Се огласи и Ѓоковиќ, разочаран е во одлуката на судот, ќе соработува со властите за неговото заминување


Светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ, излезе со реакција откако не успеа со жалбата против одлуката за укинување на австралиската виза. -Сега ќе направам пауза за да се одморам и да закрепнам, а дополнително ќе дадам коментари подоцна. Крајно сум разочаран од одлуката што значи дека нема да можам да останам во Австралија и […]

Жените земјоделки годинава се на потег, ќе заживее ли интернет продажбата на земјоделски производи


Светле Пупунческа од Прилеп, магистер е по економски науки. Со семејството произведува бостан, пиперки, кромид. Преку зимата и тестенини. Пандемијата и брзиот начин на живот наложи он-лајн продажба на производеното. Го прифаќа тоа и смета дека е иднината за руралната жена, производителка. Со Папунческа разговаравме среде прилепскиот градски зелен пазар, еден од најразвиените во земјава. […]

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено утрово е во Берово со -11 степени, во Маврови Анови се измерени -10, во Крива Паланка – 8, во Битола, Штип и Попова Шапка -7, во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево – 6, во Охрид – 5, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Претор  – 4 и -3 во Куманово. Нула степени се измерени во […]

Талибанците од своите редови избркале речиси 3.000 свои припадници, осомничени за злоупотреби


Откако лани се вратија на власт во Авганистан, талибанците од своите редови протерале 3.000 членови, затоа што биле обвинети за незаконско однесување, што е бил дел од обемниот „процес на филтрирање“, пренесоа француските медиуми. Талибанците во август го зазедоа Кабул, по 20-годишен бунт против авганистанската Влада, што беше  поддржана од САД. Новите талибански власти ветија […]

Петков: Не доаѓам со никаков анекс на Договорот, туку со подготвеност за нов почеток


  Бугарскиот премиер Кирил Петков, кој во вторник пристигнува во земјава на средби со новата Влада, вели дека со себе не носи никаков анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, туку доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за еден нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон […]

Мина опасноста од цунами по ерупцијата на вулканот во Тонга, значитечна штета во главниот град Нуку’алофа


Цунамито предизвикано од вулканска ерупција на архипелагот Тонга предизвика „значителна“ штета во Нукуалофа, главниот град на архипелагот, изјави денеска премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, додавајќи дека заканата сега е прогласена за надмината. Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) во 4 часот по средноевропско време соопшти дека заканата од цунами „главно помина“ во океанските […]

Заложничка драма во синагога во Тексас, четири лица киднапирани, киднаперот убиен


По шест часа преговори и специјална операција на полицијата, ноќеска заврши заложничката драма во синагогата на Коливил, предградие на Далас, каде едно лице киднапира четири лица. -Киднаперот кој вчера ги зеде четворица заложници и ги затвори во синагогата е мртов, изјави началникот на локалната полиција Мајкл Милер, откако беше објавено дека сите преостанати заложници се […]

Денеска Македонија добива нова влада


Пратениците денеска напладне ќе ја продолжат 60-та седница со единствената точка на дневен ред – избор на новата влада. Мандатарот Димитар Ковачевски пред пратениците вчера ја презентираше програмата за работа на новата влада, која ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Фокусот на новата влада, како […]

Активни над 15 илјади случаи со КОВИД-19, регистрирани 184 реинфекции


Бројот на активни случаи со КОВИД-19 во земјава изнесува 15.576, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата кај нас достигна 243.284. Во последното деноноќие се направени 7.564 тестирања, а регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19. Од новодијагностицираните, во главниот град се 785, а следни со најмногу заразени се Прилеп – 121, Битола – […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 16 јануари 2022 година, 16-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 349 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 27 минути. Денов трае 9 часа и 28 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Ѓоковиќ го загуби судскиот спор, чека депортација од Австралија


