Киднаперот од синагогата во Тексас бил британски државјанин


Британското Министерство за надворешни работи потврди дека човекот кој зеде заложници во синагогата во градот Колвил во Тексас е британски државјанин. За тоа индиректно сведочи фактот дека напаѓачот зборувал со силен британски акцент. Киднаперот, кој во синагога во Тексас зеде четири лица за заложници, мешу кои и рабин, беше ликвидиран од безбедносните сили. Никој од […]

Регистрирани нови 1.348 случаи на КОВИД-19 од 6.141 тестирани, починаа осум лица


Во последните 24 часа, регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19 од направени 6.141 тестови. Евидентирани се осум починати лица и 784 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новозаразените, од Скопје се 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и […]

Петков за БТВ: Во Бугарија нема македонско малцинство


Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури […]

Меџити нема да гласа за новата влада


  Пратеникот од ДУИ, Изет Меџити, е надвор од земјата и нема да гласа за новата влада на Димитар Ковачевски.    Претходно Меџити се спротивстави на изборот на експремиерот Зоран Заев и неговиот лидер Али Ахмети во владата на Заев дека за министри се предложени Артан Груби и Бујар Османи, но тогаш по разговор со лидерот […]

Велковски во Собранието: Словенија и Црна Гора се позадолжени од нас


ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лаги за висината на јавниот долг, за реализација на домашните капитални и странските директни инвестции, порача во реплика пратеникот од СДСМ, Диме Велковски.  „Анализата на јавниот долг изработена од Парламентарната буџетска канцеларија вели дека јавниот долг не е над Мастришкиот договор, туку тој изнесува 59,3 осто. За споредба Словенија има 84 […]

Во Собранието втор ден расправа, до полноќ треба да се гласа за избор на новата влада


 Спротивставени мислења делат пратениците од опозицијата и од владејачките партии и на денешната расправа во Собранието за избор на новата влада. Според опозицијата, владините кадри се докажани само по својата корумпираност и непрофесионалност, а народот е уморен од ниски плати, високи давачки и погубни политки. Владејачките партии, пак, остануваат на ставот дека оваа влада го […]

Германската министерка за Европа, Ана Лирман, утре во Македонија


  Еден ден пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје германската министерка за Европа, Ана Лирман, ќе има разговори со македонското раководство. Посетата доаѓа и десетина часа по изборот на новата влада. Лирман пред еден месец, само неколку дена по изборот на новата германска влада, имаше средба со вицепремиерот за европски интеграции Никола […]

Лазаров: Прифаќам критика, но убеден сум дека сме на добар пат


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, застана во одбрана на своите избраници и покрај двата пораза на стартот на Европското првенство. Лазаров верува во младите и очекува нивниот квалитет допрва да дојде до израз. – Уште од моето доаѓање на селекторската функција знам која ни е целта. Поразот од Црна Гора боли, но сакам […]

СЗО: Испорачана милијардитата вакцина од програмата Ковакс


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти  дека досега има испорачани една милијарда дози во рамките на програмата Ковакс. Од СЗО предупредуваат дека оваа бројка треба да биде пресвртницата и „потсетник за тоа колку останува да се направи“, по акумулацијата на залихите на вакцини во богатите земји, пренесуваат американските медиуми. СЗО прецизираше дека во вчерашната […]

Десетто издание на Меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2022“


„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде во фокусот на дискусиите на десеттата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“ што од утре ќе се одржува во Охрид. На собирот, организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето […]

Апасиев ја обвини ДУИ дека води башибозук-демократија


  Редица обвинувања за либанизација на Македонија, рамковна тиранија на малцинството во државата и потценување на сите кандидати за министри (освен Никола Тупанчевски) изнесе Димитар Апасиев од Левица при расправата за новата влада. Тој го праша мандатарот Димитар Ковачевски зошто останал Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, а при тоа ги наведе Славјанка Арсовска (иден […]

