Петков за БТВ: Во Бугарија нема македонско малцинство


Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури и не може да се водат дискусии. Нашата влада таа тема нема да ја постави за разговори или за што и да било, одговори бугарскиот премиер Кирил Петков, на прашањето на новинарката на бугарската телевизија БТВ за тоа дали бугарската влада разговарала со амбасадатата на САД за признавање на македонско малцинство на територијата на Бугарија.

Тој за неговата претходна изјава дека дава период од шест месеци за да се заврши работата меѓу Бугарија и Македонија рече дека никогаш не навел точен рок за едно или друго решение.

„Ова треба да биде во функција само со резултат врз основа на овие работни групи. РСМ ќе влезе во ЕУ кога позицијата на Бугарија ќе биде усогласена. Сакаме Бугарите таму да бидат вклучени во нивниот Устав“, изјави Петков и во врска со компромисите на кои Бугарија е подготвена да ги направи рече дека може да биде иницијатор за пуштање на авио линијата Софија-Скопје како прв чекор.