  Новак Ѓоковиќ го губи судскиот спор во Австралија околу неговот пристигнување без да биде вакциниран. Српскиот тенисер се соочува со депортација откако тројца судии на Федералниот суд пресудија во корист на одлуката на владата да му ја укине визата. Ѓоковиќ го загуби обидот да ја поништи својата депортација, објави судијата на Федералниот суд. Од […]

Анкета: Големо мнозинство од 71 отсто Австралијци бараат Ѓоковиќ да се депортира


  Огромно мнозинство на Австралијанците од дури 71 отсто го поддржуваат депортирањето на српскиот тенисер од нивната земја во анкетата објавена само неколку часа пред конечното сослушување на Новак Ѓоковиќ. Ставот дека Ѓоковиќ треба да биде депортиран го поддржаа 71 отсто од жителите на државата Викторија, каде се одржува Австралија опен во Мелбурн. Во другата […]

Финска, Норвешка и Шведска ќе ги убиваат волците


  Финска им се придружува на Шведска и Норвешка во уништувањето на волците оваа зима за да ја контролираат нивната популација, додека групите за заштита апелираат до Европската унија да преземе мерки против колењето. Ловците во Шведска веќе го застрелаа најголемиот дел од нивната годишна цел од 27 волци, додека Финска треба да одобри убивање […]

Дали дипломатијата за Украина влезе во ќорсокак?


Неуспехот на Соединетите Американски Држави и Русија оваа недела да најдат дипломатско решение за тензиите околу безбедноста на Источна Европа ги зголеми шансите за нов руски напад врз Украина, дури и ако војната од целосен обем е далеку од неизбежна, велат аналитичарите. Русија е обвинета дека собрала околу 100.000 војници во близина на украинската граница, […]

Три „Д“: Ова се трите главни генератори на инфлацијата


Инфлацијата се одржува на високо ниво и во еврозоната и во САД. Преку Атлантикот цените се зголемија за седум отсто во декември, што е најголем пораст во последните 40 години. Колку е опасно ова поскапување? Според многу економисти, инфлацијата деновиве го достигна својот врв и отсега може да се очекува пад. Сепак, базичната стапка на […]

На Јамајка уапсен политичар од Хаити, осомничен за убиството на претседателот Моиз


Националната полиција на Хаити денеска соопшти дека поранешниот сенатор Џон Џозеф е уапсен на Јамајка за вмешаност во атентатот на претседателот Џовел Моиз. Портпаролот на полицијата за американските медиуми изјави дека Џозеф се наоѓа во притвор, без да даде други детали за апсењето. Во меѓувреме, началникот на полицијата на Јамајка, Стефани Линдзи, за американските медиуми […]

Лазаров: Направивме безброј грешки


Селекторот Кирил Лазаров истакна по вечерашниот натпревар против Црна Гора на Европското првенство во Дебрецин дека поразот на македонската репрезентација е апсолутно заслужен и се темели на големиот број технички грешки во редовите на „црвено – жолтите“. – Направивме толку многу грешки, што не можевме ниту да ги изброиме. Едноставно сè се случуваше како на филм. Играчи, кои играат во силни […]

Регистрирани нови 1.635 случаи на КОВИД-19 од 7.564 тестирани, девет лица починаа


Регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19 од направени 7.564 тестирања во последните 24 часа. Починати се девет лица, сите во болнички услови, а оздравени се 1.276 пациенти, соопшти Министерството за здравство.   Од новите случаи на КОВИД-19, најмногу има во Скопје – 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78, Кичево – 47, Кавадарци […]

Македонските ракометари поразени од Црна Гора на ЕП


Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство во Дебрецин, откако вечерва во второто коло од групата А загуби од Црна Гора со 28:24 (17:16). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа далеку под очекувањата и постојно резултатски заостануваа зад противникот, а во клучните моменти од натпреварот фантастичен беше и црногорскиот голман Небојша […]

Во Собранието заврши расправата за избор на новата влада, седницата продолжува утре напладне


Во Собранието вечерва заврши расправата за избор на новата влада. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поединечните предлог-имиња во новата влада се доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува, а од владејачките партии, пак, сметаат дека се реализирани сите ветувања. Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре во 12 […]