Ристова од СДСМ и Меџити од ДУИ не гласаа за новата Влада


  На гласањето за новата Влада на Димитар Ковачевски не беа присутни двајца пратеници од владејачкото мнозинство, Лолита Ристова од СДСМ и Изет Меџити од ДУИ. Тоа беше повод да реагираат од ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи дека и новото парламентарно мнозинство на СДСМ е нестабилно како и претходното, бидејќи гласаа само 62 пратеника. Освен Изет Меџити кој […]

Приватен судија ќе ги разведува Шон Пен и Лејла Џорџ


САД– Шон Пен и Лејла Џорџ го презеле невообичаениот чекор да ангажираат приватен судија при нивниот развод. Во судските документи добиени од PEOPLE, отуѓената двојка побарала да го назначи судијата Скот Гордон како нивни приватно обештетен привремен судија, откако Џорџ (29) поднесе барање за развод од 61-годишниот Пен во октомври. Како дел од договорот, Пен […]

Пендаровски со Лирман: Јасна е посветеноста на Германија за евроинтеграцијата на регионот


Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Лирман, државна министерка за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.Честитајќи ѝ за преземањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека посетата на министерката Лирман набрзо по нејзиното именување, ја демонстрира јасната посветеност на германските власти за аспирациите на државите од Западен Балкан за членство во […]

Селин Дион ја откажа светската турнеја поради здравствени проблеми


САД– Познатата канадска пејачка Селин Дион објави дека го откажува остатокот од светската турнеја, „поради сериозни здравствени проблеми“, пренесе Си-Ен-Ен. Станува збор за вкупно 16 откажани концерти. – Се надевав дека ќе закрепнам, но изгледа дека морам да бида потрпелива и да го следам режимот што ми го препорачаа лекарите, напиша Дион на својот интернет-простор, додавајќи […]

Дневен хороскоп за 17. 01.2022


Дознајте каков ден ви одредиле ѕвездите! Овен Ќе мора да ги одложите деловните планови на кои внимателно работевте подолго време. Не грижете се, тоа е добра вест. Во спротивно, сè ќе пропадне. Негувајте ја вашата кожа. Бик Избегнувајте ненадејни изливи на љубомора при средба со саканата личност. Некој има се поголемо влијание врз вашето емоционално […]

Имотот на Принс проценет на 156 милиони долари


САД– По шест години правни кавги, сите страни се договорија за вредноста на имотот на легендарниот пејач Принс. Службата за внатрешни приходи и администраторот на имотот, Comerica Bank and Trust, се согласија на вредност од 156,4 милиони долари, бројка што наследниците на имотот исто така ја прифатија, според Star Tribune од Минесота. Конечната проценка го […]

„Мајкрософт тимс“ ја воведе опцијата „воки-токи“


САД – „Мајкрософт“ воведе нова опција на својата апликација „Тимс“, наречена „воки-токи“ (Walkie Talkie). Се работи за новитет што им овозможува на корисниците „да го претворат“ својот паметен телефон или таблет во поделотворен подвижен уред за комуникација што работи преку мобилна или ви-фи мрежа. Оваа функција беше најавена пред две години. Во септември 2020 година се […]

Секоја одлука ја носевме исклучиво во интерес на здравјето и заштита на граѓаните, вели Филипче


Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во денешното видео обраќање истакнува дека му било чест и задоволство во изминатите четири години да им служи на граѓаните заедно со кои, како што посочува, поминале многу во историски најтешкиот период за македонското здравство, а поддршката која ја добивале им давала сила да продолжат напред и да ја […]

Ковачевски и членовите на Владата на прием кај Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими премиерот  Димитар Ковачевски и членовите на Владата. Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата. Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ […]

Актерите Џеф Голдблум и Кајл Меклахлан манекени на Прада во Милано


Италија– Џеф Голдфблум и Кајл Меклахлан докажуваат дека модата не е само млада игра. Актерите ветерани прошетаа по пистата во неделата за ревијата на машка облека на Прада 2022 година на модната недела во Милано, заедно со водечките холивудски мажи Томас Броди-Сангстер, Аса Батерфилд, Демсон Идрис, Том Мерсиер, Џејден Мајкл, Луис Патриџ, Ештон Сандерс и […]

МСУ стана членка на единствената глобална мрежа експерти од музејската дејност – CIMAM


Музејот на современата уметност – Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност – CIMAM, во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност. „МСУ – Скопје стана дел од фамилијата на CIMAM! Напорната работа, исклучителната посветеност и грижа за колекцијата, излегувањето […]

„Галантна Индија“- концерт во Филхармонија со американската виолинистка Силверштајн


Во четврток (20.01), во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона, насловен „Галантна Индија“. Диригент е маестро Габриел Бебешелеа, а како солистка ќе настапи Елишија Силверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр.9 од Жозеф Болоњ (Шевалие де Сан […]

Дел од проблемот со дебелеењето се должи на ДНК-та на човекот


Англија– Науката со години тврди дека вишокот килограми не е предизвикан само од недостаток на дисциплина и прејадување. Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон, пак, сега открија десетици делови од човечката ДНК кои влијаат на метаболизмот, што игра клучна улога во губењето килограми. Ова е втора студија за кус временски период што укажува на истиот овој […]

Петков : Да ги засукаме ракавите и да работиме заедно


Со еден конструктивен дијалог да одиме напред затоа што за мене добрососедството е од огромна важност за Бугарија, за Република Северна Македонија и за целиот балкански регион, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за МИА во пресрет на неговата утрешна посета на Скопје. – Навистина верувам дека колку повеќе работиме заедно, колку поголема поврзаност […]

Шест тајни за долговечност на Јапонците


Јапонија – Во Јапонија неодамна беше спроведено истражување со цел да се утврдат причините за долговечноста кај најстарите Јапонци. Беа идентификувани шест причини. Областа Окинава се нарекува „сина зона“ – онаму каде што луѓето живеат долго. Животот до 100 години на овој остров е двојно почест отколку на другото копно на Јапонија. Првата тајна за тоа […]

Ковачевски ја презеде од Заев премиерската функција


Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово во ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата. Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани. Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината […]

Семејството Бајден волонтираше во Филаделфија по повод Денот на Мартин Лутер Кинг 


САД – Американскиот претседател Џо Бајден заедно со сопругата Џил синоќа беа во Филаделфија и работеа неколку часови како волонтери во организација за донации на храна, по повод празникот Мартин Лутер Кинг, кој денеска се одбележува во САД.  Патувањето беше во позадина на повиците на претседателот Конгресот да го усвои законот за избирачки права и да […]

Перо Антиќ: Спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите


Во интервјуто за МИА првиот човек на Кошаркарската федерација одговара на повеќе прашања поврзани со актуелните проблеми, настапот на нашите репрезентативни селекции во квалификациите за Европското првенство и Светскиот куп, состојбата со клупската кошарка, но одговара и на озборувањата и шпекулациите дека се подготвува смена на ракoводството на КФСМ, кои ги отфрла како дрска игра […]

Најстудено во Берово -10, на Шапка 36 сантиметри снег, во Маврово 13


Најстудено утрово е во Берово со -10 и во Скопје и Битола со -8. Во Крива Паланка, Демир Капија, Струмица се измерени -7, во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово -6, Гевгелија -5, во Охрид, Крушево, Дојран, и Попова Шапка -2, а во Маврово -1. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 36 сантиметри, во Маврово […]

Охрид домаќин на меѓународна научна конференција за туризмот и културата


„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде фокусот на дискусиите на десетата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“, што од денеска ќе се одржува во Охрид. На собирот организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето на […]