијата на ретроградниот Меркур.

Во периодот од 13 до 22 јануари е потребно повеќе време, енергија и труд за да се реши проблемот. Во овој момент не треба да се започне ништо ново, вклучително и нова врска – Венера е ретроградна до 31 јануари.

Искористете ги деновите од 13 до 22 јануари за да ја изразите вашата индивидуалност, бидете свои и единствени, обидете се да ја канализирате вашата нова енергија на мирен начин.

По 22 јануари ќе биде полесно во сите области од животот – ќе се манифестира помала летаргија и незаинтересираност. Во овој период ќе се откријат многу тајни, грешки, лажни информации…

Од 31 јануари Венера е директна, на 30 јануари – неподвижна, но од овој момент престануваат тешкотиите на полето на личните и деловните односи. Февруари, генерално, ќе биде многу попозитивен од јануари, особено по 4 февруари, кога завршува ретро периодот на Меркур.

Луѓето родени во периоди на ретрограден Меркур најдобро ќе се снајдат во сите овие промени и околности, а овој период ќе биде многу продуктивен за нив – ќе имаат големи шанси успешно да се впуштат во најхрабрите проекти и олицетворение на желбите.

Целта на ретроградниот Меркур е да ги направи луѓето потрпеливи, а тоа ќе помогне да се избегнат проблеми и да се најде најдобриот начин за излез од тешките ситуации.