Бугарскиот амбасадор во САД ги игнорира конгресмените околу Македонија


  Бугарскиот амбасадор во Вашингтон Тихомир Стојчев се` уште не одговорил на писмото што 13 американски конгресмени му го испратија во ноември минатата година, а со кое ја повикаа Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. Една од потписничките на писмото, републиканската конгресменка од Њујорк Клаудија Тени, […]

Форбс: Наоми Осака е спортистка со најголема заработка


САД- Листата на најплатени спортистки доста се разниша. Има некои редовни, но се појавија и некои нови лица, кои покажуваат дека жените заработуваат големи пари на и надвор од теренот  благодарение на партнерствата и поддршката од големите брендови. Според Форбс, тенисерката Наоми Осака се најде на првото место со заработка од 57,3 милиони долари за […]

Вучиќ: Пресудата за Ѓоковиќ е дел од светскиот лов на вештерки


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека одлуката за укинување на визата за тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата депортација од Австралија е политичка и лов на вештерки и дека на тој начин австралиската влада сама се понижила. „Тие мислат дека со таа одлука го понижиле Новак Ѓоковиќ. Тие се понижија, а Ѓоковиќ може […]

Нино Черути, италијанскиот иноватор на машка облека, почина на 91 година


Италија– Почина Нино Черути, италијанскиот моден дизајнер заслужен за револуција во машката облека во 1960-тите , кај кого го учеше занаетот и младиот Џорџо Армани, објавија италијанските медиуми во саботата. Тој имаше 91 година. Черути почина во северозападна Италија, каде што неговото семејство управуваше со текстилна компанија од 1881 година, објави италијанската новинска агенција LaPresse. […]

Ѓоковиќ ќе ги плати трошоците на процесот и отштета од 500.000 долари


Откако заврши сагата на Новак Ѓоковиќ во Австралија, најавено е дека српскиот тенисер ќе ги сноси сите трошоци, а ќе треба да плати отштета од 500.000 долари. Исто така, Новак се соочува со тригодишна забрана за влез во земјата, но постои можност тоа да не се случи. Тамошните медиуми пренесуваат дека тоа не значи дека […]

Бројот на новозаразени во Австралија првпат во последните пет дена под 100.000


Австралија – Дневниот број на заразени со Ковид-19 во Австралија денеска опадна под 100.000, прв пат во псоледните пет дена, а официјалните лица веруваат дека бранот од омикрон сојот се приближува до својот врв во Нов Јужен Велс, најтешко погодената земја на континетот. Австралиските власти во изминатите 24 часа регистрираа вкупно 85.824 случаи на инфекција, што […]

Фенди ги предводи трендовите во Милано со женствени силуети за мажи


Италија – Се чини дека дизајнерите на миланска машка облека одлучија за одговорот, но останува прашањето: Дали пандемиските заклучувања ги охрабрија мажите да прифатат поженствена силуета, вклучувајќи здолништа, мини фустани и капути? Модната недела во Милано со прегледи за следната зима и есен продолжи вториот ден во саботата, при што гостите уживаа во пандемиската норма […]

Цунамито во Јапонија преврте и во океанот однесе 20 бродови (видео)


Цунамито, што се формира по подводната ерупција на вулакнот Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи, ноќеска оштетило најмалку 20 бродови во пристаништата во префектурите Токушима и Кочи, во западна Јапонија, јави NHK. Бродовите биле превртени и однесени во океанот, јавуваат медиумите. Првичните информации говореа за пријавени 10 оштетени јапонски бродови. Околу 230.000 Јапонци, кои живеат во областите долж брегот на […]

Песков за Си-Ен-Ен: Русија и Западот се на различни колосеци


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за Си-Ен-Ен, кажа дека Русија, од една страна, и САД и НАТО, од друга страна, се на многу различни колосеци, што е причина за загриженост. Извадоци од интервјуто синоќа беа цитирани од агенцијата Блумберг. -Има одредено разбирање меѓу нас. Но, генерално, во принцип, сега можеме да кажеме дека […]