Апасиев ја обвини ДУИ дека води башибозук-демократија

Лидерот на Левица уште ја обвини ДУИ дека вовела апартхејд во Македонија


З

 

Редица обвинувања за либанизација на Македонија, рамковна тиранија на малцинството во државата и потценување на сите кандидати за министри (освен Никола Тупанчевски) изнесе Димитар Апасиев од Левица при расправата за новата влада.

Тој го праша мандатарот Димитар Ковачевски зошто останал Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, а при тоа ги наведе Славјанка Арсовска (иден министер за одбрана) и Славица Грковска (иден вицепремиер за дигитализација) како дел од структурите на МВР. Јована Тренчовска, според него, станала министерка за социјална работа само поради тоа што обезбедила покривање преку Инспекторатот за труд на скафандерот на Бисера Костадиновска-Стојчевска. А најголем успех на Костадиновска-Стојчевска ѝ бил што била преведувач на Ерван Фуере и Нано Ружин.

Тој уште ги обвини Артан Груби и Бојан Маричиќ дека биле „паднати ангели“ на Сорос, кои сега биле цицачи на новиот хибриден режим.

Но она што предизвика нелагодност во салата беа неговите критики на ДУИ. Според Апасиев, ДУИ е главниот актер за „либанизација на Македонија“, за „рамковна тиранија на малцинството и воведување башибозук-демократија“. Апасиев уште ја обвини ДУИ дека вовеле апартхејд во Македонија со тоа што елиминарел елементарен контакт меѓу младите Македонци и Албанци.  

На репликата на Арбер Адеми од ДУИ кој ги негираше неговите ставови, Апасиев одговори дека во салата треба да го зборуваат македонскиот јазик затоа што тој не користел слушалки и поради тоа не знае ни што зборувал.