Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација


Австрија– Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се предвидуваат и високи казни за оние кои ќе одбијат, изјави австрискиот канцелар, Карл Нехамер, додавајќи дека е свесен за чувствителноста на првата ваква одлука во Европа која создаде поделби во општеството. „Како што е […]

Австралија ќе ја признае руската вакцина Спутник V


Австралија– Австралиската администрација за терапевтски производи (ТГА) и препорача на австралиската влада да ги признае вакцинациите со руската вакцина Спутник V кај странските државјани кои пристигнуваат во земјата. „TГA посочува дека вакцината против Ковид-19 од рускиот Гама центар Гамалеја Спутник V ќе биде призната како потврда на статусот на вакцинација на патниците кои пристигнуваат“, се […]

Столтенберг: НАТО нема да ги повлече војниците од земјите кои се приклучија по 1997 година


Белгија– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за канадскиот телевизиски канал СВС ги објасни клучните позиции на Алијансата во однос на односите со Русија. – НАТО не може со сигурност да каже какви се намерите на Русија во ситуацијата околу Украина. Може да има промена во плановите. Значи постојат шпекулации за ова прашање, но нема […]

Ковачевски ќе ја преземе од Заев премиерската функција


Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се изврши примопредавање на функцијата и кабинетот помеѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Тој посочи дека не се […]

Германската министерка за Европа, Ана Лирман во посета на Македонија


Министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Според агендата, министерката Лирман ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а потоа ќе оствари средба со владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, по што следуваат и две билатерални средби со […]

Бројот на активни случаи од 1 јануари зголемен за 11.000, процентот на позитивност викендов околу 22


Од почетокот на јануари 2022 година до вчера, за 16 дена, бројот на активни случаи се зголемил за над 11.000. Ако на 31 декември 2021 година, бројот на активни случаи беше 5.006, вчера тој изнесуваше 16.132. Процентот на позитивност за време на викендот е околу 22 процент. Во претходното деноноќие беа регистрирани 1.348 нови случаи […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 17 јануари 2022 година, 17-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 348 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 28 минути. Денов трае 9 часа и 29 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Кој е кој во новата Влада


  Владата на Ковачевски брои 21 член – од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП. Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентрано мнозинство и припадна на Алтернатива. Во продолжение следуваат куси биографии на премиерот Ковачевски и […]

Избрана владата на Димитар Ковачевски, тој ја повика опозицијата на соработка


  По дводневна дебата, во која немаше толку жестоки настапи како во претходните вакви случаи, Собранието вечерва ја избра новата македонска влада, чиј премиер е Димитар Ковачевски, а во која освен СДСМ заедно со коалицијата околу него и ДУИ, влезе и Алтернатива. За новата влада гласаа 62 пратеници, а против 46. Немаше воздржани. Пред гласањето […]

Милошоски ја искритикува власта за амбасадорите што тој ги блокира


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на расправата за изборот на новата влада ја критикуваше надворешната политика на претходната и притоа ја обвини дека е единствена во историјата на Македонија во чие време четири години нема амбасадор во најважната дестинација – Вашингтон. Инаку, голем број на амбасади стоеја или се уште стојат празни со години токму […]

Селотејп коалиција, памфлет програма, биографии како флаери…


Селотејп коалиција, програма памфлет, биографии како флаери…Ова се некои од описите што ги употребија пратениците на  опозицијата натпреварувајќи се кој повеќе и на поинвентивен начин ќе го издевалвира новиот владин кабинет за кој треба да се гласа вечерва, место да се спротивстават со аргументација за предложените политики или кадри. И попладнево се верглаше истата теза, […]

Над 80 милиони жители на САД погодени од ледена бура и обилни снежни врнежи


Силна зимска бура почна да „сече“ низ делови од југоисточниот дел на САД во неделата, проследена со замрзнат дожд, мраз и снег во градовите и државите кои вообичаено не се соочуваат со такви студени временски предизвици. Зимските временски предупредувања се протегаат низ источниот дел на САД – на 1.400 милји од Мисисипи до Мејн, област […]

Бучковски: Ниту еден македонски Бугарин не сигнализирал дека е дискриминиран


Во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментира дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Северна Македонија е договорот од 2017 година. Според Бучковски, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји.  Во однос на инфраструктурата, според Бучковски, Македонија има направено […]

Израелска лекарка ги обвини здравствените власти за преувеличување на стравот од омикрон


Одговорот на Владата на Израел на омикрон варијантата на коронавирусот предизвика контроверзии меѓу здравствените власти, јавува Анадолија. Во објава на официјалната Фејсбук страница на болницата Ичилов, др. Идит Матот, директорка на Одделот за анестезиологија, интензивна нега и болка, ги обвини израелските здравствени власти за преувеличување на стравувањата од варијантата омикрон. „Во последниот месец видовме дека омикрон […]

Како Силјановска-Давкова си го нарушува легитимитетот со тврдењата за владиниот легитимитет


  Има или нема предложената влада на Димитар Ковачевски легитимитет во Собранието е едно од клучните прашања за кои пратениците на опозицијита и власта дебатираат викендов во Собранието. Од политичка гледна точка за стекнување предност во тоа нема ништо невообичаено, ниту лошо. Прашањето е како тие ставови ќе се претстават и поткрепат. Несомнениот уставен експерт, […]

Зошто Србија засекогаш ќе го сака Новак Ѓоковиќ


  Новак Ѓоковиќ можеби изгуби поддржувачи ширум светот, но никогаш нема да ја изгуби Србија. Невакцинираниот тениски шампион не успеа во својата последна жалба во неделата против депортацијата од Австралија поради јавно здравје, во случај што предизвика длабоки, заштитнички чувства во неговата родна земја. „Како премиер на Србија, не сум среќна“, рече премиерката Ана Брнабиќ […]

Каде е Нурсултан Назарбаев, долгогодишниот лидер на Казахстан


  Ова е прашањето кое сѐ повеќе итно го поставуваат разузнавачките служби, мултинационалните компании и повеќето граѓани на Казахстан: каде е Нурсултан Назарбаев? Водачот на Казахстан од 1991 до 2019 година, Назарбаев долго време беше арбитер на сите деловни и политички одлуки во централноазиската држава и градител на сеопфатен култ на личноста. Во 2019 година, […]

Италија: Полицијата уапси медицинска сестра која им ставала лажни вакцини на антиваксери


  Италијанската полиција уапси медицинска сестра во Палермо бидејќи наводно се преправала дека дава вакцини против ковид на антиваксери за да можат да имаат корист од официјалните здравствени сертификати за патување и пристап до барови, ресторани и јавниот превоз во земјата. Инспекторите користеле скриена камера за да ја снимат медицинската сестра, 58-годишна жена која работи […]

Утре променливо облачно, во западните делови повремен дожд и снег


Времето утре ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието […]